Следете не

Временска прогноза

Од следната седмица конечно пораст на температурите, но во некои региони нестабилното време проследено со дожд и ретки грмежи ќе продолжи

Објавено пред

на

Во текот на следната седмица, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ и истата ќе услови релативно високи пролетни температури на воздухот, и тие речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 20 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие очекувам да се искачат до околу 25 степени.

И во Скопскиот регион во текот на следната седмица ќе имаме значително потопло време со температура која ќе надминува 20 степени. Повремено ќе засилува и ветерот од јужен и од југоисточен правец, како во Скопје и околината, така и во останатите предели од нашата Македонија.

Сепак времето ќе биде променливо облачно и не во целост стабилно, па така повремено и локално ќе има врнежи од дожд кои локално би можеле да бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Во текот на следната седмица услови за повремен локален дожд ќе има и во Скопскиот регион, пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Pedro Romero

За време на овој викенд денес сабота и утре недела, во Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе имаме значително поладно време, со температури кои ќе се спуштат во интервалот од 1 до 8 степени, додека на повисоките и на планинските места температурите очекувам да се спуштат и за некој степен под нулата. Особено на повисоките населени места и на планините ќе има и појава на слаб утрински мраз.

– Преку денот пак времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само локално ќе има услови за краткотраен дожд. Максималните дневни температури пак ќе бидат во постепен пораст, па така тие, особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме многу слично време како и во другите делови од Македонија, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / marckleen

Значително количество на дожд до вечерва во 20 часот наврна на многу места ширум Македонија. Сепак најмногу дожд наврна во Крушево, и тоа 28 литри на метар квадратен и во Охрид 24 литри дожд на метар квадратен.

На табелата можете да ги погледнете температурите измерени вечерва до 20 часот по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен, и тоа на мерните станици на УХМР, пренесува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дожд на секаде во Македонија, ова се последните метео информации

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на голем влажен Медитерански воздушен бран, веќе насекаде во Македонија имаме обилни врнежи од дожд, а температурите полека се повеќе опаѓаат.

Обилните врнежи ќе продолжат во текот на целиот денешен ден (петок 16 мај) се до ноќните часови кон утрешниот ден сабота (17 мај).

На повеќе места ќе наврне значително количество на воден талог (над 20/30 литри дожд на метар квадратен, локално над 40 литри дожд на метар квадратен). И во Скопје  и околината за време на овој период ќе има пообилни врнежи од дожд.

Во исто време од север  и од североисток ќе ни се спушта многу поладен воздух, кој и понатаму ќе ги спушта температурите на воздухот и тие ќе бидат значително потпросечни за средината на месец мај. Поради падот на температурите на воздухот, на планините над 1400/1500 метри надморска височина, особено во северозападните  и во западните предели од Македонија ќе има врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка, во дел од планините и со висина од над 10 cм снег.

Да напоменам дека поради обилните врнежи, можно е зголемување на нивоата на реките  и на езерата во Македонија, а исто така, можни се  и локални поплавувања. Апелирам, граѓаните да бидат многу внимателни, особено ако се движат покрај реките и водотеците, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 минути

Граѓани пријавуваат дека се без електрична енергија

Утрово после 5 часот граѓани до нашиот медиум упатуваат пораки дека нивниот регион нема електрична енергија. Според исказите, електрична енергија...

На денешен ден7 часа

Времеплов: На денешен ден (18 мај)

Култура и уметност 1799 – Смртта на Пјер Бомарше, драматург чија работа инспирирала класични опери како „Севилскиот бербер“ (Росини) и...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за недела (18 мај)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Македонија16 часа

ОВР Делчево, ДПИ и ДЗС со акциска за угостителски објекти, пронајдена е нерегуларност

На 17.05.2025 година од страна на СВР Штип/ОВР Делчево во содејство со Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и...

Кичево18 часа

(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“

Во четвртокот во 18:00ч се одржа третиот по ред протест пред општинската зграда во Кичево, овој пат на кеј. –...

Македонија21 час

Кумановец управувал возило со 3,46 промили алкохол во крвта

На 16.05.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од с.Долно Којнаре, кумановско. При...

Временска прогноза1 ден

Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени

За време на овој викенд денес сабота и утре недела, во Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе...

На денешен ден1 ден

Времеплов: На денешен ден (17 мај)

Светот виден во рубриката „На денешен ден“ за 17-ти мај 🎨 Култура и уметност 1510 – Смртта на Сандро Ботичели,...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (17 мај)

ОВЕН Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да...

Временска прогноза1 ден

Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски

Значително количество на дожд до вечерва во 20 часот наврна на многу места ширум Македонија. Сепак најмногу дожд наврна во...

НАЈЧИТАНИ