Временска прогноза
Од следната седмица се очекува снег на високите места во Македонија

Под влијание на уште постудена воздушна маса од север, почетокот на следната седмица ќе донесе уште пониски температури на воздухот за разлика од сегашните, а ќе има и повеќе облачност.
Особено во понеделник ќе има и повремени локални врнежи од дожд на ниските места, додека на планинските и повисоките места ќе има повремен снег, со можност за формирање на тенка снежна покривка. Не се исклучува можноста по некоја снегулка да провее и на помала надморска височина (под 1000 метри надморска височина), па така услови за провејување на првите снегулки за оваа сезона во понеделник ќе има во повисоките населени места.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.
И во Скопскиот регион во почетокот на следната седмица ќе биде постудено, а во понеделник ќе има услови за повремен локален дожд.
Што се однесува до температурите, наутро тие во почетокот на следната седмица ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 6 до 15 степени во најтоплите југоисточни предели, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Викендот посвежо со повремено засилен северен ветер и без дожд

Под влијание на стабилна, сува и малку посвежа воздушна маса од север и од североисток, за време на викендот (сабота и недела 21/22 јуни) ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе опаднат за 3 до 4 степени во споредба со сегашните.
Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Наутро ќе биде посвежо со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 13/14 степени, а максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.
И во Скопје и околината за време на викендот повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, предмалку информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре постепена дестабилизација на времето, ова се метео информациите

Поради продор на поладен воздух од север на висина, од утре (вторник 17 јуни) во Република Македонија ќе дојде до постепена дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација, ќе имаме повеќе облачност, особено во попладневните и во раните вечерни часови.
Локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност. Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме со појава на град, електрични празнења и силен ветер.
И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие нема многу да се менуваат, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, што значи ќе бидат релативно пријатни и нема да бидат премногу високи.
Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 34/35 степени, денес истакна метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Вчерашната и претстојната ноќ значително по свежи со слаб северен ветер

Во текот на претстојната ноќ во Македонија времето ќе биде ведро со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Исто така оваа ноќ ќе биде значително посвежа за разлика од изминатите ноќи, а и утрешното утро (недела 15 јуни) ќе биде свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени.
Во Скопје и околината минималната температура до утре (недела 15 јуни) ќе се спушти до околу 14 степени.
Попоски додава: Најава за екстремно топол бран и понатаму немам, што значи продолжува умерениот топол бран од Африка, со попријатни температури преку ден кои ќе бидат без поголеми промени, но и свежи ноќи и утра со пониски температури, заврши Славчо Попоски
-
Lifestyle1 ден
Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (19 јуни)
-
Македонија11 часа
Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за петок (20 јуни)
-
Македонија1 ден
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода
-
Скопје1 ден
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице
-
Скопје8 часа
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот
-
Спорт5 часа
Мбапе итно хоспитализиран, клубот ја соопшти причината зошто „голгетерот“ не беше во план против Ал Хилал