Следете не

Временска прогноза

Од среда драстично заладување на времето, ова се најновите метео вести

Објавено пред

на

Под влијание на нов поларен, но сув воздух, од среда 19 февруари, па во деновите потоа ќе имаме разведрување на времето, како и исклучително ниски температури на воздухот, особено наутро кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места тие ќе се спуштаат до близу, па и под -10 степени, додека во Беровскиот регион, на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри, тие ќе се спуштат до, па  и под -15 степени.

Преку денот пак исто така ќе биде ладно, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7/8 степени во југоисточните предели од нашата Република Македонија.

Што се однесува до Скопскиот регион, со овој поларен бран, наутро температурите ќе се спуштаат до околу -7/-8 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат до околу 5/6 степени.

Токму поради овој продор на поларниот воздух кај нас, насекаде ќе имаме појава на силен мраз, особено во ноќните  и во утринските часови, утрово истакна Славчо Попоски

Временска прогноза

Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме

Објавено пред

на

Денес (вторник 18 март), особено во претпладневните часови и во западните  и во југозападните предели ќе има врнежи од снег кои повремено ќе бидат пообилни и ќе се формира снежна покривка. Во дел од градовите со висина до околу 10 cм снег, додека на планините и на Скијачките центри таа ќе биде поголема.

Во Скопје некои позначителни врнежи не се очекуваат.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу, па  и за повеќе од 20 степени пониски во споредба од оние кои ги имавме изминатиот период. Сето ова лошо се одразува на метеопатите, кај кои се можни поголеми здравствени проблеми, рано утрово не информираше  Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Најавеното невреме, проследено со дожд, грмежи, ветер но и снег доаѓа!

Објавено пред

на

Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни.

Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка.

Во попладневните часови од утрешниот ден (понеделник 17 март) полека снежната граница од север и северозапад ќе се спушта се пониско.

И во Скопскиот регион утре (понеделник 17 март) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер, во вид на невреме. На околните планини, особено од попладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, во Скопје до околу 16/17 степени, меѓутоа, од попладневните часови и навечер тие забрзано и значително ќе опаѓаат, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски: На повидок потврда дека пред нас доаѓа нагла промена на времето

Објавено пред

на

Славчо Попоски предмалку објави првични информации за неверојатната нагла промена на времето која ни претстои.

Во првата метеоролошка карта, односно до среда (19 март) наутро на повеќе места во регионот, како и во Македонија, особено во западната половина од нашата Македонија ќе се формира снежна покривка, снег ќе има и во градовите.

Метеокарта (приказ)

Метеокарта (приказ)

Во втората метеоролошка карта, односно во среда наутро во Македонија појава на мразеви. Со овие прикази повеќе од сигурно се потврдува дека промената на времето ќе дојде сигурно.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Технологија2 часа

Шокантна измама во „Google Maps“: 10.000 лажни профили „демнеле“ жртви

Гугл откри шокантна измама на својата популарна апликација „Google Maps“, во која се вклучени повеќе од 10.000 лажни деловни профили....

Македонија6 часа

Министерството за здравство: „Ги следиме потребите на локалното население во Кочани, зајакнати се медицинските тимови и се на терен“

Министерството за здравство е во постојана комуникација со кочанската болница и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите...

Автомобили6 часа

Новата „Alfa Romeo“ покрај бензинските мотори за моделите „Stelvio“ и „Giulia“ пристигнува и хибридниот погон

Новата генерација на „Stelvio“ ќе има стандардни бензински варијанти, како и целосно електрична верзија. Пред неколку години, Стелантис рече дека...

Скопје8 часа

(ФОТО) На „Бит Пазар“ пронајдени и одземени 10,000 пиротехнички средства наменети за продажба

Денеска (20.03.2025), полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје....

Хроника8 часа

Странските медиуми со траорни фотографии и директни преноси известуваат од Кочани и покрај најострата и недвосмислена осуда на Владата!

Истакнатиот безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од трагедијата во Кочани денес сепак беше забележано...

Хроника11 часа

МВР ги овјави имињата на трагично загинатите во Кочани

Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во...

Македонија11 часа

ЗНМ со уште еден апел до колегите новинари кои известуваат од Кочани

ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи...

Кичево13 часа

В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани

Поради смртта на трагично загинатите во пожарот во Кочани, во сабота ќе се богослужи Заупокоена Литургија со почеток од 08:00...

Хроника13 часа

Ана Костадиновска за прв пат се огласи на фејсбук и прости од своето второ семејство

За прв пат после катастрофата во Кочани се огласи Ана Костадиновска, која е на домашно лекување, член на бендот и...

Скопје15 часа

МВР експресно ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје

На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не...

НАЈЧИТАНИ