Временска прогноза
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица

Во текот на новата седмица која е пред нас, особено пак од средината на истата па во деновите потоа, нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса од југ и во поле на висок воздушен притисок (Антициклон). Во ваква ситуација времето ќе биде сончево, повремено со сосема мала и локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината во текот на новата седмица не очекува стабилно, суво, сончево и многу потопло време, особено од среда.
Што се однесува до температурите, тие преку ден значително ќе пораснат како што и претходно кажав и максималните дневни температури од среда па во деновите потоа ќе се искачуваат во интервалот дури од 15 до 22/23 степени. Во Скопје пак температурата ќе се искачи до околу 20/21 степен.
Да напоменам дека утрата ќе бидат поладни, но не премногу, па така наутро температурите на повеќе места ќе се спуштат за некој степен под нулата, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност, од недела (23 март), а особено во текот на следната седмица (во периодот од 24 март па се до 30 март) ќе бидеме под влијание на длабок циклонски систем кој ќе се развие југозападно од нас, односно над Медитеранот. Во ваква ситуација, ќе имаме многу променливо, но релативно топло време со чести повремени врнежи од дожд.
Повремено и локално ќе има пообилни и поројни врнежи, проследени со грмежи и со засилен јужен ветер (над 60 км/час), а процесите повремено ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме. На повеќе места за време на овој период ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20/30 литри дожд).
И во Скопје и околината поради оваа циклонска активност, во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината повремено тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со повремено засилен јужен ветер.
Што се однесува до температурите, тие наутро насекаде ќе бидат над нулата, а максималните дневни исто така ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен, предмалку информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме

Денес (вторник 18 март), особено во претпладневните часови и во западните и во југозападните предели ќе има врнежи од снег кои повремено ќе бидат пообилни и ќе се формира снежна покривка. Во дел од градовите со висина до околу 10 cм снег, додека на планините и на Скијачките центри таа ќе биде поголема.
Во Скопје некои позначителни врнежи не се очекуваат.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу, па и за повеќе од 20 степени пониски во споредба од оние кои ги имавме изминатиот период. Сето ова лошо се одразува на метеопатите, кај кои се можни поголеми здравствени проблеми, рано утрово не информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Најавеното невреме, проследено со дожд, грмежи, ветер но и снег доаѓа!

Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни.
Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка.
Во попладневните часови од утрешниот ден (понеделник 17 март) полека снежната граница од север и северозапад ќе се спушта се пониско.
И во Скопскиот регион утре (понеделник 17 март) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер, во вид на невреме. На околните планини, особено од попладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, во Скопје до околу 16/17 степени, меѓутоа, од попладневните часови и навечер тие забрзано и значително ќе опаѓаат, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.
-
Македонија15 часа
Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика
-
Кичево2 дена
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани
-
Македонија1 ден
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Временска прогноза1 ден
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд
-
Култура18 часа
Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови
-
Спорт1 ден
Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати
-
Lifestyle2 дена
Оревите за појадок – тајната за здравје и брзо слабеење
-
Магазин2 дена
Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?