Временска прогноза
Од утре најава за нов влажен бран и почести дождови, ова се најновите метео вести
Стабилното и суво време во нашата држава нема многу долго да се задржи. Веќе утре и во среда во западните предели ќе има услови за повремен локален дожд со слаб интензитет.
Повремени врнежи од дожд на повеќе места ќе има во четврток. Токму од четврток влегуваме во период со МНОГУ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ. Барем според сегашните анализи ќе бидеме под влијание на серија на влажни воздушни бранови од запад кој повремено ќе условуваат ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд.
Повремено на повисоките планини ќе има и врнежи од СНЕГ, а овие денови ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, наутро пак истите веќе од среда ќе бидат насекаде над нулата.
Во Скопскиот регион исто така од четврток се очекуваат повремени врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 14 и 15 степени.
За порта.мк пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат значително над просекот за месец декември и тие ќе бидат повисоки од просечните за декември за околу па дури и за повеќе од 10 степени.
Ветерот ќе ја намали својата брзина следните денови и ќе биде претежно тивко. Наутро и повторно во вечерните и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност и токму на овие места температурите преку ден ќе останат пониски.
Кога сме кај температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17/18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 или малку под 10 степени и тоа поради очекуваната магла и ниска облачност во Скопската колтината температурата ќе биде пониска за разлика од другите места во Македонија.
Наутро пак ќе биде релативно ладно и температурите на повеќе места ќе се спуштаат до близу 0 степени а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и за неколку степени под нулата особено на повисоките населени и на планинските места.
Кога сме кај вистинската зима и кај снегот, токму ова сценарио и понатаму го немаме на видик што значи дека за зима и за снег и понатаму ќе си чекаме, соопшти Славчо Попоски
-
Кичево6 часаВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Кичево10 часаФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп21 часХороскоп за петок (12 декември)
-
Временска прогноза1 денСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Македонија1 денПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
-
Магазин1 денГрешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот
-
Lifestyle1 денБез оцет, без сода бикарбона: Оваа евтина состојка навистина го отпушува мијалникот
