Следете не

Временска прогноза

Од утре нашиот регион ќе биде под дождлив бран уште од претпладне, додека истиот ќе се проширува и во вечерните часови – ова се најновите метео информации

Објавено пред

на

Под влијание на нов голем влажен воздушен бран од запад и од северозапад, утре (петок) од претпладневните часови од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд кои во попладневните и во вечерните часови ќе ја зафатат целата територија на Македонија. Локално и особено во западните предели врнежите ќе бидат обилни, и проследени со ретки грмежи. Локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30/40 литри дожд на метар квадратен), особено во западните предели.

Утре (Петок) во текот на денот и вечерта ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен и од југозападен, а потоа  и од западен правец (повремено и локално со брзина од над 80/90 км/час). Повторно апелирам да се избегнува граѓаните да ги ставаат своите автомобили во близина на дрвјата.

Поради продор на значително поладен воздух од север, ноќта петок кон сабота и во сабота (23.11.2024) претпладне најпрвин на повисоките места и на планините, а потоа  и во пониските места (градовите), и тоа особено во северните  и во западните предели од Македонија врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и се очекува формирање на снежна покривка, особено на планините  и на повисоките места, а мала снежна покривка е можно да се формира  и во градовите во северните и во западните предели од Македонија.

Во Скопскиот регион исто така утре (петок) ќе дува засилен до силен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во текот на денот и вечерта ќе започнат врнежи од дожд кои поради продор на значително поладен воздух од север, особено на околните планини и во повисоките предели од котлината ќе преминат во врнежи од снег. Не се исклучува можноста по некоја снегулка да провее и во пониските предели од котлината во сабота рано наутро и претпладнето (23.11.2024).

Од ноќта петок кон сабота, како и во сабота на 23 Ноември ќе дува силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70/80 км/час).

Што се однесува до температурите, тие утре (петок) ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека ноќта кон сабота значително ќе опаднат и во сабота наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 4 степени, додека максималната температура во сабота ќе се искачува во интервалот од 1 до 11 степени во најтоплите југоисточни предели.

Во сабота во текот на денот ќе имаме разведрување  и стабилизација на времето, па токму поради разведрувањето, во недела наутро ќе биде многу студено со умерени до јаки мразеви   и температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, информира Славчо Попоски.

Временска прогноза

Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Објавено пред

на

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.

И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.

Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.

Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.

– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде  и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Објавено пред

на

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.

Европските алпи се покриени со снег среде јули.

Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните  и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.

Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења  и со појава на покрупен град.

– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.

Што се однесува до температурите, тие  и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат  и 40 степени. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија54 минути

(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица

На 13.07.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под...

Македонија8 часа

Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство...

Кичево9 часа

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во сеќавање на својот прерано изгубен член, планинар и другар, Сашо Костадиноски, го организира Осмиот...

Кичево10 часа

Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!

На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево,...

Македонија11 часа

Приведен малолетник од Куманово, сакал да запали бакарни кабли

На 13.07.2025 во 12.50 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово, затоа што во место...

Македонија11 часа

МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите

Во деновите од изминатиот викенд (12./13. 07.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги извршуваат полициските службеници од сите...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за понеделник (14 јули)

Овен Веќе некое време се чувствувате како робот кој извршува една по една задача, време е да се посветите! Дневниот...

Хроника1 ден

МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот

Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (13 јули)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Кичево2 дена

(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!

Во рамки на денешниот ден во Кичево се реализира и 11-тата по ред „Мото Парада“ низ кичевските улици, во чест...

НАЈЧИТАНИ