Временска прогноза
Од утре нашиот регион влегува во нов подолг период на променливо време со чести врнежи од дожд

По краткотрајната стабилизација на времето која ја имаме, веќе од утре (петок) влегуваме во нов подолг период на променливо време со чести врнежи, додека поради продор на многу поладен воздух од север, температурите дополнително ќе опаднат и ќе бидат невообичаено ниски за овој период од годината.
Утре (петок) од запад ќе се прошират нови врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер. Локално се можни поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме. Утре (петок), како и во сабота ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).
Во сабота и во недела ќе има појава на повремен локален дожд, додека во текот на следната седмица и тоа под влијание на серија влажни воздушни бранови повремено ќе имаме пообилни врнежи од дожд. Поради падот на температурите, за време на викендот, како и во текот на следната седмица, не се исклучува можноста на највисоките планински места (над 2000 м.н.в) да има провејување и на првите снегулки за оваа сезона.
И во Скопскиот регион утре (петок) се очекуваат нови врнежи од дожд, а ќе дува и засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Во сабота и недела во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд, а во текот на следната седмица повремено ќе има пообилни врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите, тие наутро, но и преку ден ќе бидат невообичаено ниски за овој дел од годината. Наутро на многу места тие ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде и под 5 степени, а особено на повисоките и на високите планински места тие ќе се спуштаат и до околу, па дури и под нулата. Не се исклучува можноста за време на викендот, како и во текот на следната седмица во Македонија да се појави и првиот утрински мраз за оваа сезона, особено на високите и на планинските места.
Максималните дневни температури пак , од викендов, па и во текот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот претежно од 15 до 23 степени, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа снежен бран на високите места, најпрво ќе резултира со дожд со умерен интензитет

Во следните часови насекаде во нашата Република Македонија ќе имаме релативно ладно време, а повремено ќе дува и ветер од југоисточен правец со слаб до умерен интензитет. Времето насекаде низ државава ќе биде претежно облачно, а во југозападните и во западните предели ќе започнат послаби врнежи кои ќе бидат од дожд и од снег во градовите, додека во повисоките населени места, планините, и секако на Скијачките центри врнежите ќе бидат само од снег.
На поланините и на Скијачките центри снежната покривка малку ќе се зголеми.
И во Скопје и околината ќе имаме претежно облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Има послаби услови за слаб дожд или дожд и снег, особено на околните планини, каде ќе има услови за слабо провејување на снег.
Што се однесува до температурите, тие денес (12.2.2025 среда) ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени, само во југоисточните предели тие ќе се искачат до близу 10 степени, а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 5/6 степени.
Услови за послаби локални врнежи од дожд и од снег и претежно облачно време ќе имаме и утре (13.2.2025 четврток), а ќе продолжи релативно ладното време, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Ќе имаме повторно снег во месец февруари, ова се сите информации

Барем според од она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, е тоа дека кон средината на следната седмица од запад и од северозапад територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од влажен воздушен бран, кој со судирот на ладниот воздух кој е присутен кај нас и се спушта од истокот и од североистокот на Европскиот Континент ќе услови врнежи претежно од снег, а само локално во пониските места ќе врне дожд и снег, особено во Повардарието и во југоисточните предели од нашата Македонија.
На картата можеме да забележиме дека особено во западната половина од Македонија ќе се формира снежна покривка и во повеќето пониски места (градовите), иако истата ќе биде помала, а поголема снежна покривка ќе се формира на планинските места, а на Скијачките центри таа ќе се зголеми.
Во следните мои метео објави следува најнова детална анализа токму околу ова, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Нè очекува суво време со ниски температури

За време на овој викенд, и понатаму територијата на нашата Република Македонија ќе биде под влијание на ладната и сува воздушна маса која продира од источните и од североисточните предели на Европскиот Континент, што значи дека во ваква ситуација, ќе имаме сув студ, особено во ноќните и во утринските часови.
Времето ќе биде сончево, со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро по котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
Да напоменам само дека, особено во Беровскиот регион, планинските места, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри наутро температурата има можност да се спушти и до околу -10 степени, истакна Славчо Попоски.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време. Наутро температурата ќе се спушта до околу -3 степени, а преку денот таа ќе се искачува до околу 6 степени.
-
Кичево2 дена
„Супра Психолошкиот Центар“ во соработка со кичевската ПЗУ „Супра Медика“ организира бесплатно пријавување на луѓе за поддршка на болни од малигни заболувања
-
Кичево2 дена
Полициски службеници од ОВР Кичево одржаа едукативни работилници во ООУ „Санде Штерјоски“, на тема „Булинг и сајбер булинг“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (13 февруари)
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за петок (14 февруари)
-
Здравје и убавина12 часа
Киселини во желудник: Седум намирници за спас кои ја гасат „огнената“ болка
-
Временска прогноза2 дена
Доаѓа снежен бран на високите места, најпрво ќе резултира со дожд со умерен интензитет
-
Lifestyle2 дена
Како да се спречи губењето на колаген? 6 едноставни навики за поздрав изглед
-
Lifestyle2 дена
Прополис и топол пијалок – природен начин за чистење на белите дробови и синусите