Следете не

Временска прогноза

Од утре ноемвриско лето на секаде во регионот

Објавено пред

на

Како што најавивме, под влијание на јужно воздушно струење од утре па натаму ќе имаме ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите на воздухот и во следните денови максималните температури ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени. Уште потопло ќе биде за време на викендот, кога на некои места температурите ќе се искачат дуру до 25 степени.

Времето ќе биде променливо облачно и релативно суво со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

И во Скопскиот регион од утре температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 21 степен. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

/Славчо Попоски

Временска прогноза

Услови за појава на невреме, еве какво време нè очекува оваа недела

Објавено пред

на

До крајот на оваа недела и тоа особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и во следниот период истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 32 степени.

Во Скопскиот регион исто така во следните денови и тоа во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ.

Температурите ќе бидат нешто пониски и максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 32 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Многу топло со висок „УВ“ индекс, од недела засилен ветер, дожд и грмежи

Објавено пред

на

Продолжува периодот на МНОГУ ТОПЛО време со многу високи температури на воздухот и многу висок Ув – индекс. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а од недела па натаму повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Исто така во недела, како и во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.

Во Скопскиот регион времето ќе биде слично со температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 36 и 37 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Топлиот бран продолжува, каде во југоисточните предели температурите ќе се искачат до 40 степени, викендот можна нестабилност

Објавено пред

на

Продолжува МНОГУ ТОПЛИОТ бран од Африка во Македонија. Температурите ќе бележат тенденција на пораст, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите во следниот период насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат до околу 40 степени.

Во Скопскиот регион исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 35 и 37 степени.

Услови за изолирана попладневна нестабилност ќе има за време на викендот, а Ув – индексот и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност и ќе изнесува кофициент 9, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија1 час

Шест возачи на товарни возила и автобуси под дејство на алкохол во битолско

Денез во текот на утринските часови (10.08.2022) во периодот од 04.30 до 07.00 часот на тероторијата на СВР Битола спроведена...

Спорт7 часа

Реализирана „Судиска анализа“ на натпреварите од првото коло во првата македонска фудбалска лига, ова се констатациите од натпреварите

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 1 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот  Фк.Струга...

Временска прогноза7 часа

Услови за појава на невреме, еве какво време нè очекува оваа недела

До крајот на оваа недела и тоа особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно...

Хроника10 часа

Кај кичевското село Вранештица пронајден човечки труп по течението на река Треска – ова се деталите

На 09.08.2022 година во 14.10 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во атарот на кичевското село Вранештица, по течението...

Магазин10 часа

Игрите на Netflix се целосно промашени, помалку од 1% од претплатниците ги играат

Индустријата за видео игри е повредна од музичката и филмската индустрија заедно, и веќе е општо познато, па не е...

Магазин10 часа

Како да го стартувате Internet Explorer во Windows 11

Microsoft не предвиде употреба на Internet Explorer во Windows 11, спречувајќи некој да го користи овој прелистувач. Сепак, еден корисник...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за среда [10 август]

ОВЕН Денес ќе имате помали промени на работното место. Нема да ви биде лесно да ги остварите своите планови. Моментално...

Кичево23 часа

Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево

Според извори од Алфа Телевизија пациент од Кичево е првиот сомнителен случај со „мајмунски сипаници“. Според информациите до кои дојде...

Спорт1 ден

Младата репрезентација на Македонија на првиот контролен меч против Романија со нерешен резултат

Младата репрезентација на Македонија до 18 години денеска го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Романија....

Македонија1 ден

Важно известување за патниот правец Маврово-Галичник, поради градежни работи сообраќајот ќе биде со времен прекин во работни денови

Од АМСМ известуваат дека од денес 09.08.2022 до 20.08.2022 на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 поради изведување градежни...

НАЈЧИТАНИ