Следете не

Временска прогноза

Од утре нов влажен бран кој носи снег и дожд, ова се последните метео вести

Објавено пред

на

Како што беше најавено од наша страна, првиот снег за оваа сезона се спушти и на помала надморска височина, поточно се спушти и под 1000 м.н.в, а слаб снег провеа понекаде и во градовите.

Нов влажен бран се очекува од среда кога ќе има нови врнежи од дожд и снег на планините над 1200 м.н.в и тоа особено во западните предели. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2).

На планинските места во западна Македонија снежната покривка ќе се зголеми. Температурите на воздухот нема многу да се менуваат во споредба со сегашните, што значи дека и понатму истите остануваат релативно ниски.

Во Скопје и околината исто така од среда ќе има нови повремени врнежи од дожд – за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Временска прогноза

Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…

Објавено пред

на

Барем според последните анализи со кој ние располагаме, вистинска снежна бајка нема да донесе и февруари месец, освен повремени и послаби снежни врнежи.

Сепак истиот ќе биде просечно студен, што значи температурите ќе бидат во границата на нормалните за месец февруари.

Оваа метео анализа важи за целата територија на Македонија, вклучувајќи го и Скопскиот регион. 

Ако вака останат работите вистинска снежна бајка нема да видиме во градовите и во новиот зимски месец (февруари). НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочно анализирање на времето, промени во анализата сигурно дека ќе има, но кавки промени ни следуваат останува да видиме понатаму.

Сепак и покрај овие анализи, се надеваме дека конечно феруари месец конечно ќе го покаже своето вистинско лице кога зимата е во прашање, и ќе донесе многу снег во градовите и вистинска снежна бајка.

Инаку утре и повторно од четврток локално ќе има послаби врнежи претежно од снег, а ќе дува и засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец (над 60 км/час). Наутро температурите насекаде ќе бидат под нулата и понекаде истите се очекува да се спуштат близу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени, а во југоисточните предели температурата се очекува да се искачи до околу 11 степени.

За порта пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?

Објавено пред

на

Следува период на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за локално и слабо провејување на СНЕГ. Исто така повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималните температури НАСЕКАДЕ ќе се спуштаат под нулата, и истите понекаде ќе се спуштат и до близу -10 степени. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Во Скопје ќе имаме слично време.

РАНА НАЈАВА: Барем одсега гледано уште постуден воздушен бран од север и снежен бран нашата територија ќе ја зафатат од четврток. Ова ќе биде проследено и со СИЛЕН ветер од северен правец.  Ако нема промени во нумеричките модели, наскоро следува детална и вонредна метео анализа

За Порта пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа

Објавено пред

на

Вечерва како и утре и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, особено за време на викендот како и во првите денови од следната недела. Истите тогаш ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени а на високите планинските места температурите ќе се спуштаат и под -10 степени.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени, што значи студено ќе биде и преку ден.

Во Скопскиот регион исто така има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Денес попладне и навечер како и утре ќе дува северен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу –2 и 1 степен, додека максималната ќе се искачува до околу 5 степени.

За нашиот медиум пишува Славчо Попоски од метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп6 часа

Хороскоп за вторник (31 јануари)

ОВЕН Ќе бидете многу фокусирани на животните промени и желни да ги имплементирате во вашиот живот. Не сметајте премногу на...

Временска прогноза8 часа

Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…

Барем според последните анализи со кој ние располагаме, вистинска снежна бајка нема да донесе и февруари месец, освен повремени и послаби...

Автомобили18 часа

Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи

Во Македонија сè уште не полетале електричните автомобили. Одвреме-навреме на нашите патишта можете да видите хибрид или автомобил Тесла, но...

Магазин18 часа

Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android

Дали често ви се случува апликациите да „паѓаат“? Не сте единствените, па дури има и листа на најлоши апликации кога...

Lifestyle18 часа

12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!

Одбивањето да се прифати одговорноста и агресијата кон критиките се само дел од показателите за незрело однесување. Луѓето се различни...

Видео18 часа

Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати

со некои животни веднаш се поврзуваме, штом ги видиме за прв пат, додека со други тоа е долготраен процес. Но,...

Магазин18 часа

Reed Hastings се повлекува од функцијата ко-извршен директор на Netflix

Ко-креаторот на Netflix Reed Hastings се повлекува од функцијата ко-извршен директор на компанијата. Промената веќе стапи на сила, а Hastings...

Магазин18 часа

Продажбата на телефони во Кина е на историски најниско ниво

Според податоците од независните агенции за истражување на пазарот, рестриктивните мерки за време на пандемијата и економската криза влијаеле на...

На денешен ден1 ден

30 јануари – На денешен ден

1648.- Со потпишувањето на Минстерскиот договор заврши осумгодишната војна меѓу Шпанија и Обединетите покраини на Холандија (Холандија). Во октомври истата...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (30 јануари)

ОВЕН Денот е идеален за волонтирање но и за промовирање на вашите способности. Брзо ќе се поврзете со интересни луѓе...

НАЈЧИТАНИ