Спорт
Од вчера е започнато со пријавување за клупска лиценца, за екипите од Прва и Втора МФЛ – сезона 2022/23

Согласно правилниците за издавање на дозволи на клубови за учество во натпреварувања во организација на УЕФА и ФФМ за сезона 2022/23, од вчера 09.12.2021 година започнато е пријавувањето за клубовите од Прва и Втора МФЛ.
Според извештајот на ФФМ, клубовите имаат рок најдоцна до 20 декември 2021 година, да достават пријава за учество во процесот на лиценцирање до одделението за лиценцирање, каде ќе наведат за кое ниво на натпреварување аплицираат.
По доставување на пријавата од страна на клубовите за соодветното натпреварување, одделот за лиценцирање ќе ја достави потребната документација до клубовите и ќе ја проследи информацијата до соодветните тела / комисии на ФФМ за понатамошно постапување.
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
Спорт
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму

Бенфика приреди вистинска сензација на Светското клупско првенство, совладувајќи го Баерн Минхен со минимални 1-0 во Шарлот и обезбедувајќи го првото место во групата Ц.
Заедно со нив, и германскиот тим се пласираше во следната фаза, додека Бока Јуниорс и Оукленд го завршија своето учество во оваа група. Стрелецот на победничкиот гол за португалскиот клуб беше Андреас Сјелдеруп, кој погоди по одлична контранападна акција во 13-тата минута.
Во меѓувреме, натпреварот меѓу Бока и Оукленд во Нешвил заврши нерешено 1:1, но беше прекинат во 54-тата минута поради предупредување за можна бура.
Спорт
Мбапе итно хоспитализиран, клубот ја соопшти причината зошто „голгетерот“ не беше во план против Ал Хилал

Реал Мадрид во моментов се наоѓа во САД каде што учествува на Светското клупско првенство. На првиот натпревар против Ал Хилал, кој заврши 1:1, Килијан Мбапе не настапи.
Клубот објави дека причината за неговото отсуство се здравствени проблеми.
Kylian Mbappé has been diagnosed with acute gastroenteritis and has been hospitalized for various tests and treatment, Real Madrid announced. pic.twitter.com/Eq4wGwU988
— ESPN FC (@ESPNFC) June 19, 2025
– „Нашиот фудбалер Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран за дополнителни прегледи и терапија“, стои во официјалното соопштение на Реал Мадрид.
Откако пристигна во САД, Мбапе учествуваше само на два тренинга и не беше дел од поголемиот дел од активностите на тимот. Следниот натпревар на Реал е закажан за недела навечер против Пачука, но останува неизвесно дали францускиот напаѓач ќе биде спремен да настапи.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за среда (24 јуни)
-
Магазин1 ден
Најбрз домашен сладолед со само една состојка
-
Магазин1 ден
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Автомобили1 ден
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа
-
Спорт15 часа
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму
-
На денешен ден15 часа
Времеплов: На денешен ден – 25 јуни
-
Магазин3 часа
Windows 10 добива уште една година поддршка – Microsoft нуди и бесплатни опции