Следете не

Временска прогноза

Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места  и на планините  и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, утрово информира Славчо Попоски

Временска прогноза

Конечно убави вести за временската прогноза, еве кога доаѓаат летните температури

Објавено пред

на

ФОТО: Etienne Girardet @ Unsplash.com

Територијата на Република Македонија во периодот од 2 јуни (понеделник) па се до 8 јуни (недела) ќе биде зафатена од првиот поголем топлотен бран од Африка за оваа сезона.

Во ваква ситуација, температурите на воздухот ќе бележат голем пораст, а времето ќе биде многу постабилно и релативно суво. Сепак, можни се сосема мали исклучоци, односно, ќе има услови за сосема мало и краткотрајно дестабилизирање на атмосферата, кое може да услови локална појава на сосема краткотраен дожд.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период температурите ќе бележат голем пораст, а времето ќе биде претежно стабилно, суво  и со многу повеќе сончеви периоди.

Температурите на воздухот во текот на следната седмица ќе бидат прави летни и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека од средината на следната седмица температурите во Повардарието ќе надминуваат 35 степени. И во Скопје и околината температурата во текот на следната седмица ќе надминува 30 степени, додека од средината на истата температурата ќе се искачи до околу, па и ќе надминува 35 степени, рано утрово информираше Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Доаѓа прилив на Африкански бран кој ги носи посакуваните летни температури

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Сепак, според последните метеоролошки информации почнувајќи од викендов, особено од недела (1 јуни) во Македонија ќе започне приливот на топол воздух со потекло од Африка. Во ваква ситуација температурите значително ќе бидат во пораст, што значи дека, конечно може да очекуваме летни температури на воздухот.

Инаку, за време на викендот, односно во сабота и недела (31 мај/1 јуни) времето во Македнија ќе биде сончево со мала до умерена облачност а ќе дува  и слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

И во Скопје и околината, за време на викендот ќе започне порастот на температурите на воздухот, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурите, како што погоре напоменав, особено од недела (1 јуни) ќе бидат летни и во значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.

Во Скопје и околината температурата за време на викендот ќе се искачи до околу 27 степени, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од утре нов бран на врнежи од дожд, проследен со северен ветер

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Во текот на оваа работна седмица повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието (повремено и локално со брзина од над 60/70 км/час).

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, од утре (вторник 27 мај) па во деновите потоа ќе има локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

И во Скопје и околината повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

– Од утре (вторник 27 мај) па во деновите потоа во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие остануваат со потпросечни вредности за крајот на месец  и мај, и тие преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Наутро и понатаму исто така останува релативно свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 12 степени, додека на високите и планинските места тие повремено ќе се спуштаат и под 5 степени, рано утрово истакна Славчо Попоски

– Инаку денес на метеоролошката карта може да забележиме дека утрово температурите на повеќе места се близу 0 степени, а на повисоките места, односно во Лазарополе бележиме и минусна негативна температура од -1 степен. Имаме и појава на слаб мраз утринава.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за сабота (31 мај)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Спорт5 часа

Кога решителноста го надминува системот, се создаваат вистински херои, кичевчанецот Милошевски доби највисока судиска лиценца од Панамериканската Карате Федерација

Дејан Милошевски од Кичево, Македонија доби највисока судиска лиценца од Панамериканската Карате Федерација и практично се здоби со најголемиот историски...

Кичево6 часа

Предмалку на „11-ти септември“ во Кичево се случила сообраќајка помеѓу две патнички моторни возила, причинета е само материјална штета

Предмалку на ул. „11-ти септември“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ и „голф“ со кичевски...

Мобилни уреди9 часа

Компанијата „Realme“ спрема мобилен уред со „џиновска“ батерија?

Компанијата Realme неодамна ја претстави својата напредна батериска технологија, но на промоцијата на моделот GT 7 во Париз сепак не...

Македонија11 часа

Граѓани најавија протест за изборот на митрополит на Дебарско-кичевската епархија, велат: „МПЦ-ОА има Устав, со критериуми“

Во сабота на 31 мај, со почеток во 12 часот, закажан мирен народен собир на плоштад Македонија во Скопје. Настанот...

Македонија12 часа

Пронајдено товарното возило од АРМ кое пред еден месец беше пријавено за одземено од авто сервис

На 29.05.2025 во 11.14 часот во СВР Скопје од АРМ е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела...

Временска прогноза20 часа

Конечно убави вести за временската прогноза, еве кога доаѓаат летните температури

Територијата на Република Македонија во периодот од 2 јуни (понеделник) па се до 8 јуни (недела) ќе биде зафатена од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (30 мај)

ОВЕН Морате да научите дека не можете да имате контрола врз се околу вас. Да се биде одговорен е добро...

Спорт1 ден

Новак Ѓоковиќ го победи Корентин Муте во третото коло на „Ролан Гарос“

Новак Ѓоковиќ обезбеди место во третото коло на Ролан Гарос со сигурна победа против домашниот играч Корентен Муте, совладувајќи го...

Мобилни уреди1 ден

Дали „Apple“ спрема два различни модели за новата генерација на „iPhone 17“

Apple се чини подготвува два сосема различни модели за новата генерација на iPhone 17, кои ќе одат во спротивни насоки...

НАЈЧИТАНИ