Спорт
Одигравме нерешено против Бугарија, додека нашите младинци до 21 година славеа на домашен терен против незгодната Ерменија
Македонската А репрезентација одигра 1:1 против Бугарија на првиот натпревар од групата 4 во Ц сегментот од Лига на нации.
Нашата селекција доминираше во текот на натпреварот, создаде неколку одлични прилики, но Бугарија од единствената шанса постигна гол за нерешен резултат во Разград.
Милан Ристовски го даде голот за Македонија, откако Бугарија по првото полувреме водеше со 1:0.
Првата прилика ја имаше Дарко Чурлинов во 6. минута. Шутираше, по асистенција од Елмас, но внимателен беше домашниот голман.
Во 13. минута, Бугарија поведе со 1:0. Кирил Десподов беше стрелец на голот. Лошо реагираше нашата одбрана не успевајќи да го пресечат додавањето на Неделев. Немоќен беше Димитриевски.
Во 21. минута по одлична акција на Елмас и Барди во шеснаесетникот на домашните, Барди од неколку метри шутираше силно, но со глава голманот Вуцов спречи погодок за Македонија.
Во 41. минута, Елмас шутираше крај голот по нафрлена топка од корнер. Нашата селекција и покрај теренската доминација и неколкуте обиди за гол, на полувреме замина со негатива.
Во второто полувреме, Милан Ристовски во 47. минута го имаше својот прв обид да го загрози голот на домаќините, но внимателен беше Вуцов.
Во 50. минута, Македонија израмнува на 1:1 со голот на Милан Ристовски. Нашите фудбалери бараа игра со рака и пенал, по шут на Елмас, но откако судијата не се огласи, топката заврши до Милан Ристовски кој погоди меѓу нозете на противничкиот голман за 1-1.
Македонија ја продолжи својата доминација. По еден час игра, Алиоски одлично шутираше од работ на шеснаесетникот, но Вуцов одбрани.
До крајот од натпреварот, падна ритамот на игра, не успеавме да создадеме права прилика за водечки гол, иако целосно ја контолиравме играта.
БУГАРИЈА: Вуцов, Дулгеров, Чорбаџиски, Попов, Костадинов, Минчев, Јорданов, Малинов, Краев, Јанков, Стефанов;
МАКЕДОНИЈА: 1. Столе Димитриевски, 3. Стефан Ашковски, 6. Висар Муслиу, 7. Елиф Елмас, 8. Езѓан Алиоски, 9. Александар Трајковски (46` Бојан Миовски), 10. Енис Барди, 11. Дарко Чурлинов (46` Давид Бабунски), 14. Дарко Велковски (88` Кире Ристевски), 19. Милан Ристовски (72` Дориан Бабунски), 20. Стефан Спировски (72` Бобан Николов); Селектор: Благоја Милевски;
Што се однесува до нашите младинци до 21 година тие славеа победа со 3:1 над незгодната селекција на Ерменија во рамките на предпоследното коло од групата Х во квалификациите за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија.
Видовме одлично прво полувреме, со многу борба и отворена игра на двете страни. Ерменија прва поведе, рано уште во 9. минута. Ерик Симонијан одлично го искористи невниманието во нашата одбрана и успеа да погоди со глава за предност на својата селекција. Македонија го засили темпото, напаѓаше и создаваше шанси. Методи Максимов со извонреден гол сосема заслужено го израмни резултатот на 1:1 во 22. минута.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски не отстапија од офанзивниот пристап, пропуштивме неколку добри прилики до крајот на првото полувреме. Најдобрата можност ја имаше Лука Станковски, но неговиот удар заврши над голот на гостинскиот голман.

Во второто полувреме падна темпото на игра, противникот ја зацврсти одбраната, не дозволи многу простор за игра. Македонија беше таа што доминираше, имаше посед на топка, напаѓаше цело време, повеќе ја сакаше победата и сосема заслужено успеа да погоди во последните минути од средбата. Упорноста се исплатеше на крај, Марио Илиевски со гол во 85. минута од средбата успеа да ја доведе Македонија во предност од 2:1. Конечните 3:1 ги постави Сефер Емини од пенал во судиското продолжение.
Квалификациски циклус за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија;
Репрезентации до 21 година;
Група Х;
Македонија – Грузија 3:1 (1:1)
(1:0 Ерик Симонијан 9′; 1:1 Методи Максимов 22” 2:1 Марио Илиевски 85′ 3:1 Сефер Емини 90′)
Македонија: Давид Денковски, Адриан Хајдари, Блертон Шеји, Марио Младеновски, Јован Манев, Арби Воша, Сефер Емини, Марко Ѓорѓиевски, Лука Станковски, Флорент Рамадани, Методи Максимов;
Резервни фудбалери: Марко Алчевски, Виктор Крстевски, Луан Абази, Марио Илиевски, Андреј Стојчевски, Димитар Тодоровски, Алекс Златков, Агон Елези, Дашмир Елези;
Селектор: Драги Канатларовски;
Ерменија: Арман Нерсесијан, Володија Самсонијан, Арсен Галстијан, Арман Газиријан, Нарек Агхашаријан, Микајел Мирзојан, Зирајр Шагхојан, Нарек Григоријан (к), Арам Камајанов, Ерик Симонијан, Нарек Алавердијан;
Резервни фудбалери: Лијова Карапетијан, Петрос Манукијан, Геворг Таракчијан, Норајр Никошијан, Карен Налбалдијан, Дарон Гери Искендериан, Ерјаник Габашуријан, Мисак Хакобијан, Армен Ховханишијан;
Селектор: Рафајел Назаријан;
Спорт
Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот од Сасуоло со 0–3. По овој неуспех, тимот од Бергамо падна на 13-тото место на табелата со вкупно 13 освоени бода.
Јуриќ ја презеде клупата на Аталанта во јули и го предводеше тимот на вкупно 15 натпревари, од кои забележа четири победи – по две во Серија А и во Лигата на шампионите.
– „Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници. Аталанта им се заблагодарува на Јуриќ и на неговиот стручен штаб за посветеноста и им посакува успех во понатамошната кариера,“ се наведува во официјалното соопштение на клубот.
Според италијанските медиуми, главен кандидат за нов тренер на Аталанта е Рафаеле Паладино.
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
-
Кичево2 денаОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (13 ноември)
-
Временска прогноза16 часаПопоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
-
Македонија1 денНов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди
-
Магазин2 денаВашиот WhatsApp станува неосвоив – новата функција целосно ги блокира непознатите контакти
-
Хороскоп2 часаХороскоп за петок (14 ноември)
-
Здравје и убавина2 денаНаправете дома природен „Витамин Ц“ напиток
-
Магазин2 денаYouTube наградува лајкови со забавни анимации
