Спорт
Одличен тест „со победа“ против Ерменија за македонската репрезентација, на потег Македонија до 21 година против Молдавија
Македонските фудбалери од „А“ селекцијата одиграа одличен пријателски натпревар против селекцијата на Еврменија. Селекторот Милевски истакна неколку младинци кои се покажаа одлично, шанса добија и оние кои помалку играа, но на терен се забележуваа и стандардните.
Мечот со гол го отвори Александар Трајковски во самиот финиш од првото полувреме, потоа во второто полувреме го зголемивме водството, Милан Ристовски погоди за 2:0.
Во 88. минута ново-влезениот Даци се избори за позиција по додавање на Елмас и постигна гол за убедлива предност на Македонија од 3:0
Ерменија единствениот и би рекле „почесен гол“ го постигна преку Спертсиан од слободен удар за конечни 3:1 за Македонија.
Исклучително важен меч играат нашите младинци до 21 година против врсниците од Молдавија, за сега резултатот е 0:0 да им посакаме среќа!
Спорт
Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот од Сасуоло со 0–3. По овој неуспех, тимот од Бергамо падна на 13-тото место на табелата со вкупно 13 освоени бода.
Јуриќ ја презеде клупата на Аталанта во јули и го предводеше тимот на вкупно 15 натпревари, од кои забележа четири победи – по две во Серија А и во Лигата на шампионите.
– „Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници. Аталанта им се заблагодарува на Јуриќ и на неговиот стручен штаб за посветеноста и им посакува успех во понатамошната кариера,“ се наведува во официјалното соопштение на клубот.
Според италијанските медиуми, главен кандидат за нов тренер на Аталанта е Рафаеле Паладино.
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
-
Спорт2 денаКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Кичево5 часа(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
-
Кичево1 денВо сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (9 ноември)
-
Хороскоп22 часаХороскоп за понеделник (10 ноември)
-
Здравје и убавина1 денОвие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок
-
Здравје и убавина2 часаДомашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења
-
Спорт2 часаАталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
