Следете не

Магазин

Одлична вест за љубителите на iPhone – ново подобрување доаѓа

Објавено пред

на

Apple неодамна ја претстави серијата iPhone 15, а информациите за нивните наследници – серијата iPhone 16 – веќе почнаа да се појавуваат. Сега доаѓаат ветувачки вести за потенцијалните купувачи на обични модели од оваа серија.

Во последните две години, Apple го издвои чипот како една од најголемите разлики помеѓу обичните и Pro моделите.

Така, моделите Pro во последните две години пристигнаа со чип кој е една генерација понов од обичните модели. Сепак, се чини дека Apple би можел да ја промени оваа политика следната година и да се врати на политиката од претходните години кога сите модели на iPhone од истата серија беа испорачани со ист чипсет.

Според Џеф Пу, свиркач кој ги следи вестите за производите на Apple, сите модели од серијата iPhone 16 кои ќе пристигнат есента следната година ќе бидат опремени со новиот Apple A18 Bionic чип.

Тоа би било голема промена од оваа година кога iPhone 15 и iPhone 15 Plus беа испорачани со чипот A16 Bionic, а iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max со чипот A17 Pro.

Сепак, според извештајот, Apple би можел да направи помала разлика помеѓу овие чипови, па моделите Pro од серијата iPhone 16 би можеле да имаат малку посилен чип со оглед на тоа што би можел да има додаток на Pro во своето име.

Но, суштината е дека сите модели од серијата iPhone 16 ќе пристигнат со нов чип, кој секако ќе биде добредојден од фановите на iPhone. За крај, напоменуваме дека тоа се гласини и непотврдени информации и мора да ги земеме со одредена резерва.

/B92

Хороскоп

Хороскоп за вторник (29 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН

Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни се нови познанства, но и понатаму не наоѓате личност која може да го види она што вие го барате. Проблеми со синусите.

БИК

Денес ќе бидете во центарот на вниманието поради успехот на деловно поле во изминатиов период. Може да очекувате заеднички живот со саканата личност. Доаѓа време за убави промени. Водете сметка за забите.

БЛИЗНАЦИ

Нови околности ќе влијаат врз вас негативно. Можно е да ви треба подолг период да се прилагодите. денес вашите брачни проблеми се особено нагласени, па ситуацијата со саканата личност доаѓа до влошување. Проблеми со кичмата.

РАК

Ве очекува можност да се докажете и да ги остварите посакуваните желби на работното место. Продолжете да ги негувате своите амбиции. Денес конечно ќе и дадете до знаење на саканата личност како ја замислувате заедничката иднина. Одлично се чувствувате!

ЛАВ

Одлично се снаоѓате во вашата работа моментално и не би требало да имате било какви проблеми денес. Можеби со саканата личност ќе дојде до некои компликации. Сѐ може да се реши ако имате трпение. Внесувајте повеќе течности.

ДЕВИЦА

Носењето нови одлуки на деловно поле не ви оди многу лесно. Имате впечаток дека некои околности се против вас денес. Доколку сте во врска или брак, со саканата личност ќе имате некои неочекувани случувања. Немате проблеми со здравјето.

ВАГА

Многу сте мотивирани да ги направите промените на деловно поле кои ги планирате некое време. Денес ве очекува интересна средба со личност која ќе ви се додворува директно. Се чувствувате одлично.

ШКОРПИЈА

Може да престанете да се грижите бидејќи конечно ќе дојдат до вас убави вести кои долго време ги посакувате. Денес ве очекува започнување контакт со личност која ви се допаѓа. Полни сте со енергија!

СТРЕЛЕЦ

Денес сѐ ви оди од рака. Ако планирате било какви нови проекти или промени, вложете во тоа! Може да очекувате активирање на полето на флертот и многу нови запознавања. Проблеми со бешиката.

ЈАРЕЦ

Не можете лесно да најдете заеднички јазик со соработниците. Не е секој подготвен да го вложи истиот напор во работата како вас. Ви се допаѓа личност која е воздржана кон вас е делува срамежливо. Чувствителни синуси.

ВОДОЛИЈА

Започнување на нов проект ви делува како добра идеја. Подготвени сте да се посветите на новите случувања на ова поле. Вашиот однос со саканата личност не е добар како порано и полека се губите еден со друг. Внимавајте на исхраната.

РИБИ

Денес бидете внимателни со какви ризици се соочувајте и внимавајте да не дојде до некоја материјална штета. Можеби ви се допаѓа личност која нема лесно да ја освоите, но подготвени сте да се потрудите да го најдете патот до неа. Проверете ја својата диоптрија.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (28 јули)

Lifestyle

Како да ги отстраните тврдокорните дамки од дрвен мебел со природни средства

Објавено пред

на

Фото: Polina Tankilevitch @ pexels

Дрвениот мебел е симбол на топлина и елеганција во домот, но има една мана – многу лесно се оштетува. Дамките од вода, пијалоци или кондензација често оставаат трајни траги на дрвените површини, особено ако не се забележат навреме.

Иако користењето подметачи е добра превентивна мерка, несреќи се случуваат. Добрата вест е што не мора веднаш да посегнете по скапи средства или професионални услуги. Постојат неколку едноставни и ефективни домашни методи кои навистина делуваат.

Мајонез – неочекуван но ефикасен сојузник

Овој метод звучи необично, но е изненадувачки ефикасен. Нанесете мала количина мајонез директно на дамката користејќи хартиена крпа. Оставете го неколку часа или преку ноќ. Утредента, избришете го вишокот и полирајте ја површината со малку оцет – за подобар сјај и свеж изглед.

Природна комбинација: оцет + маслиново масло

Оваа мешавина не само што ги отстранува дамките, туку и го храни дрвото. Измешајте еднакви количини од двете состојки, нанесете ја смесата со мека крпа и тријте во правец на дрвото. Оцетот ја разградува дамката, а маслото ја враќа мекоста и сјајот.

Обична пегла – моќта на топлината

Покријте ја дамката со тенка памучна крпа, па со обична пегла за алишта (поставена на ниска температура, без пареа) внимателно поминете неколку секунди врз ткаенината. Топлината ќе помогне влагата да испари од дрвото. Потоа, површината може дополнително да се освежи со неколку капки масло или средство за полирање.

Паста за заби – за мали и свежи дамки

Ставете мала количина обична бела паста за заби (не гел) на дамката и со крпа нежно втријте. Потоа избришете ја површината прво со влажна, а потоа со сува крпа. Овој метод е најкорисен за понови и помали дамки.

Извор: SZena

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп18 минути

Хороскоп за вторник (29 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Македонија8 часа

МВР со пофалби за СВР Охрид, Граничното управување, РЦ за ГР Запад е во континуирано подобрување на оперативната ефикасност

Денеска министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, Регионалниот центар за...

Кичево9 часа

(ГАЛЕРИЈА) Кичевската Коњаница беше вистинска атракција во центарот на градот, вечна да биде традицијата и среќен патот!

После манастирската богослужба, а потоа свечено пред Светото Писмо, револвер и кама дадоа заклетва за верност кон револуционерното ослободително дело...

Македонија12 часа

Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит, во...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (28 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Кичево1 ден

„Манастир Пречиста – Кичевска Коњаница“ пристигнува во Кичево, илинденските идеали ќе заживеат во очи на големиот празник „Илинден“

И оваа година „Манастир Пречиста – Кичевска Коњаница“ ќе земе учество на традиционалниот ден „Илинден“ во Крушево, каде со своја...

Кичево1 ден

(ВИДЕО) Гори големо Црско, ветерот дополнително отежнува и пожарот оди кон с.Цер и Турла – „ТППЕ Кичево“ со апел до мештаните!

Денеска нешто по 13 часот во месноста големо Црско помеѓу с.Белица кичевска и с.Цер беснее голем пожар. Дополнителни проблеми создава...

Хроника1 ден

Утрово во близина на кичевското село Црвивци се случила тешка сообраќајна несреќа каде животот го загуби едно лице

Утрово, околу 08:20ч во кичевско на локалниот пат Мамудовци-Црвивци, во близина на бензинска станица, се случила тешка сообраќајна несреќа каде...

Lifestyle1 ден

Како да ги отстраните тврдокорните дамки од дрвен мебел со природни средства

Дрвениот мебел е симбол на топлина и елеганција во домот, но има една мана – многу лесно се оштетува. Дамките...

Lifestyle2 дена

Што се случува со вашето тело ако јадете 2 јајца дневно?

Јајцата долго време беа тема на дебати во светот на исхраната, но најновите истражувања потврдуваат дека редовното консумирање на две...

НАЈЧИТАНИ