Спорт
Одложени денешните фудбалски мечеви од првата македонска лига, истите ќе се одиграат во среда

Поради снежни врнежи на територијата на цела држава, Комисијата за натпревари на ФФМ ги одложи преостанатите пет натпревари од 22. коло во 1. МФЛ кои на програмата требаше да се одиграат денеска (6. март) и ги пренасочи да се одиграат на 09.03.2022 година, среда, со почеток во 14:00 часот – известуваат од ФФМ.
Спорт
Од понеделник започнува продажбата на билети за фудбалскиот квалификациски меч Македонија со Украина, ова се предвидените цени

Во понеделник, 5. јуни, ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Украина (16. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024. Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 400 денари.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Украина ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.
Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.
МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА (Национална арена „Тодор Проески“, 16. Јуни, 20:45 часот)
Цени на билети:
Северна Трибина
Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24 300 денари
Јужна Трибина
Блок 1, 2, 5 и 6 300 денари
Блок 3 и 4 400 денари
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 14-ти, 15-ти јуни и на денот на натпреварот, 16-ти јуни од 10:00 часот.
Продажни места:
Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Веро Центар
• Литература – ТЦ Буњаковец
• Литература МК – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• Литерара МК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• Литература МК
• ТА Сафари
Радовиш:
• ТА Халкидики
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до многу важна победа од квалификациите за Европското првенство 2024.
Спорт
Милевски: „Фокусирани сме на мечот со Украина, ќе се обидеме да одиграме на високо ниво со двете репрезентации“

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Украина (16. јуни, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“) и Англија (19. јуни, 20:45 часот, Олд Трафорд, Манчестер).
Во најдобриот состав на македонската репрезентација дебитант е фудбалерот на дански Сондерјиске, Сефер Емини. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 29 фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија
Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар
Дени ИЛИЕВ – ХЈК Хелсинки, Финска
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Инглоштад, Германија
Ѓоко ЗАЈКОВ – Универзитатеа Крајова, Романија
Дарко ВЕЛКОВСКИ – Ал Етифак, Саудиска Арабија
Стефан РИСТОВСКИ – Динамо Загреб, Хрватска
Езѓан АЛИОСКИ – Фенербахче, Турција
Егзон БЕЈТУЛАИ – Шкендија
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија
Владица БРДАРЕВСКИ – Шкупи
Бојан ДИМОСКИ – Академија Пандев
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција
Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија
Аријан АДЕМИ – Пекинг Гуан, Кина
Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска
Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска
Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија
Давор ЗДРАВКОВСКИ – АЕЛ Лимасол, Кипар
Сефер ЕМИНИ – Сондерјиске, Данскa
НАПАД:
Александар ТРАЈКОВСКИ – Ал-Фејха, Саудиска Арабија
Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка
Дориан БАБУНСКИ – Дебрецин, Унгарија
Ваљон ЕТЕМИ – Истанбулспор, Турција
Илија НЕСТОРОВСКИ – Удинезе, Италија
Љупче ДОРИЕВ – Шкендија
Стефан АШКОВСКИ – Ламиа, Грција
Официјалниот собир на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Украина и Англија од квалификациската група за ЕП 2024 е закажан за 10. јуни во х. Хилтон во Скопје.
По објавата на листата фудбалери, селекторот за медиумите даде свое видување и коментар за претстојните предизвици.
-На списокот не се наоѓаат Дарко Чурлинов и Бојан Миовски,им посакувам и на двајцата брзо да се опорават и да се стават на располагање. Дарко моментално е хоспитализиран во клиничкиот центар во Белград поради здравствени компликации.
-Сефер Емини за прв пат е повикан во репрезентацијата на Македонија за претстојните натпревари со Украина и Англија. Игра стандардно во Данска и заслужи да биде дел од тимот.
-Останавме без две опции во нападот, но верувам дека ќе успееме да се прикажеме во добро светло и ќе успееме да го извлечеме максимумот. Се надевам дека сите ќе бидат подготвени до почетокот на натпреварите.
-Муслиу по повредата ги одигра последните мечеви за својот клуб. Останатите се тие што беа и во март. Сите кои се тука се најдобрите и сите се во комбинација за настап. Кој ќе почне во нападот ќе видиме.
– Во овие речиси две години, одигравме само еден натпревар комплетни, тоа беше натпреварот со Португалија. На сите останати дуели не бевме комплетни. Ќе се обидеме да одиграме на едно високо ниво против две силни репрезентации.
-Првиот меч го играме против Украина. Ние сме сконцентрирани само на тој натпревар, за Англија ќе размислуваме подоцна. Украинците го имаат речиси непроменето составот од претходното Европско првенство, со исклучок на неколку измени. Дури и да дојде до промена на селекторското место, играчите се тие, повиканите. Мораме да размислуваме позитивно, нашата цел е остварување на победа, бидејќи во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери.
-На подготовките последни ќе пристигнат Алиоски и Илиев, бидејќи последните мечеви со своите клубови ги играат на 10 јуни.
Спорт
На тренинг центарот во Скопје, се одржаа два финални турнири за училишен фудбал

На 31.05.2023 на ФФМ Тренинг центарот се одржаа завршните турнири во рамки на два училишни проекти кои во текот на цела учебна година беа реализирани во 104 ООУ ширум Македонија.
Во првиот од нив кој ФФМ во соработка со ФУСМ го реализираше во текот на целата училишна година – Фудбал сега, фудбал насекаде учество зедоа 76 училишта и 6000 деца во две категории 2/3то и 4/5то одд; додека во проектот Училишен фудбал за девојчиња наменет за ученички од 4/5то одд. учество зедоа 28 училишта и повеќе од 20 ЖФК-а со 550 ученички.
Во двата проекти кои се одржуваа во речиси 40 општини ширум земјава беа опфатени ученички и ученици од кои најголем дел за прв пат се запознаваа со убавините на фудбалската игра низ редовни тренинзи кои на неделна основа се одржуваа во секое вклучено училиште, а со менторство на нивните наставници по ФЗО и тренери од вклучени фудбалски клубови кои несебично се вложија во исполнувањето на предвидените програмски содржини, а со цел фудбалот што повеќе да се доближи до секој учесник и учесничка..
По одигрување на регионалните завршници во текот на Мај во рамки на двата проекти, добиени беа учесниците од сите региони, така што денес на терените на ФФМ имавме учество на 44 најуспешни училишни екипи и повеќе од деца придружувани од нивните наставници по ФЗО како и тренери од фудбалски клубови близу нив. Натпреварите пред се од ревијален карактер без одиграни во прекрасна атмосфера, а ФФМ за сите учесници обезбеди дипломи за учество како и награди за најсреќните оваа година:
Категорија 2-3то одд.(мешани училишни екипи): 1 ООУ Бајрам Шабани, 2. ООУ Лирија, 3. ООУ Димитар Влахов и 4. ООУ М.М. Брицо
Категорија 4-5то одд.(мешани училишни екипи): 1 ООУ Ѓорѓија Пулевски, 2. ООУ Бајрам Шанбани, 3. ООУ Теффејуз и 4. ООУ Перпарими
Категорија 4-5то одд. (женски училишни екипи): 1 ООУ Тодор Ангелевски, 2. ООУ Никола Карев, 3. ООУ Кочо Рацин и 4. ООУ Васил Главинов
ФФМ им честита на сите учесници во изминатава сезона, и изразува голема благодарност до сите вклучени лица кои со својата посветеност допринесоа предвидените активности да се одвиваат во најдобар ред и денес да имаме една прекрасна завршница. Посакуваме добро здравје на сите учесници, и уште повеќе фудбалски авантури и успеси во иднина со надеж дека ќе бидеме и уште побројни веќе од почетокот на следната училишна година.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (4 јуни)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за понеделник (5 јуни)
-
Кичево8 часа
Во Кичево вчера санкционирани рекорден број на возачи кои возеле пребрзо
-
Временска прогноза1 ден
Временските непогоди силно вчера го зафатија регионот кај Прилеп и Кавадарци
-
Здравје и убавина24 часа
Газирана вода и митовите за неа..
-
Автомобили11 часа
Возите Bugatti и почна да врне? Нема проблем (ВИДЕО)
-
Гејминг11 часа
Take-Two ја најавува GTA VI за 2024 година
-
Магазин11 часа
Во веб-продавницата на Chrome откриени се сомнителни екстензии преземени од 75 милиони корисници