Спорт
Одредени бараж натпреварите во македонскиот фудбал, како и екипите кои ќе бидат со лиценца за учество во УЕФА натпреварувањата
Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го одреди стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп за домаќин на бараж натпреварот за Прва МФЛ меѓу екипите на Тиквеш и Воска.
Имајќи в предвид дека на почетокот на следниот месец, македонската А репрезентација ја очекуваат два натпревари од Лига на нации на домашен терен на Националната арена „Тодор Проески“, намерата на Фудбалската федерација на Македонија беше бараж натпреварите да се одиграат на други стадиони, првенствено за да се заштити теренот на арената „Тодор Проески“ за репрезентативните мечеви, а дополнително што на 20. мај на нашиот најголем стадион ќе се одигра и финалето од Купот на Македонија.
По извлекувањето на паровите за бараж натпреварите и одредените места за одигрување, Комисијата за натпреварување после одржаниот состанок со Комисијата за безбедност, сепак одлучи (пропозициите тоа го дозволуваат) мечот Воска – Тиквеш да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“.
Единствена причина за промената на местото на одигрување на натпреварот се пристигнатите информации до Комисијата за безбедност на ФФМ за присуство на голем број навивачи на двете екипи и можноста да се гарантира безбедноста на повеќе илјадната публика на стадионот во Прилеп.
ФФМ преку Комисијата за безбедност прати официјален допис до Министерството за внатрешни работи (МВР) со барање насоки и напатствија во делот на преземање на безбедносни мерки за да се одиграат двата бараж меча на првично утврдените места за одигрување, односно Тиквеш – Воска во Прилеп и Скопје – Беласица во Штип.
Фудбалската федерација на Македонија ќе постапи соодветно во зависност од одговорот и упатствата на МВР.
Уверени сме дека само со строго и доследно применување на прописите и почитувањето на превентивните мерки од надлежните институции и тела може да се гарантира вистински спортски спектакл .
Мерките за безбедност на натпреварите постојат со причина и очекуваме од клубовите да бидат сојузници во спроведувањето на истите.
Полните трибини без инциденти, без непримерно однесување и нереди, без национализам и дискриминација, се клучни цели на сите учесници во македонскиот фудбал, од Фудбалската федерација на Македонија и клубовите преку навивачките групи, јавноста и медиумите до државните институции во целина.
За ФФМ, дијалогот и комуникација е единствен пат за квалитетен однос со клубовите и институциите и на тоа ќе инсистираме и во иднина.
Што се однесува за комисијата за лиценцирање на ФФМ по завршување на постапката за лиценцирање им издаде лиценца за учество во УЕФА клупските натпреварувања за сезона 2022/23 на клубовите:
- ФК Ренова АД – с.Џепчиште
- ФК Шкендија АД – Тетово
- ФК Шкупи 1927 АД – Скопје
- ФК Силекс АД – Кратово
- ФК Работнички АД – Скопје
- ФК Струга ТримЛум АД – Струга
- ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје
- ФК Академија Пандев АД – Струмица
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
-
Кичево1 денПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за среда (17 декември)
-
Кичево3 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Култура7 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Здравје и убавина1 денНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин6 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
-
Спорт8 часа„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
