Спорт
ФФМ денес одржува редовно генерално собрание, каде свое обраќање имаа претставници на УЕФА кои ја пофалија досегашната работа и залагање за фудбалскиот развој

Фудбалската федерација на Македонија го одржува своето Редовно генерално Собрание. На Собранието пред присутните 58 од вкупно делегати, свое обраќање имаше претставникот на УЕФА, Јозеф Климент – советник за Национални асоцијации на УЕФА.
„Одржувањето на цврста врска помеѓу фудбалот од грасрут и елитните натпреварувања e во срцето на новата шестгодишна стратегија на УЕФА, „Обединети за успех“. Со оваа стратегија УЕФА има за цел да го продолжи растот на фудбалот на нашиот континент со тоа што ќе обезбеди различност и вклученост на сите нивоа. Убедени сме дека приоритетите од новата стратегија ќе ја водат нашата убава игра во понатамошен раст и развој во Европа и ќе ги зачуваат принципите на спортски дух и еднакви можности во сите 55 асоцијации членки на УЕФА“.
„ФФМ е една од нив и искрено можам да кажам, една од најбрзо развојните национални асоцијации. Оваа година е многу посебна година бидејќи ја славите 30-годишнината откако станавте член на фудбалското семејство на ФИФА и УЕФА.
Оттогаш, многу работи се сменија и на картата на вашата земја се појавија многу нови и реконструирани стадиони и терени. Многу сум среќен што, исто така, благодарение на средствата од програмата Хет-Трик на УЕФА, фудбалската инфраструктура во вашата земја постојано се подобрува што создава добри услови за подготовка не само за вашите национални тимови, туку и за започнување нови грасрут проекти за зголемување на учеството на момчињата и девојчињата и за поттикнување на талентирани елитни младински играчи кои се уште една стратешка цел на вашата федерација.
На теренот, овој процес ги донесе своите плодови кога вашите национални тимови до 17 и до 19 години стигнаа до елитните рунди на натпреварувањата на УЕФА, тимот до 21 година го имаше своето деби во финалето на Европското првенство до 21 година во 2017 година и конечно кулминираше со националниот А тим кој обезбеди прво големо учество на финалниот турнир на УЕФА ЕУРО 2020 година.
Благодарение на сите овие достигнувања, ФФМ стана добро препознаена и почитувана од УЕФА. Би сакал да ви честитам за ова и во исто време да ви посакам се најдобро и многу ентузијазам за вашите понатамошни активности во развојот на фудбалот во вашата земја.
И запомнете, УЕФА е секогаш покрај вас подготвена да помогне и со нетрпение ја очекуваме нашата соработка во иднина“.
Исто така, регионалениот координатор на ФИФА за европските членки на Светската асоцијација, Мариот Гават се обрати пред присутните и го истакна следново:
„Во 1994 година, Фудбалската федерација на Македонија се приклучи на ФИФА како членка. Оваа година славиме триесет години од соработката меѓу нашите две институции. 30 години пријателство, 30 години одлична соработка, соработка за која сум сигурна дека ќе продолжи да расте и во иднина. Користејќи ја оваа прилика, би сакал да подвлечам дека одличните односи на сите нивоа навистина се рефлектираат меѓу нашите раководства за развој на фудбалот во вашата прекрасна земја“.
„Уверени сме дека заедничката работа ќе има позитивно влијание за да го подигнеме фудбалот на повисоко ниво. Што се однесува до развојот на фудбалот, ФИФА е многу горда на бројните заеднички проекти што ги реализира со ФФМ во рамките на програмата ФИФА Форвард. Посебно сме задоволни што гледаме дека финансирањето на ФИФА е ефикасно насочено кон клучната компонента на фудбалскиот развој – инфраструктурата. Надградбата на капацитетите на тренинг центарот „Петар Милошевски“, вклучувајќи ги новите рефлектори и обновувањето на теренот, како и сместувањето за младинските академии на ФФМ, се јасен доказ за долгорочна визија и посветеност за негување таленти. Минатата година, ФИФА го започна третиот циклус на ФИФА Форвард, со што се зголемуваат средствата достапни за секоја асоцијација-членка од шест на осум милиони долари по циклус. Затоа, со нетрпение очекуваме да работиме рака под рака со ФФМ за да продолжиме да ги ставаме овие средства достапни за важни проекти за развој на фудбалот низ Македонија“.
„Од спортски аспект, ви посакувам се најдобро во квалификациитена УЕФА за жени за ЕУРО 2025 против Молдавија на 31, мај и Летонија во јули. Се најдобро за вашата машка репрезентација, која ќе се соочи со Фарски Острови и Ерменија во Лига на нации во септември. За целата работа и силната соработка што ја споменав претходно, дозволете ми да ви се заблагодарам што рамо до рамо работевте заедно со нас во ФИФА и заедно се залагате за развојот на женскиот и машкиот фудбал насекаде и за сите“, за јавноста известуваат од Фудбалската федерација на Македонија.
Свој говор имаше и претседателот на ФФМ, г-дин Муамед Сејдини, кој го истакна следново:
„Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.
Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација.
Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме. Секако, за јавноста успехот на најдобрата репрезентација е мерило за успех и на федерацијата, но тоа сепак не е единствената обврска за нас. Затоа целта е да бидеме успешни и во другите сегменти за кои ФФМ треба да се грижи, да посветува време и внимание, да обезбедува и распределува средства и се разбира во активностите и проектите да бидат вклучени сите фудбалски региони во државата.
Развојот на инфраструктуата треба да се шири и надвор од Скопје. Токму затоа инвестираме во терени во Дојран, Илинден, Липково, Тетово, Куманово и Радовиш, изградба и реконструкција на соблекувални во Илинден, Липково, Драчево, Свети Николе, Кравари, Велес, Демир Капија, Добридол, Куманово, Кичево и Кочани.
Сите ние во фудбалот сме долги години и на сите нас ни е јасно дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион. Успехот на терен го зголемува интересот и го враќа угледот на репрезентацијата. Заслужни за тоа се фудбалерите и стручниот штаб. Наша обврска е да им ги обезбедиме сите услови и сигурен сум дека е така. Но, наше е и да се стремиме кон добри резултати, посебно во Лига на нации во група во која објективно сме фаворити. Убеден сум дека истото го мислат и селекторот и стручниот штаб во А селекцијата.
Во рамки на федерацијата, знаете и сите вие, стремежот е секој оддел да има своја автономија. Почнувајќи од натпреварувачката комисија, младинските сектори или Комисијата за женски фудбал, па се до Судиската организација. Тоа значи и поголема одговорност за сите нив. Сите тие сметам дека професионално ја вршат својата работа и поради тоа Федерацијата е брана за сите евентуални удари кон нив.
Она на што особено сум горд се пријателствата и контактите што ги имаме во Европа и Светот. Имаме исклучителен однос со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и со останати влијателни луѓе од УЕФА и ФИФА. Тие знаат дека во ФФМ имаат сигурен партнер за сите идни проекти. Тоа е од взаемна корист. Во година во која одбележуваме три децении од членството во УЕФА, не можевме ниту да сонуваме подобар однос со Европската фудбалска асоцијација.
Тука сме и со кренати глави стоиме пред вас претставувајќи го извештајот за постигнатите резултати согласно планираното. Работиме со континуитет и ќе продолжиме да инвестираме пред се во инфраструктурата. Лигата е интересна и неизвесна, а вложувањата во младинскиот и женскиот фудбал се најголеми во историјата. Извештајот што го имате пред вас најдобро го покажува обемот на активности и проекти на Фубдалската федерација на Македонија.
Од се срце им благодарам на сите вработени во ФФМ, на Вас, делегатите на Собранието и членовите на Управниот одбор, на клубовите, тренерите, фудбалерите, судиите и целиот фудбалски персонал за придонесот во развојот на македонскиот фудбал. За мене, вашиот квалитет и работа ја надминува реалната рамка на државата. Она што заеднички го правиме е над сите очекувања. Потврда за тоа е видеото во кое ги гледаме најголемите инвестиции на ФФМ во изминатиот период. Штип, Велес. Охрид, Чаир, Битола, Чепчиште, Скопје.
Уште еднаш благодарност до сите вас што ја прифаќате основната улога и функција на фудбалот. Да не зближува. Нас луѓето и нациите“.
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија1 ден
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Магазин2 дена
YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори
-
Lifestyle2 дена
Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани
-
Автомобили16 часа
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Lifestyle2 дена
Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи