Спорт
Офанзивецот на „црвените ѓаволи“ на чекор до шпански Бетис

Бразилскиот офанзивец на Манчестер Јунајтед, Антони, се наоѓа на чекор до повторно приклучување во редовите на Бетис, откако двата клуба најдоа заеднички јазик околу надоместокот за трансферот.
Според информациите на „Атлетик“, англискиот клуб ќе инкасира 25 милиони евра од продажбата, а ќе задржи и 50% од евентуалната негова идна препродажба.
Со ова решение е надмината клучната пречка – андалузискиот тим немаше финансиска моќ да понуди повеќе, но доколку Антони повторно заблеска во зелено-белиот дрес, Јунајтед може да оствари дополнителна заработка.
Антони пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година од Ајакс за 95 милиони евра, каде повторно соработуваше со својот поранешен тренер Ерик тен Хаг. Сепак, тешкотиите со адаптацијата и ограничената минутажа, дополнети со недоразбирањата со новиот стратег Рубен Аморим, доведоа до тоа неговото заминување да стане неизбежно.
Минатата пролет 25-годишникот настапуваше како позајмен играч во Бетис и остави одличен впечаток – на 26 средби постигна 9 погодоци и запиша 5 асистенции. Од тој момент клубот од Севилја постојано настојува да го врати во своите редови, но Јунајтед инсистираше на повисока сума.
Сега, откако не е дел од плановите на Аморим, постигнат е компромис и Бразилецот ќе се врати на „Бенито Виљамарин“.
Во меѓувреме, Бетис ја започна новата сезона во Ла Лига со осум бодови по првите четири натпревари и по паузата за репрезентативни настапи го очекува гостување кај Леванте.
Извор: thesun
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.
Одиме на победа!
Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
Димитриевски: Очекувам силна поддршка од трибините, „Целта е јасна, излегуваме на терен по победа“

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека составот на Казахстан, во натпревар што може да биде клучен за продолжување на позитивната резултатска серија.
Еден од хероите од ремито против Белгија, голманот Столе Димитриевски, изрази очекување за силна поддршка од публиката и истакна дека тимот е целосно фокусиран на триумф.
– „Нашата цел е јасна – излегуваме на терен по победа. Очекувам навивачите да дојдат во што поголем број и да ни дадат дополнителна енергија. Иако разликата меѓу Белгија и Казахстан е очигледна, тоа не значи дека мечот ќе биде лесен. Со помошта на нашата публика верувам дека ќе стигнеме до посакуваниот резултат, а тоа е победа за Македонија“, изјави Димитриевски на прес-конференцијата пред вечерашниот дуел.
Да ја бодриме нашата репрезентација!
-
Lifestyle17 часа
Во сабота сите патишта водат во „Република Клуб“- Кичево, заедно со светски познатиот Dean Mickoski и Fecky Farris & Punisher
-
Хроника21 час
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (14 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година
-
Македонија2 дена
Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!
-
Спорт1 ден
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз
-
Спорт2 дена
Димитриевски: Очекувам силна поддршка од трибините, „Целта е јасна, излегуваме на терен по победа“