Спорт
Омерагиќ ќе биде единствен кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија
Фудбалската федерација на Македонија преку својата Комисија за избори и верификација го прифати предлогот на ОФС Св.Николе за поддршка на кандидатурата од Масар Омерагиќ за претседател на ФФМ на Вонредното изборно Собрание кое ќе се одржи на 22-ри декември 2024г.
Исто така Комисијата г-дин Омерагиќ го одреди за единствен кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Македонија ремизираше на пријателскиот натпревар против Летонија на „Тодор Проески“
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови на контролниот дуел против Летонија во Скопје, меч во кој создадовме неколку солидни прилики, но завршницата повторно не беше на потребното ниво.
Првата посериозна ситуација ја создаде Милан Ристовски во 14. минута, кога со вешт дриблинг се ослободи од противнички играч и биеше од дистанца, но летонскиот голман Рихард Матревичс беше подготвен. Летонците возвратија десет минути подоцна преку Гутковскис, кој по центаршут од левата страна шутираше со глава, но топката заврши крај нашиот голман Столе Димитриевски.
Летонија ја имаше најдобрата своја шанса во 70. минута, кога Икауниекс шутираше од дваесетина метри и ја погоди гредата.
До самиот крај, двете екипи не успеаја да креираат сериозни обиди, па средбата заврши со почетниот резултат.
МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА 0:0
Присуство: 4.000 гледачи
Главен судија: Милош Савовиќ (Црна Гора)
Жолти картони: Серафимов, Костадинов (Македонија) – Икауниекс (Летонија)
Спорт
Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот од Сасуоло со 0–3. По овој неуспех, тимот од Бергамо падна на 13-тото место на табелата со вкупно 13 освоени бода.
Јуриќ ја презеде клупата на Аталанта во јули и го предводеше тимот на вкупно 15 натпревари, од кои забележа четири победи – по две во Серија А и во Лигата на шампионите.
– „Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници. Аталанта им се заблагодарува на Јуриќ и на неговиот стручен штаб за посветеноста и им посакува успех во понатамошната кариера,“ се наведува во официјалното соопштение на клубот.
Според италијанските медиуми, главен кандидат за нов тренер на Аталанта е Рафаеле Паладино.
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
-
Кичево2 денаОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (13 ноември)
-
Хороскоп11 часаХороскоп за петок (14 ноември)
-
Временска прогноза1 денПопоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
-
Македонија2 денаНов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди
-
Магазин2 денаВашиот WhatsApp станува неосвоив – новата функција целосно ги блокира непознатите контакти
-
Lifestyle22 часаКолку кафе пиете дневно? Медицината вели дека ова се безбедни количини.
-
Здравје и убавина2 денаНаправете дома природен „Витамин Ц“ напиток
