Следете не

Магазин

OpenAI размислува да воведе реклами во ChatGPT: Амбициозен обид да се натпреварува со Google

Објавено пред

на

OpenAI, еден од водечките играчи во светот на вештачката интелигенција, ја разгледува можноста за воведување реклами во ChatGPT како дел од стратегијата за профитабилност. Оваа идеја би можела значително да го промени корисничкото искуство и да отвори нови прашања за довербата и етиката.

Префрлување кон модел на рекламирање

Иако OpenAI досега се потпираше на претплати и партнерства, компанијата истражува како рекламите би можеле да функционираат во рамките на ChatGPT. Главниот финансиски директор на OpenAI, Сара Фријар, изјави дека секое потенцијално спроведување на реклами ќе биде внимателно обмислено за да се зачува позитивното корисничко искуство. Во моментот, конкретни планови сè уште нема, што укажува на претпазлив пристап кон оваа идеја.

Улогата на Шивакумар Венкатраман

Вклучувањето на Шивакумар Венкатраман, поранешен директор на Google со големо искуство во адвертајзинг секторот, може да биде од клучно значење за развојот на стратегии за монетизација. Неговото присуство би можело да влијае на насоката на OpenAI во искористувањето на рекламите за остварување стабилен приход.

Предизвици меѓу етиката и финансиите

Со зголемените трошоци за развој на напредни технологии, OpenAI се соочува со предизвик да ја задржи финансиската одржливост. Иако добива поддршка од големи партнери како Microsoft, долгорочната одржливост бара нови извори на приходи.

Основачот Сем Алтман изрази скептицизам за воведувањето реклами. На предавање на Харвард, тој изјави дека мешањето на содржина со реклами во рамките на вештачка интелигенција би можело да ја намали довербата на корисниците и предупреди дека тоа треба да биде „последното можно решение“.

Што следува?

Одлуката за воведување реклами доаѓа во време кога многу технолошки компании бараат нови модели за монетизација. OpenAI се наоѓа пред сложена дилема: дали да остане верен на етичките принципи што ја дефинираа компанијата или да направи компромис за финансиска стабилност?

Рекламите во ChatGPT би можеле да имаат долгорочни импликации, не само за OpenAI туку и за пошироката индустрија на вештачка интелигенција. Прашањето останува: колку корисниците се подготвени да прифатат промени што би можеле да влијаат на нивното искуство?

Извор: Kurir

Хороскоп

Хороскоп за недела (26 јануари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Што и да започнете, ќе се заврши во хаос. За вас е најпаметно да ги избегнете сите ситуации во кои би го имале главниот збор. Ако при завршувањето на некоја работа користите автомобил, не одете никаде пред да посетите авто-механичар.

БИК
Можни се проблеми во љубовните односи. Во минатото сте славеле мала победа со која на партнерот сте му дале до знаење каде му е местото. Денес тоа ви доаѓа на наплата, а вашиот авторитет ќе биде разнишан доколку вашето его не го исконтролирате навреме.

БЛИЗНАЦИ
Посакувате конкретни нешта. Се околу вас е досадно и не знаете за што да се фатите и тоа да го прогласете за денешна ѕвезда водилка. Работата ви е здосадена а ни во домот не се баш најдобри односите. Не попуштајте, меланхолијата е минлива како и овој ден.

РАК
Ви годи близината на личностите кои ве инспирираат на посебен начин. Вистинско време е да повлечете конкретни потези и необавезното познанство да го преточите во нешто подлабоко. Ако своите идеи ги спроведете во дела, можеби тоа ќе значи почеток на една убава љубовна врска.

ЛАВ
Во љубовните односи сте премногу ноншалантни. Вашата желба за слобода може да биде причина за непријатни расправии. Доколку не се заозбилите и не прифатите критики, обична расправа може да прерасне во сериозен конфликт после кој следи разделба.

ДЕВИЦА
Може да ви се случи од вас да протече информација која некој ќе ја злоупотреби. Не ви е лесно да се исконтролирате, но моментално е најдобро да молчите. Внимавајте, дури и во опкружување кое нема никаква врска со вашиот професионален живот.

ВАГА
Премногу сте навредливи. Лутината ви штети на вашиот имиџ затоа што малку луѓе разбираат дека позади тоа криете ранливост. Денот е таков што е подобро да се завртите кон семејството и партнерот. Малку разонода и дружење со личностите кои ве сакаат на вашата душа ќе и направи чуда.

ШКОРПИЈА
Оптеретени сте со работа. Иако атмосферата е напната, вашата нетрпеливост може додатно да ја отежне положбата, не само на вам и опкружувањето. За да избегнете непријатности, морате да одолеете на бројни искушенија и провокации. Не влегувајте во излишни дискусии.

СТРЕЛЕЦ
Бегате од реалноста така што се препуштате на царството на фантазијата и соништата. Погрешно ја толкувате љубезноста на една личност која со својата благонаклонетост ви испраќа сигнал дека ве почитува а вие верувате дека по изгледот кокетира и најавува љубовна авантура.

ЈАРЕЦ
Ве опкружуваат луѓе кои упорно ви зборуваат што и како треба да правите. Иако не сте барале туѓо мислење, полека но сигурно почнувате да го прифаќате нивниот модел на однесување. Не личи на вам да мислите со туѓа глава, на време дистанцирајте се.

ВОДОЛИЈА
Не сте сигурни во своите потенцијали. Размислувате како да ја подобрите ефикасноста и со некоја иновација ја поправате својата финансиска ситуација. Искористете ја приликата да ги соберете околу себе пријателите кои можат да ви помогнат во се па и во работата.

РИБИ
Без оглед на се што сте планирале, бидете спремни да одложите голем дел активности. Сте ги прецениле своите можности го сакате тоа или не, ќе бидете принудени дел од одгворностите да ги препуштите на блиските соработници. Искористете го ова за краток одмор.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за сабота (25 јануари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо. Некои нешта не се онакви какви што изгледаат. Не можете да си дозволите да превземете ризик околу некоја ситуација. Можностите кои доаѓаат кај вас треба да бидат детално разгледани.

БИК
Вашите емоции денес ќе делуваат напнати и премногу изразени, тоа може да предизвика себичен впечаток кај другите. Но себичноста не секогаш мора да се карактеризира како нешто лошо. Понекогаш е здраво да направите нешто за себеси. Требада се грижите повеќе за себе.

БЛИЗНАЦИ
Вашите романтични ѕвезди денес изгледаат многу моќно. Месечината и Венера, двете најмноќни планети се подредени така што ги поместуваат вашите чувства и го запалуваат вашето срцео. Се што ви е потребно е да се појави вистинската личност.

РАК
Гледате на нештата црно бело, ќе морате да направите избор помеѓу повеќе опции. Обидете се да бидете повеќе флексибилни, разочарувањето и успехот ќе ве направат потолерантни кон другите, можеби со добра причина.

ЛАВ
Се отпуштате од некои нешта од минатото, особено во домот. Денес се изразени вашите врски со децата, на психолошки план, а тоа ве прави да делувате помладо. Се разбира тоа значи дека ќе уживате повеќе од вообичаено.

ДЕВИЦА
Партнер или колега е подготвен да направи договор што ќе ви донесе многу добри нешта, особено во домот. Ако можете да го забрзате вашето темпо, тогаш тоа ќе ви биде од корист. Вашата цел е да ја дознаете вистината а не да покажете дека сте биле во право.

ВАГА
Денес вашите лични избори и одлуки ќе бидат направени во духот на оптимизмот. Тоа е добро се додека сфатите дека некои услови се промениле во текот на времето, па ќе морате да се прилагодите.

ШКОРПИЈА
Можно е да сте биле излажани или сте биле водени на погрешен пат. Вашите планови сега треба да се прилагодат на конкретната ситуација. Ќе морате да работите надвор од вашите можности, нема друга опција.

СТРЕЛЕЦ
Следните неколку дена ќе се чувствувате како да сте се разбудиле од длабок сон. Ќе почнете да сфаќате дека некои ситуации кои ви делуваат збунувачки се всушност многу појасни. Ќе му дадете поддршка на некој помлад член од вашето семејство.

ЈАРЕЦ
Понекогаш притисокот да направите избор и да одлучите што е исправно е премногу голем. Можете да чувствувате како да се повлекувате настрана. Во минатото сте биле под притисок од многу луѓе, после се сега ќе мора да се изберете себеси.

ВОДОЛИЈА
Ќе ви биде потребен комфорт и стабилност, но во последно време тие некако ви се испуштаат од рака. Не грижете се, на крај се ќе биде добро. Ако вложите малку повеќе труд сега, ќе добиете многу повеќе во иднина.

РИБИ
Вашите емоционални длабочини се бранувани од последните борби кои сте биле принудени да ги водите. Ќе почнете да гледате кон иднината со повеќе јасност. Пристигнуваат добри вести. Никогаш не се сомневајте дека ќе ја имате љубовта од една специјална личност.

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари

Објавено пред

на

Додека Apple и Google одбиваат да го вратат TikTok во нивните е-продавници за апликации додека не го купи американска компанија, препродавачите на eBay се обидуваат да ја искористат ситуацијата нудејќи им на iPhone уреди со инсталирана апликација по огромни цени. Ова доаѓа откако TikTok беше привремено забранет во САД, пред претседателот Доналд Трамп да потпише извршна наредба за заштита на апликацијата во следните 75 дена.

Apple зазеде цврст став дека нема да го врати TikTok во App Store додека апликацијата не ја купи американска компанија, а Google го стори истото со својата Play Store. Оваа одлука на двата технолошки гиганти дополнително ја искомплицира ситуацијата околу популарната апликација за споделување кратко видео.

Во меѓувреме, на eBay се појави нов тренд. Најскап меѓу рекламите е iPhone 15 Pro Max со 256 GB меморија, за кој бараат неверојатни 75.000 долари, додека повеќето други реклами ја задржуваат цената околу 50.000 долари.

Еден од продавачите, кој има 100% позитивни критики на eBay, во огласот наведува дека телефонот е во сосема нова состојба и цело време бил заштитен со квалитетна футрола. Сепак, она што привлекува внимание не е состојбата на телефонот, туку фактот што ја работи апликацијата TikTok.

Дури и ако некој реши да издвои огромна сума пари за ваков телефон, самата апликација најверојатно ќе биде неупотреблива поради забрана на системот. Во моментов нема информации дека телефони се продадени по овие цени, а се очекува продавачите наскоро да ги тргнат своите огласи, пренесува telegraf.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за недела (26 јануари)

ОВЕН Што и да започнете, ќе се заврши во хаос. За вас е најпаметно да ги избегнете сите ситуации во...

Кичево3 часа

(ВИДЕО) Жителите на кичевската населба Иванидол бараат дислокација на Асфалтната база која е речиси до куќите

Базата за асфалт изградена во населба Иванидол – Кичево е оддалечена само 60 метри од куќите, а како што се...

Македонија12 часа

Во охридската Општа Болница вработена нападнала колешка во работно време

На 24.01.2025 во 13.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка...

Кичево13 часа

„Саншајн Кидс“ – Кичево со серија бесплатни работилници за еманципација и едукација во рамките на проектот #BeHerVoice.

Граѓанското здружение од Кичево „Саншајн Кидс“ Ве поканува да учествувате во уникатна серија работилници за еманципација и едукација организирани во...

Спорт14 часа

(ВИДЕО) Имплементирање на ВАР системот ќе ја врати сигурноста на терените и кај инвеститорите, младите селекции ќе го добијат вистинскиот третман

Претседателот на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ во интервју за ТРТ Балкан говори за неговата визија како да се подобрат состојбите...

Временска прогноза16 часа

Температурна инверзија, ладно во градовите, магла и топло на превоите и котлините

Голема температурна инверзија имаме  и ова утро и претпладне во Македонија, котлините се многу поладни од планинските места и Скијачките...

Македонија19 часа

Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!

Денес 25.01.2025 изминуваат 44 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој со својот огромен...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (25 јануари)

ОВЕН Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо....

Социјални мрежи1 ден

Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари

Додека Apple и Google одбиваат да го вратат TikTok во нивните е-продавници за апликации додека не го купи американска компанија,...

Спорт1 ден

Футсал Македонија до 19 години оствари значајна победа над Гибралтар во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Молдавија

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од...

НАЈЧИТАНИ