Следете не

Магазин

OpenAI воведе нова функција: Што може да направи ChatGPT сега?

Објавено пред

на

Компанијата за развој на вештачка интелигенција OpenAI, со седиште во Калифорнија, ја претстави новата функција Deep Research во рамките на ChatGPT. Оваа можност овозможува изведување на повеќестепени интернет-пребарувања за сложени задачи, при што новиот агент за вештачка интелигенција може да ги заврши задачите за неколку десетици минути, наместо многу часови, како што би било потребно на луѓето.

За кого е наменета оваа функција?

Според OpenAI, новата алатка е корисна за професионалци во областите на:

  • Финансии
  • Наука
  • Политика
  • Инженерство

Дополнително, може да биде од корист за секој што бара детално истражување пред носење одлуки, како што се купување автомобили, апарати или мебел.

Кој може да ја користи?

Функцијата моментално е достапна само за ChatGPT Pro корисниците, со ограничување од 100 прашања месечно. Очекувањата се дека наскоро ќе биде достапна и за корисниците на ChatGPT Plus и Team.

Кога и каде ќе биде достапна?

  • Веќе достапна на веб-страницата на ChatGPT
  • Ќе биде претставена на мобилни и десктоп апликации во рок од еден месец

OpenAI: Ова е чекор кон вештачка општа интелигенција (AGI)

Од OpenAI изјавуваат:

„Способноста да се синтетизира знаењето е предуслов за создавање ново знаење. Затоа, Deep Research е значаен чекор кон нашата поширока цел за развој на вештачка општа интелигенција (AGI) и може да помогне во научните истражувања.“

Извор: B92

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (10 март)

Објавено пред

на

Овен

Не сте многу посветени и само онака ги завршувате работите. Колегите и надредените можат да ви замерат поради тоа.

Расположението на саканата личност е во спротивност со вашето. Како да сакате исти работи, но во различно време.

Исцрпени сте.

Бик

Се јавуваат компликации кај вас на работа, но тоа не ве чуди. Како да го очекувавте ова.

Мирот и сигурноста од саканата личност ви влеваат верба во љубовта, но и сила.

Покачена температура.

Близнаци

Денеска е поволен ден кога станува збор за финансиите. Можете да очекувате позитивен исход во решавање на проблемите.

Се јавува можност за нова врска, но вие не сте сигурни што сакате.

Внимавајте во сообраќајот.

Рак

Не е добар момент за нови работи. Осигурајте се добро пред да направите нов чекор.

Иако мислите дека ситуацијата се смирила, се подготвува нова бура во вашиот однос со партнерот.

Потребна ви е релаксација.

Лав

Денеска ќе добиете важна задача која лесно ќе ја решите ако не се оптоварувате со притисокот од окружувањето.

Ќе ви пријде личност родена во знакот Лав, на која досега не сте обрнувале внимание.

Избегнувајте ги цигарите.

Девица

Ако се занимавате со приватен бизнис, ова е потежок период за вас. Денеска ви е потребна стратегија.

Загрижени сте дека вашите чувства не се возвратени во мерата која ви е потребна. Немате храброст за искрен разговор.

Поволен период за слабеење.

Вага

Ќе ви биде тешко да ја одржите концентрацијата, немојте да правите грешки.

Почувствителни сте од вообиачено и започнувате кавги без причина.

Потребен ви е одмор.

Шкорпија

Ќе се појават мали препреки кои ќе ги надминете без проблем. Денеска ќе бидете безгрижни.

Ако сте одлучни да ја освоите личноста која ви се допаѓа, подгответе се за тешка задача. Таа како да не е подготвена за сериозна врска.

Можна е несоница.

Стрелец

Успехот кој сакате да го постигнете ќе дојде само со тимска работа.

Со својата појава и ведар дух ги шармирате сите околу себе. Уживате во убавиот ден.

Здравјето е добро.

Јарец

Денеска ќе почувствувате некаков вид на олеснување. Како да попушта товарот кој го носевте досега.

Вашата верност може да биде доведена во искушение. Ни самите не знаете што да очекувате.

Би ви годела масажа.

Водолија

Поволен ден за решавање на проблемите. Конечно ќе успеете во тоа.

Можно е да сте запознале личност која е расположена за сериозна врска, но не сте сигурни колку таа е ваш тип.

Здравјето е добро.

Риби

Конечно доаѓаат подобри денови. Можно е подобрување на полето на финансиите.

Немате проблеми во врската. Конечно имате стабилен партнер.

Имате многу енергија.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Дали сте знаеле за моќниот домашен еликсир против пролетната поленска кивавица?

Објавено пред

на

Кога ќе дојде пролетта и дрвјата ќе започнаат да расцутуваат, огромен број на луѓе започнуваат да развиваат симптоми на алергија на полен. Ако и на вас ви пречи тоа и постојано ви тече и ве чеша носот, кивате, кашлате… пробајте го овој едноставен, а моќен еликсир кој ќе ве ослободи од маките.

Од алергија на полен страдаат многу лица. Станува збор за непријатна појава која неретко бара консумирање на антихистаминатици и други лекови против алергија.

Сепак, пред да посегнете по хемиските препарати, пробајте го овој народен рецепт за напиток кој помага во ублажувањето на симптомите.

Состојки:

1 среден морков

2 големи портокали

½ краставица

5-10 листови нане

20 гр свеж корен од ѓумбир

Подготовка:

Измијте го и излупете го овошјето. Исецкајте ги сите состојки и ставете ги во блендер. Вклучете го блендерот и добро измешајте ги сите состојки, а листовите од нане додадете ги на крајот.

Како да го консумирате

Доволната количина од овој напиток е една чаша дневно која треба да се испие наутро, пред појадокот.

Овој лековит напиток ќе го зајакне вашиот имунитет па се препорачува и за оние кои не страдаат од сезонските алергии.

Како делува: Портокалите ќе го заштитат вашиот имунолошки систем бидејќи се одличен извор на витамин Ц. Нането е одличен природен инхалатор за респираторниот систем, кој по правило, најмногу страда кога ќе дојде пролетта. Ѓумбирот ја намалува главоболката која настанува како последица од зачестеното кивање, а исто така е и моќен антиоксидант.

/denar.mk

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за недела (9 март)

Објавено пред

на

Овен

Успевате да ги решите сите проблеми кои ве оптоваруваа изминатиот период. Денеска ќе се чувствувате многу подобро.

Имате потреба отворено да разговарате со саканата личност за работите кои долго ги држевте во себе.

Проблеми со нозете.

Бик

Не е претерано поволен ден за нови вложувања, кредити, позајмици или други финансиски одлуки.

Ви годи вниманието кое го добивате од личноста која долго време се труди да ви се приближи.

Посетете лекар за рутинска контрола.

Близнаци

Задоволни сте од околностите на ова поле. Остваривте стабилност кон која тежнеевте и добро се чувствувате поради тоа.

Ве очекува интересна средба со личност која искрено ви значи.

Потребно е да внесувате повеќе течности.

Рак

Одлучни сте и подготвени да ги покажете способностите во најдобро светло. Сакате унапредување.

Сакате стабилност во врската. Подготвени сте за важни одлуки.

Би ви годела масажа и опуштање.

Лав

Во себе имате мир, самодоверба и добро се чувствувате. Пред вас е поволен период да донесете важни одлуки на ова поле.

Можна е минлива авантура, но денешниот ден генерално не е поволен за сериозна врска.

Многу сте чувствителни.

Девица

Можно е и самите да не сте сигурни во која насока би требало да одите. Имате голема дилема кога станува збор за работата.

Можете да очекувате позитивна ситуација со саканата личност, но некои ситници ви ја нарушуваат убавата атмосфера.

Ви недостасува сон.

Вага

Можете да се надевате на остварување позитивни промени на полето на работата. Пред вас е поволен ден.

Спонтано доаѓате до ново познанство кое многу ќе ви годи.

Напнати сте.

Шкорпија

Чекате нова шанса за важни работи. Подготвени сте да се посветите максимално на работата.

Ви се допаѓа личност со која на прв поглед немате ништо заедничко, но ве спојува некоја необична енергија.

Тахикардија.

Стрелец

Пред вас е можност да се занимавате со некои работи кои одамна сте требале да ги завршите.

Ве очекуваат убави моменти со саканата личност. Ако сте слободни, ве очекува интересен флерт.

Избегнувајте стресни околности.

Јарец

Можно е вашата стабилност да биде загрозена на некаков начин. Тоа ќе ви донесе голем стрес.

Имате впечаток дека саканата личност ви внесува притисок во животот. Не сте подготвени да и се посветите и да ги менувате своите навики.

Можна е главоболка.

Водолија

Ако соработувате со личност родена во земјен знак, во текот на денешниот ден ќе имате мали проблеми.

Имате стабилен однос со саканата личност и поради тоа сте заодоволни. Не ве очекуваат големи промени.

Можни се проблеми со кичмата.

Риби

Дружењето со колегите ви носи нови идеи за работа.

Ве очекува средба со личност која на прв поглед делува малку дистанцирано.

Здравјето е без проблеми.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево38 минути

Утре во Кичево се организира бесплатен преглед на очен притисок, бидете дел и спречете го „тивкиот убиец на видот“ – Глауком

Утре 11-ти март (вторник) со почеток од 09:00 до 14:00ч на градскиот плоштад во Кичево по повод „светската недела на...

На денешен ден10 часа

10 март – На денешен ден

1628.- Роден е италијанскиот лекар и ботаничар Марчело Малпиги, кој се смета за креатор на микроскопската анатомија. Тој измислил многу...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за понеделник (10 март)

Овен Не сте многу посветени и само онака ги завршувате работите. Колегите и надредените можат да ви замерат поради тоа....

Здравје и убавина22 часа

Дали сте знаеле за моќниот домашен еликсир против пролетната поленска кивавица?

Кога ќе дојде пролетта и дрвјата ќе започнаат да расцутуваат, огромен број на луѓе започнуваат да развиваат симптоми на алергија...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (9 март)

Овен Успевате да ги решите сите проблеми кои ве оптоваруваа изминатиот период. Денеска ќе се чувствувате многу подобро. Имате потреба...

Здравје и убавина2 дена

Следните седум работи кај луѓето, ја уништуваат убавината на забите

На забите штетно влијаат црвеното вино, кафето, чајот и секако цигарите. За тоа сигурно дека сте свесни, но некои штетни...

Хроника2 дена

Трагична сообраќајна несреќа го потресе Охрид пладнево, загина млад мотоциклист на регионалниот пат Охрид – Св.Наум

На 08.03.2025 година околу 14 часот,  во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, кај кружната...

Здравје и убавина2 дена

Магнезиумот е доста важен за здравјето на кардиоваскуларниот систем

Научниците посочуваат дека повеќето луѓе во денешно време имаат зголемен ризик од недостаток на магнезиум, како поради намалената содржина на...

Магазин2 дена

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Со најубава порака покажете го вашето внимание. Честит празник дами!

Денеска е 8-ми март, меѓународниот ден на жените кој се празнува секоја година. Овој празник настанал како резултат на борбата...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (8 март)

Овен Можете да очекувате генерално добар ден за работа. Пред вас е поволна атмосфера да решите некои работи. Опуштени сте...

НАЈЧИТАНИ