Кичево
(ГАЛЕРИЈА) На прекрасното кичевско „Осломејско езеро“ деновиве се одржуваше „Боила куп Кичево 2021“ – ловење крап каде учество имаа 16 тимови

Деновиве, поточно од 08.04 до денес 11.04-2021, во Кичево на прекрасното Осломејско езеро се одржа спортски натпревар во ловење на КРАП именуван како ,,Боила куп Кичево 2021,, со учество на 16 тимови, каде екипата на „Карш Фиш“ победи на овој натпревар.
За потребите на натпреварот, членовите на Спортско риболовното здружение Хантер Фиш, заедно со многу други љубители на спортскиот риболов но и со несебична помош и поддршка на приватни и јавни претпријатија и установи го уредија теренот околу езерото за ова напреварување .
Вкупно уловена тежина: 240,54 килограми
Број на риби: 57
Просек: 42,20 килограми
Најголема риба од „Карп Фиш“ – 6630 килограми
- 🏆место освои „Карп Фиш“ 18п 79.260 килограми
- 🥈место освои „Миа Еко Фиш“ 9п 44.040 килограми
- 🥉место освои КТ „Стартер“ 11п 40.840 килограми
Се надеваме дека со понатамошно уредување на овај простор вакви натпревари ќе бидат почеста слика, преку нашиот медиум како дел од несебичниот придонес и поддршка за овој рекреативен спорт тимот од Хантер Фиш им се заблагодаруваат на сите учесници, спонзори, пријатели, и познаници, кои допринесуваат и помагаат во изгадба на езерото.
[Best_Wordpress_Gallery id=”42″ gal_title=”Hunter Fish Kicevo ©2021″]
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Кичево
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево
Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!
Кичево
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника1 ден
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника13 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот