Временска прогноза
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите

Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и во текот на следните неколку денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер, силни и чести електични празнења, интензивен пороен дожд и со појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени а Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.
И во Скоспкиот регион ќе имаме слично време, повремено со услови за попладневна локална нестабилност. Освежување на времето ќе има од петок, односно од 8 јули и тоа проследено со пад на температурите и со засилен северен ветер – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Пред нас период на суво време и значително топло

Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево а во вторник полека облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопје и околината времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во среда (22 октомври) ќе имаме и повремени локални врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачува до околу 16 степени. Тоа значи дека температурите и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд на секаде во Македонија, локално ќе наврнат над 20 л/м²

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот до крајот на денов и утре (сабота 18 октомври) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои особено во западните и во југозападните предели ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. И во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет.
Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа долж Повардарието од југоисточен а во западните предели од источен и од североисточен правец. Поради продорот на поладен воздух од североисток денес на највисоките планински места во нашата Македонија (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови и за повремен снег.
Што се однесува до температурите тие денес ќе бидат под просекот за овој период од годината и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени а утре (сабота 18 октомври) тие ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.
Во Скопје и околината денес температурата ќе се искачи до околу 12 степени а утре таа ќе биде малку повисока и ќе се искачи до околу 16 степени, за јавноста истакна Славчо Попоски од Метеоаларм.мк
Временска прогноза
Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести

Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, во текот на ноќта среда кон четврток (15/16 октомври) во четврток во текот на денот и во петок (16/17 октомври) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои локално и повремено ќе бидат пообилни па така за време на овој период локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.
Температурите во погоре споменатиот период повторно ќе бидат во опаѓање, особено максималните дневни температури на воздухот и тие повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени а во Скопје максимумот на температурата ќе се искачува до околу 13 степени.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Да напоменам дека поради продорот на поладен воздух од североисток и од исток, на највисоките планински врвови (над 2000 метри) во Македонија ќе има услови за повремен снег, истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (21 октомври)
-
Магазин14 часа
(ФОТО) По 25 години во „Бигорскиот манастир“ се враќа копаничарската колонија
-
Временска прогноза2 дена
Пред нас период на суво време и значително топло
-
Македонија2 дена
Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена
-
Lifestyle2 дена
5 причини да јадете тиква: Ако сакате да ослабете, подгответе ја вака
-
Lifestyle2 дена
Со топол леб или палачинки: Овој џем од јаболка ќе стане вашето омилено есенско откритие
-
Магазин2 дена
Apple го претстави првиот M5 чип
-
Гејминг2 дена
Battlefield 6 продаде над 7 милиони примероци за само три дена