Скопје
Осуден во КП Идризово искршил стакло, од повредите починал на пат кон болница

На 27.08.2024 во 12.35 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово во Скопје било пријавено дека околу 12.00 часот во установата, во просторија за посети, нивниот осуденик Д.Ф.(35) од Скопје искршил стакло и се повредил, по што почнал обилно да крвари, а на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ починал.
Од страна на лекар констатирана била смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, истакна МВР.
Скопје
Лишен од слобода мотоциклист кој удри малолетничка во Скопје

Денеска (25.04.2025) полициски службеници го лишија од слобода Ј.О. (34) од Скопје затоа што околу 11.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски таблици, удрил во 10-годишно девојче.
Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде и се констатирани тешки телесни повреди.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против Ј.О. ќе биде поднесена соодветна пријава, вели МВР.
Скопје
Санкциониран возачот кој се движеше по велосипедска патека на ул. „Бутелска“, каде пред него имаше и лице со инвалидска количка

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. „Бутелска“ ве известуваме дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16:30 часот.
Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба, предмалку известија од МВР.
Скопје
Пронајден возачот кој во Скопје со возило удри во тротинет, возилото било веднаш одземено

Денеска (19.04.2025) во 11.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул. “Менделеева” во Скопје, во која учествувале патничко возило “фиат” со скопски регистарски таблици, управувано од С.А. (33) од Скопје и електричен тротинет, управуван од С.К. (28) од Скопје.
По несреќата, С.А. со возилото го напуштил местото на настанот, а С.К. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ “Мајка Тереза”, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Додека траел увидот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, на местото на настанот дошол А.А. со возилото “фиат” и појаснил дека возилото во моментот на несреќата го управувал неговиот брат С.А..
Подоцна С.А. е пронајден, известен е јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено за технички преглед, а против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, известува МВР.
-
Кичево15 часа
(ФОТО) „Атва Маркети“ во Кичево отвори нова пекара со највкусниот асортиман на бели пецива
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (26 април)
-
Кичево13 часа
ОВР Кичево во текот на вчерашниот ден со полни раце работа!
-
Кичево1 ден
На регионалниот пат Кичево-Осломеј вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу две пмв
-
Временска прогноза16 часа
Попоски овјави метео прогноза за 1- мај
-
Македонија1 ден
Кривична пријава против тројца полициски службеници од Полициската станица Кочани за пожарот во дискотеката Пулс
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (27 април)
-
Скопје1 ден
Лишен од слобода мотоциклист кој удри малолетничка во Скопје