Следете не

Здравје и убавина

Осум најдобри „антибиотици“ за имунитет подарени од природата

Објавено пред

на

Кога се обидуваме да работиме на нашето здравје или едноставно да го зајакнеме имунитетот, ние често комбинираме лекови со одредена храна. Некои од овие намирници може да се категоризираат и како најдобри природни антибиотици.

Антибиотиците се фармаколошки агенси кои можат целосно да ги уништат патогените микроорганизми или да го запрат нивниот раст или размножување без да предизвикаат значителна штета на организмот домаќин.

Современата медицина силно се потпира на употребата на такви хемиски агенси во борбата против голем број на заразни болести. Во народната медицина, храната што е природен антибиотик се користи за оваа намена со векови. Подолу носиме некои од нив.

Но, треба да се напомене дека овие намирници не се замена за антибиотици препишани од нашиот лекар. Тие имаат својства на антибиотици, но во никој случај не се во ист ранг со медицински и насочени препарати.

Тие можат да го спречат или олеснат воспалението и да го зајакнат имунитетот, но ако се борите со воспаление, задолжително консултирајте се со доктор.

1. Лук

2. Црвен кромид

3. Масло од оригано

4. Мед

5. Јаболков оцет

6. Ѓумбир

7. Рен

8. Куркума

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево1 час

Со „Integral House“ – Кичево, се ѐ полесно, тимот на професионалци вашиот дом ќе го направат во чекор со модерната „smart“ технологија, во движење и на дофат

Заборавивте ли да ги спуштите ролетните дома? А светлото во дневната соба? „Integral House“ ви нуди решение за сечиј новчаник,...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за сабота (14 декември)

ОВЕН Денес е одличен ден за дружба со вашите најсакани но не баш поволен ден за донесување важни одлуки. Ограничете...

Временска прогноза12 часа

Влажен студен бран се ближи кон наша територија, ќе имаме нови врнежи од дожд утре и снег на планинските превои

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, за време на овој викенд во Македонија ќе имаме нови...

Технологија14 часа

(ВИДЕО) Што може најмоќната „Google AI“ – „Gemini 2.0“ ?

Се вжештува битката за титулата најмоќен модел со вештачка интелигенција. Речиси една недела откако OpenAI го направи јавно достапен својот...

Спорт22 часа

Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн за квалификации за СП 2026

Денеска во Цирих, Швајцарија се одржа ждребот за квалификациите за пласман на СП, кое ќе се одржи во САД, Канада и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (13 декември)

ОВЕН Немате причина да брзате и да донесувате ненадејни одлуки. Овие дена, обидете се да ги набудувате другите за да...

Временска прогноза2 дена

Викенд метео вести: Доаѓа нов ладен и влажен бран кој ни носи дожд, силен ветер и снег на места под 1000 н.м.в, што значи превој „Стража“ би можел повторно да биде под снег

Викендот што ни претстои, територијата на нашата Македонија ќе биде зафатена од нов ладен и влажен воздушен бран кој ќе...

Кичево2 дена

Утрово избувнал пожар во комбе од локалната самоуправа од Кичево, повредени нема, интервенирала ТППЕ.

На 12.12.2024 во 07.08 часот во ОВР Кичево, С.М.(44) од Кичево пријави дека, откако го стартувал возилото комбе „ивеко“ со...

Магазин2 дена

Threads тестира напредни функции за пребарување

Платформата Threads продолжува со воведување на подобрувања со цел да ги адресира долгогодишните поплаки на корисниците. Адам Мосери, шефот на...

Магазин2 дена

Google и Meta во неволја: Европската унија започна истрага

Европската комисија започна истрага за рекламни кампањи кои го промовирале Instagram на тинејџери преку YouTube, заобиколувајќи ги правилата на Google...

НАЈЧИТАНИ