Здравје и убавина
Треба редовна лекарска контрола, но постои начин сами да проверите дали е се во ред со вашата штитна жлезда

Можеме да кажеме дека болестите на штитната жлезда се вистинска чума на модерното време, особено кај жените. Пореметувањата во работата на оваа исклучително важна жлезда предизвикуваат бројни компликации со срцето, метаболизмот, телесната тежина. Ако се сомневате дека нешто не е во ред со вашата штитна жлезда, не мора веднаш да правите анализа на хормоните. Тестирајте се сами во вашиот дом…
Освен со редовна контрола на хормоните која експертите ја препорачуваат, постои и уште еден начин за проверка дали вашата штитна жлезда работи како што треба.
Доктор Брод Барнс открил дека температурата на нашето тело е вистински индикатор за работата на штитната жлезда. Тестот со кој ќе ја проверите работата на жлездата е сосема едноставен.
Пред спиење земете го топломерот, добро истресете го и оставете го покрај креветот, па следното утро, веднаш после будењето ќе го ставите под пазувите и ќе ја измерите температурата. После 10 минути прочитајте го резултатот и веднаш запишете го. Резултатот е познат како „рана утринска базална температура“. Нормалната температура е помеѓу 36.5 и 36.8 степени.
Поради инфективни болести и кај жените кои што се во репродуктивен период, температурата може да варира, па главна препорака е овој тест да се прави кога сте здрави и во периодот непосредно после менструалниот циклус.
Резултати од тестот:
- 1. Температура помеѓу 36.5 и 36.8 степени – вашата штитна жлезда работи нормално.
- 2. Температура пониска од 36.5 степени – се работи за намалена работа на штитната жлезда (хипотироидизам). Симптомите од намалената работа на штитната жлезда се депресија, недостаток од енергија, замор, инфекции, хронични главоболки, недостаток на меморија и концентрација, губиток на косата, итн.
- 3. Температура повисока од 36.8 степени – се работи за забрзана работа на штитната жлезда (хипертироидизам) или инфекција во телото.
Поради поголема точност на резултатите, се препорачува тестот да се направи три дена по ред.
Здравје и убавина
Генетиката не е клучна за опаѓање на коса, присутни се и други надворешни влијанија кои се клучен фактор за раст на косата

Новото истражување го смета загадувањето за потенцијален двигател на опаѓање на косата. Тоа што особено е важно го открива потенцијален механизам кој може да објасни како загадувањето на воздухот го предизвикува опаѓањето на косата. Губењето на косата ги погодува две третини од мажите помлади од 35 години. После 50-годишна возраст, речиси 85 проценти од мажите губат значителна количина на коса. Жените, исто така се соочуваат со овој проблем, но во помала мера.
Причините за губење на косата се нејасни. Иако истражувачите веруваат дека гените играат клучна улога, останува значителен број на непознати фактори од околината, кои исто така може да го зголемат ризикот од губење на коса.
Хиук Чул Квон од Future Science Research Centre, од Република Кореја, е главен автор на студијата претставена од тимот на 28-от Конгрес на Европската академија за дерматологија и венерологија (EADV), кој се одржа уште во 2019-та година од 9 до 13 октомври во Мадрид.
Загадувањето го намалува нивото на важни протеини
Нов труд, насловен „Влијанието на честичките на кожните папили кај луѓето“, се осврна на ефектот на таканаречени честички на клетките во дното на фоликулите на косата. Овие клетки се нарекуваат дермални папиларни клетки на човечки фоликули (HFDPC).
– „Честички – загадувачи“ е термин кој опишува мешавина од цврсти честички и ситни капки течности, изработени од разни хемикалии, кои луѓето можат да ги вдишат. Некои од овие честички претставуваат сериозен ризик по здравјето.
Во новото истражување, Квон и неговите колеги се изложени на HFDPC честички од прашина и дизел.
По 24 часа, тимот извршил анализи за да го испита нивото од неколку протеини по изложеноста на честичките. Анализата открила дека изложеноста на загадувачи на воздухот го спуштила нивото на бета-катенинот, протеин клучен за раст на косата.
Покрај тоа, честичките од прашина и дизел го намалуваат нивото на други протеини кои го одредуваат растот и задржувањето на косата. Тие протеини биле циклин Д1, циклин Е и ЦДК2 и колку повеќе биле загадени од истражувачите, толку повеќе нивото на овие протеини се намалувало.
– Иако врската помеѓу загадувањето на воздухот и сериозните болести како што се карциномот, хроничното опструктивно белодробно заболување и кардиоваскуларните заболувања е добро утврдена, направени се малку истражувања за ефектот на честичките врз човечката кожа и косата. Нашето истражување го објаснува начинот на дејствување на загадувачите во воздухот врз HFDPC, покажувајќи како најчестите загадувачи на воздухот доведуваат до опаѓање на косата – вели Квон.
/denar.mk
Здравје и убавина
Витаминот „А“ го намалува ризикот од карцином на кожата?

Витаминот А е нутритиент од круцијално значење за здрави очи, како и за убава и млада кожа. Истражувањата, исто така откриле дека овој витамин помага во спречување на нарушувања во меморијата. Меѓутоа, неодамна се покажа дека постои и поврзаност помеѓу консумирање на храна богата со витамин А и намален ризик од карцином на кожата.
Витаминот А се наоѓа во форма на ретинол во намирници од животинско потекло како што се јајца, пилешко, мисирка, црниот дроб на говедско месо, како и во форма на бета-каротин и бета-криптоксансин во намирници со растително потекло (моркови, сладок компир, тиква, брокула, кељ, спанаќ, кајсии).
Научниците, имено според податоците на 75.170 жени (стари во просек 50,4 години) и 48.400 мажи (стари во просек 54,3 години) кои се собирани во текот на 26 години, утврдиле дека лицата кои консумираат големи количини на витамин А преку својата исхарна имаат и намален ризик од карцином на кожата.
Здравје и убавина
Зошто е корисен Ананасот за човековиот организам

Прочитајте кои минерали и витамини ќе му ги обезбедите на организмот благодарение на ова тропско овошје. Ананасот е одличен извор на диетални влакна, тиамин, витамин Б6, бакар, витамин Ц и манган.
Експертите велат дека, ако сакате да уживате во здравствените предности на ананасот, секогаш е потребно да го консумирате свеж, бидејќи конзервираниот ананас има повеќе шеќер отколку нутритивна вредност.
Досегашните истражувања покажаа дека редовното консумирање на ананас може да го поттикнат здравјето на целокупниот организам и да помогне кај превенцијата на низа болести.
Го зајакнува имунолошкиот систем
Ананасот содржи 50 проценти од дневната потреба на витамин Ц кој благодарение на одличните антиоксидативни својства го намалува нивото на слободни радикали во организмот и ги штити клетките од оштетување.
Го штити здравјето на коските
Ананасот содржи речиси 75 проценти од препорачаната дневна количина на манган, минерал кој е клучен за развојот на силни коски и сврзно ткиво. Манганот, заедно со останатите минерали, помага при превенцијата на остеопороза.
Ги намалува хроничните воспаленија
Хроничните воспаленија го зголемуваат ризикот од појава на низа болести, вклучувајќи ги и разните видови на рак, болести на кардиоваскуларниот систем, дијабетес тип 2 и артритис. Ананасот ги намалува хроничните воспаленија во телото и така директно го намалува ризикот од појава на сите болести предизвикани од хроничните воспаленија.
/денар.мк
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево1 ден
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Временска прогноза2 дена
Какво време нè очекува денес и периодот пред нас?
-
Временска прогноза8 часа
Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (28 мај)
-
Lifestyle2 дена
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Магазин2 дена
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто
-
Спорт8 часа
ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија