Кичево
Отворени работни позиции во водечкиот Интернет & TV оператор „Cable Call“ по одлични работни услови
Кабелскиот оператор, интернет, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од дополнителен персонал за работа. Имено потребни се работници и работнички за канцелариска работа како и за теренска во кичевскиот регион, претходна работа со дејноста ќе се земе за предност но не е услов.
„Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.
Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ги посетат канцелариите на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево и 11-ти септември на прв кат во непосредна близина на кичевската градинка „Олга Мицеска“
Што се однесува до најдобрите „Cable Call“, тимот на работници работи на процес на проширување на својата мрежна инфраструктура во градот, т.е отпочнување на промена на веќе постоечките нет-услуги кои во свое време биле на врвот. Со новиот мрежен систем кичевчани ќе имаат многу постабилна интернет врска, поголеми брзини, вклучувајќи ги и пакетите со кабловска телевизија со сите популарни канали.
За прв пат љубителите на компјутерски игри и различни конекции ќе имаат прилика непречено да ги користат интернет услугите со ултра минимално каснење на сигналот – latency (ping / ms) во тандем со светските интернет претставништва кои на своите корисници им нудат стабилност и брзина по најдобри цени!
Тимот на „Cable Call“ постојано е на терен и согласно обемот на работа во текот на оваа година се очекува сите домаќинства да бидат снабдени со горенаведената услуга, секако се работи и на оптичка дигитализација и на телевизијата.
* Преку нашиот сервис наскоро ви најавуваме многу интернет новости, gaming сервери и најразлични поволности за сите нови и стари корисници!
Сите пакети и услуги може да ги најдете ТУКА, додека „Cable Call“ во Кичево се наоѓаат на старо-добрата локација на адреса Ул. „Бул. Ослободување бр. 60“ – Лок./4
Кичево
Фрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
На 07.11.2025 во 23:01 часот во ОВР Кичево е пријавено дека едно лице фрлило шише со запалива течност во куќен двор, сопственост на Н.Р. од Кичево.
Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од сопственикот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции.
Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на Традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.
Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје.
За сценско презентирање, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.
Облековниот инвентар на Ансамблот „Македонија“ се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. На ХХ век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на ХХ век.
Нацеловечерниот концертот на Ансамблот „Македонија“, насловен како ансамбл „Македонија“ со вас, ќе имате прилика да уживате во звуците на чалгијата од градските центри: Тетово, Битола, Скопје, Велес, Струга и Охрид, претставувајќи ни ги Градските игри и песни.
Проект поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија.
04.11.2025 г. (вторник) / 19:00ч
НУЦК „Кочо Рацин“
Влез: Слободен
Кичево
Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се покажа дека токму тоа е потребно на кичевчани, така што со 14,228 гласови за разлика од опонентот кој го водеше градот три мандати кој освои 2020 гласови помалку, г-дин Јовановски стана нов гратски татко, поддржан дефинитивно од сите политички субјекти, неопределени и определени.
Популарниот „Док“, г-дин Александар Јовановски (49 год) е доктор по општа медицина, вработен во сопствена приватна здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево, која го носи името на неговата покојна мајка. Сопруг е на албанката Линдита Лимани Јовановска (39), среќно оженет во 2014 година. Таа е магистер, професор по англиски јазик. Татко е на три деца Јана, Живко и Дафина.
Во својата богата кариера, владее одличен рејтинг, а сега народот му дава нова улога – градоначалник на град Кичево. Мултиетничка средина, во која Јовановски сигурно ќе постигне позитивни резултати.
Од нашата редакција упатуваме честитки, за успешна и плодна работа, работа која дефакто мора да стартува час поскоро. Сигурни сме во мнозинскиот избор на кичевчани, дека Докторот ќе биде со фокус на единство, прекугранично меѓуетничко разбирање, и ќе биде човек кој не гледа националност, ќе гледа работа и просперитет.
-
Кичево13 часаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Култура2 денаУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Спорт5 часаКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Македонија1 денСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Временска прогноза2 денаОд денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
-
Македонија2 денаЛишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
-
Македонија2 денаОд 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици

