Следете не

Спорт

Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров

Објавено пред

на

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина, Сергеј Ребров, го објави списокот на фудбалери на кои ќе бидат на располагање на квалификациските мечеви во октомври, односно против Македонија во Прага на 14 октомври, и три дена подоцна против Малта во Ла Валета.

На листата повикал вкупно 25 фудбалери, а во него се и тие повисоко рангирани според фудбал маркетот, Олександр Зинченко, Руслан Малиновски, Роман Јаремчук, Михаило Мудрик…

Македонија на првиот меч во Скопје имаше два гола предност, но на крајот загуби од Украина со 2-3 и се чини дека за тој меч треба и тоа како да се одмаздиме на гостински терен!

На списокот на Сергеј Ребров се наоѓаат следните фудбалери:

Спорт

Фудбалската федерација на Македонија истакна дека поради честите судиски грешки во иднина ќе воведе „ВАР“

Објавено пред

на

©ФФМ

Вчерашниот натпревар  Струга Т.Љ. – Воска Спорт јасно илустрираше колку е критично отсуството на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашиот фудбал. Сериозните судиски грешки доведоа до значителна неправда за тимовите во МФЛ и не само што предизвика разочарување и гнев, туку ја потенцираше потребата за брзи дејствија во насока на подобрување на судењето и спроведување на праведноста.

Во текот на сезоната, се соочивме со судиски грешки кои директно влијаеа на интегритетот на фудбалската играта. Последните судиски грешки, но и грешките во изминатите кола од МФЛ, не принудуваат да се движиме побрзо кон подобрување и праведност во македонскиот фудбал.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е цврсто решена да не дозволи неправда во фудбалот, без разлика на цената.

Со тоа на ум, ФФМ активно работи на воведување на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашите лиги. Свесни сме за предизвиците кои ги носи овој процес, особено во наоѓањето на соодветна продукциска куќа за емитување на натпреварите, што беше и клучен проблем и покрај нашата решеност веќе оваа сезона да имаше достапна ВАР технологијата тоа да не се оствари, бидејќи овој чекор е критичен за ефективното воведување и функционирање на ВАР технологијата. Нашата цел е да овозможиме оваа технологија што е можно побрзо да биде достапна, иако се соочуваме со комплексни логистички и технички барања за имплементација на истата и на кои интензивно работиме да ги надминеме.

Фудбалот не е само игра, туку симбол на спортска правда и рамноправност. Во срцето на секој натпревар е желбата за фер-плеј, каде секој тим има еднакви шанси за успех.

Паралелно со овие напори, ФФМ континуирано инвестира во професионалниот развој на нашите судии. Редовно ги испраќаме на обуки и семинари во рамките на УЕФА со цел подобрување на нивните вештини и способности за правилно судење.
Ние сме посветени на обезбедување на највисоки стандарди во нашиот фудбал и веруваме дека овие чекори ќе придонесат кон правичен и квалитетен фудбалски исход, истакна Фудбалската федерација на Македонија

Прочитај повеќе...

Спорт

Јакимовски: „Се наоѓаме во добра група, мотивацијата ни е на високо ниво, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното ЕП“

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година од 15 до 25 јули ќе се оддржи во Северна Ирска.

Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски се наоѓа во групата 7 со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Тони Јакимовски даде свое видување и кратка анализа за групата од Елитната рунда на квалификации за пласман на ЕП.

– Задоволен сум од ждрепката, се наоѓаме во добра група. Реално можевме да добиеме и потешки противници. Меѓутоа во денешниот фудбал модерен фудбал, нема слаби и јаки репрезентации, сите располагаат со одреден квалитет и умеат да играат фудбал на високо највисоко ниво.

– Се надевам дека на претстојните квалификации во рамките на Елитната рунда за пласман на Европско првенство, пред се ќе успееме да го задржиме континуитетот на добри игра и позитини резултати. Нема да биде нималку лесно, но подготвени сме за овој предизвик.

– Мотивацијата кај моите фудбалери и целиот стручен тим е на едно високо ниво. Ќе дадеме се од себе за да успееме да отидеме чекор понапред и обезбедиме пласман на Европско првенство.

– Постои голема жеба за докажување и надигурвање кај моите фудбалери. Се надевам дека нема да изостане и ќе успееме да се прикажеме во добро светло во март. Да го заокружиме овој тригодишен циклус со успех.

– Се надевам дека во следниот период на подготовки, сите фудбалери ќе бидат здрави и ќе ги имам на располагање. Не очекуваат два контролни мечеви во Скопје против селекцијата на БиХ на 27 и 29 февруари. Тоа ќе биде и нашата последна проверка пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП.

– Максимално верувам во оваа генерација на фудбалери. Покажавме карактер, одлучност и голема желба за успех. Очекувам дека можеме да направиме и постигнеме нешто повеќе, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното Европско првенство.

Елитната рунда квалификации се игра од 18. до 26. март 2024 година.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 19 години во група со Швајцарија, Украина и Летонија за пласман на ЕП 2024 – Ајде наши!

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година од 15 до 25 јули ќе се оддржи во Северна Ирска.

Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски се наоѓа во групата 7 со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.

Елитната рунда квалификации се игра од 18. до 26. март 2024 година.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура3 часа

Денес е Св. Ѓорѓија, заштитник на сиромашните, лекар на немоќните – за многу години слава и именден!

На денешен ден верниците со православна вероисповед го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава, овој голем ден се...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за сабота (9 декември)

ОВЕН Интуицијата денес ќе ве води во вистинската насока. Многумина од вас ќе се најдат пред нова можност со разговор...

Кичево14 часа

Вчера во сообраќајни контроли на подрачјето од СВР Охрид во Кичево најмногу санкции за возачи кои возеле побрзо од дозволеното

Вчера на 07.12.2023 година од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа,...

Гејминг14 часа

(ВИДЕО) Избрани најдобрите игри за 2023 година на официјалниот „The Game Awards 2023“, ова е списокот на добитници…

Оваа година, повеќе од 100 глобални медиуми го дадоа својот глас во 31 категорија, а победниците беа објавени на стримот...

Временска прогноза21 час

Продолжениот викенд стабилно и суво, студено ќе биде на утро и во вечерните часови

За време на овој продолжен празничен викенд во Македонија ќе има стабилизирање на временската состојба. Ќе има повеќе сонце, но останува...

Култура1 ден

Денес го празнуваме Свети Климент Охридски, наш најголем просветител и учител.

Денеска го празнуваме Свети Климент Охридски, наш најголем просветител и учител. Свети Климент Охридски македонски светец и еден од учениците...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (8 декември)

ОВЕН Иако не треба да очекувате посериозни проблеми, ќе имате прилично тешко да ги држите работите под контрола. Не верувајте...

Спорт2 дена

Фудбалската федерација на Македонија истакна дека поради честите судиски грешки во иднина ќе воведе „ВАР“

Вчерашниот натпревар  Струга Т.Љ. – Воска Спорт јасно илустрираше колку е критично отсуството на технологијата за видео асистент судија (ВАР)...

Кичево2 дена

(ФОТО) Внесете ја новогодишната магија во вашиот дом со новогодишните украси од „АТВА Маркети“

Внесете Новогодишна магија во вашиот дом, голем избор на новогодишни украси и лампиони во АТВА Маркетите, посетете ги уште веднаш!

Спорт2 дена

Јакимовски: „Се наоѓаме во добра група, мотивацијата ни е на високо ниво, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното ЕП“

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година...

НАЈЧИТАНИ