Спорт
Ова се избраниците на Канатларовски против Холандија и Гибралтар

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Холандија (5. септември) и против Гибралтар (9. септември) од циклусот за пласман на ЕП 2025.
На списокот на селекторот Канатларовски за двата гостински меча се наоѓаат следните 24 фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Марко Алчевски – Хапоел Ерусалим (Израел)
Андреј Јовчевски – Пелитер
Филип Купанов – Брера А.П.
ОДБРАНА:
Стефан Деспотовски – Шериф Тираспол (Молдавија)
Решат Рамадани – Шкендија
Имран Фетаи – Беса
Андреј Стојчевски – Жилина (Словачка)
Ѓорѓе Џеков – Силекс
Ерен Алиевски – Трелеборг (Шведска)
Анес Мелиќи – Шкендија
СРЕДЕН РЕД:
Иван Николов – Сондеријске (Данска)
Ардијан Цилафи – Сампдорија (Италија)
Хамза Рамани – Шкупи
Бесар Гуџуфи – Шкупи
Димитар Тодоровски – Брера А.П.
Ване Крстевски – Шкендија
Мартин Ѓеоргиевски – Брера А.П.
Бехар Фета – Марибор (Словенија)
Фисник Исаки – Б93 (Данска)
Михаил Талевски – Пелистер
Матеј Ангелов – Черкаси (Украина)
НАПАД:
Марио Илиевски – ЦСКА 1948 (Бугарија)
Фитон Адеми – Шкендија
Филип Трпчевски – Хакен (Шведска)
Собирот на македонската репрезентација до 21 година е закажан за 2. септември. Во квалификациската група за пласман на ЕП 2025 година, нашата млада репрезентација на досегашните шест натпревари оствари две победи. Холандија има максимален учинок од седум победи. Гибралтар славеше против Молдавија на гостински терен запишувајќи ги првите три бода во групата Ц.
1. Холандија 21 (7)
2. Грузија 13 (6)
3. Шведска 10 (6)
4. Молдавија 6 (7)
5. Македонија 6 (6)
6. Гибралтар 3 (8)
Спорт
Кичевчанецот Дејан Милошевски повторно во најдобрите 16 карате судии во САД, претходно беше избран за член на судиската карате комисија на и одговорен за 12 држави

Изминатиов викенд 1-2 февруари во Денвер Колорадо се одржа изборен натпревар за членови на америската сениорска карате репрезентација за 2025. Само 16 судии беа официјално поканети од вкупно 280 национални активни карате судии, меѓу кои и нашиот светски македонски карате судија Дејан Милошевски. Тој беше избран и за член на Комисијата за жалби, одговорна за решавање на сите карате протести на овој натпревар.
– „Натпреварот започна со дисциплината кати, каде евалуацијата на перформансите во кати беше оценета од страна на 5 или 7 ката судии со помош на електронскиот спортдата систем. За судењето на борбите се користеше истиот систем со помош на џојстик со кој електронски секој судија ги регистрираше поените. Овој систем се користи на сите официјални интернационални натпреварувања во организација на СКФ“. Ова ми е втора година по ред да бидам дел од овој тим. Навистина голема благодарност до претседателот на Карате федерацијата на САД за укажаната доверба. Во историјата на САД, да се биде првиот Македонец во најдобрите 16 карате судии и член на Судиската комисија претставува огромно признание и чест за мене и за нашата македонска диајспора.
– До сите што се стремат кон своите соништа: Верувајте во себе – она што изгледа невозможно може да стане реалност“ – додаде популарниот каратист.
Инаку, токму на 28 декември 2024 година Карате Федерацијата на САД (USA Karate) објави на својата официјална страница дека во 2025 година ќе воведе структурни измени во националнaтa судискa програмa. Дел од овие промени е и назначувањето на нашиот светски познат македонски карате судија, Дејан Милошевски, како асистент на главниот судија за Регион 4 – што опфаќа 12 држави.
Според соопштението од Карате Федерацијата на САД, се истакнува дека промените во националнaтa судискa програмa се насочени кон зголемување на професионалноста и ефикасноста во судиската работа. Дел од овие промени вклучуваат нови раководни улоги и појасно дефинирање на регионалните одговорности. Визијата е да се работи на усовршување на националниот судиски систем, преку поддршка на младите судии и организација на натпревари во рамките на своите региони. Дејан Милошевски има огромно меѓународно искуство како судија на Светската карате федерација (ВКФ) и Европската карате федерација (ЕКФ) го прави идеален избор за оваа позиција, со што уште еднаш се потврдува неговата посветеност и неговиот квалитет во светот на карате спортот.
– „Од самиот почеток беше навистина предизвик за мене да успеам да се вбројам меѓу најдобрите судии во САД. Неколку години навистина се посветив да бидам присутен на сите натпревари на оваа страна од светот и гордо да ја претставувам Македонија. Во 2023 бев и првиот Македонец во карате историјата на САД и Македонија да бидам член на судискиот тим во избор на националниот тим на САД, но и да бидам прогласен за македонски карате амбасадор. Предизвикат беше огромен тргнувајќи од фактот дека сум заборавен изминативе 6 години и немам никаква подршка ни признание за моите успеси од Македонската карате федерација. Успесите надвор од државата никој не може да ги избрише и ќе останат да сведочат дека со работа, посветеност и професионалност може да се успее. На крај голема благодарност до Карате федерацијата на САД за укажаната доверба и нивната континуирана поддршка“, за јавноста преку интегрален текст истакна кичевчанецот Дејан Милошевски.
Со ова назначување Милошевски ја продолжува својата мисија за унапредување на каратето и афирмацијата на македонските спортски амбасадори на меѓународната сцена.
Д.Б.
Спорт
Дали Антоан Гризман се сели во американската МЛС лига?

Французинот Антоан Гризман се поврзува со преселба во САД, но останува да одлучи клучниот човек за него Диего Симеоне, кој ќе оди на пресметката во Бернабеу. Гризман треба да донесе уште една важна одлука. Според последните извештаи, Гризман ќе остане доследен на зборот:
– Атлетико Мадрид ќе биде неговиот „конечен клуб во Европа“. Единствениот вистински сомнеж лежи во тоа дали тој ќе замине ова лето или следното – и на која МЛС франшиза ќе се приклучи, со оглед на неговото добро познато обожавање за се што е американско.
Чувството е дека Французинот, кој во март ќе наполни 34 години, се стреми кон заминување на крајот од актуелната кампања, што значи дека сабота може да биде последниот танц за „Малиот принц“ во дербито на Мадрид (иако Атлети допрва ќе може да го извлече Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите).
Влогот не може да биде многу поголем, без оглед на тоа, со оглед на тоа што Роџибланкос моментално се втори во Ла Лига, само еден бод зад нивните омразени градски ривали по 22 кола, пренесува Goal.com
Спорт
УЕФА претставници со високи очекувања и оценка за судиската организација при ФФМ, визиите и методите за имплементација на „ВАР“ беа презентирани од претседателот Омерагиќ

Судиската организација при ФФМ, изминатата седмица беше подложена на редовна контрола за спроведувањето и реализацијата на обврските од Судиската конвенција на УЕФА. Контролата ја спроведоа претставниците на УЕФА, Катја Сенеси и Леонид Калошин, кои во текот на посетата спроведоа темелна анализа на сите сегменти од функционирањето на судиската организација во рамките на Фудбалската Федерација на Македонија.
Претставниците на УЕФА имаа работна средба со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, кој им ги презентираше визиите и новите методи на работа, генерално во ФФМ, но и со акцент на судиската организација и отпочнувањето на имплементацијата на ВАР системот во македонскиот фудбал, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Во продолжение, повеќе ќе прочитате на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
-
Здравје и убавина2 дена
Ова е еден од најздравите чаеви, го нормализира холестеролот, шеќерот во крвта и го обновува црниот дроб
-
Спорт11 часа
Кичевчанецот Дејан Милошевски повторно во најдобрите 16 карате судии во САД, претходно беше избран за член на судиската карате комисија на и одговорен за 12 држави
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (10 февруари)
-
Македонија11 часа
(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за вторник (11 февруари)
-
Здравје и убавина2 дена
Зошто не треба да го задржувате кивањето во себе, како грда навика
-
Lifestyle18 часа
Зошто крпите имаат непријатен мирис? Перењето на вистинска температура е клучно
-
Здравје и убавина20 часа
Дали знаете дека кафето штити од цироза на црниот дроб?