Спорт
Ова се избраниците на Милевски за WorldCup 2022. Заеднички да веруваме во успех!
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Италија (24. март) и Португалија / Турција (29. март) од плејофот за пласман на Светското првенство во Катар 2022.
На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 27 фудбалери. Давид Бабунски од унгарски Дебрецин е повратник во најдобрата репрезентација. Кристијан Наумовски од Шкупи е повикан во конкуренција за голманската позиција.
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Кристијан Наумовски (Шкупи);
ОДБРАНА: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Инглоштад, Германија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Серед, Словачка), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Никола Серафимов (Залаегерцег, Унгарија);
СРЕДЕН РЕД: Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (МТК, Унгарија), Тихомир Костадинов (Пјаст, Полска), Јани Атанасов (Хајдук, Хрватска), Ердал Ракип (Малме, Шведска), Бобан Николов (Шериф Тираспол, Молдавија), Давид Бабунски (Дебрецин, Унгарија);
НАПАД: Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спартак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Александар Трајковски (Ал Фахја, Саудиска Арабија), Ваљон Етеми (Истанбулспор, Турција), Дориан Бабунски (Дебрецин, Унгарија);
Собирот на македонската А репрезентација е закажан за 20. март во 19:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.
Првиот тренинг е во понеделник во 19:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. На 22. март во 17:00 часот со чартер лет, репрезентацијата патува за Палермо каде што ќе се одигра натпреварот против Италија.
Репрезентацијата на Македонија на 24. март во Палермо ќе се соочу со Италија во првиот бараж натпревар за пласман на Светско првенство во Катар 2022 година.
Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски денеска го објави списокот на повикани фудбалери за плејоф дуелите и даде свое видување во однос на повиканите играчи и предзвикот кој ни претстои.
Благоја Милевски, селектор на репрезентацијата на Македонија:
– Што се однесува до напаѓачките опции, Адис Јаховиќ е повикан, но неговото доаѓање е неизвесно. Јаховиќ се соочува со одредени потешкотии, има болки во тетивата и наскоро ќе дознаеме дали ќе може да му се приклучи на тимот. Несторовски не е повикан од причина што во текот на оваа сезона има одиграно само 13. минути во Купот на Италија, но не значи дека нема да сметаме на него за идните активности доколку влезе во натпреварувачки ритам.
– Се работи за еден натпревар со Италија на кој се е отворено. Нашите фудбалери треба да уживаат во овој бараж, да покажат дека не сме случајно на ова место и меѓу најдобрите 20 селекции во Европа. Ме радува формата во која се наоѓаат нашите репрезентативци. Што се однесува до Италија, се работи за селекција која е во топ пет по квалитет, актуелен Европски првак. Меѓутоа секоја селекција има свои силни и слаби страни, така е и со нашиот следен противник, наше е да успееме тоа да го искористиме.
– Овој тим на Македонија не знае да игра дефанзивно и да игра пасивно. Тоа го покажавме на сите седум натпревари во квалификациите, а ќе се потрудиме да го потврдиме и на дуелот со Италија. Ќе биде тешко, но не и невозможно. Нема лесен натпревар на ова ниво.
– Искрено, не гледам поврзаност со претходните два меѓусебни натпревари против Италија. Од последниот меч со Италија мина долго време, двете селекции имаат различен селектор, различна филозофија. Сега играме еден натпревар, кој е од сосема поинаков тип и важност, во споредба со двата квалификациски меча одиграни во Скопје и Торино.
Собирот на македонската А репрезентација е закажан за 20. март во 19:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.
Првиот тренинг е во понеделник во 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Спорт
Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.
На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.
Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.
Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.
Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.
Извор: ФФМ
-
Спорт1 ден(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника1 денМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево16 часа(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп5 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Временска прогноза5 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Технологија6 часаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
-
Спорт4 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
