Следете не

Автомобили

Ова се најпродаваните електрични автомобили во светот

Објавено пред

на

Глобалната продажба на електрични автомобили продолжува да расте до рекордни бројки.

Според податоците на EV-Volumes, во август се регистрирани 847.590 нови возила, што е за 60 отсто повеќе во однос на истиот период во 2021 година.

На глобално ниво, уделот на пазарот се зголеми на 15 проценти (11 проценти целосно електрични и четири проценти plug-in хибриди). До крајот на август се регистрирани вкупно над 5,7 милиони нови патнички електрични автомобили, што значи дека до крајот на годината може да се надмине и нереалната граница од 10 милиони единици. За споредба, во 2021 година биле регистрирани 6,5 милиони од нив.

Што се однесува до најпродаваните модели, на врвот е Tesla Model Y, а меѓу десетте најпопуларни се и Tesla Model 3, Volkswagen ID.4 и дури седум кинески автомобили.

Како што ќе видите во табелата, најзастапен бренд е BYD, кој е меѓу најголемите производители на електрични автомобили во светот. Годинава влегоа на европскиот пазар (Норвешка, Шведска, Данска, Холандија, Белгија, Луксембург и Германија), неодамна потпишаа договор со германската компанија за изнајмување автомобили Sixt за испорака на 100.000 електрични автомобили, а во првата половина од годината веќе имаат испорачано 640.000 возила.

Не ја кријат целта, сакаат да станат најпродаваниот бренд на електрични автомобили во светот.

Топ 20 електрични модели во 2022 година:

1) Tesla Model Y – 409.378

2) Wuling Hong Guang MINI EV – 278.838

3) Tesla Model 3 – 268.157

4) BYD Song – 239.739

5) BYD Qin Plus – 198.326

6) BYD Han – 148.512

7) BYD Dolphin – 102.620

8) Volkswagen ID.4 – 99.880

9) BYD Yuan Plus – 92.776

10) BYD Tang – 79.211

11) Li Xiang One – 75.397

12) Chery QQ Ice Cream – 72.094

13) Chery eQ1 – 68.153

14) GAC Aion Y – 67.793

15) Hyundai Ioniq 5 – 67.781

16) Changan Benni EV – 64.553

17) Hozon Neta V – 59.637

18) GAC Aion S – 58.471

19) Kia EV6 – 54.896

20) Ford Mustang Mach-E – 51.447

Автомобили

Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот

Објавено пред

на

Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал, значи и значително зголемување на потрошувачката на гориво, што се одразува на вашиот буџет.
Но, постои едноставен и генијален трик кој може да ви помогне да заштедите гориво додека уживате во пријатно разладена кабина.

Клучот е во рециркулацијата на воздухот – еве како функционира
Клима уредот во автомобилот може да лади на два начина: внесувајќи воздух однадвор или рециркулирајќи го воздухот кој веќе е во кабината. Кога климата зема топол воздух однадвор, троши повеќе енергија за да го излади. Од друга страна, со рециркулација, системот го користи веќе изладениот воздух, што значи дека се потребни многу помалку ресурси за одржување на пријатна температура.

Рециркулацијата заштедува гориво до 15%
Со притискање на копчето за рециркулација на воздухот, климата работи поефикасно, бидејќи воздухот во кабината е веќе постуден. Ова може да ја намали потрошувачката на гориво за 10 до 15 проценти, што значи реална заштеда на месечно ниво.

Совет од експертите е оваа функција да ја активирате веднаш штом ќе влезете во автомобилот, особено во најжешките делови од денот. На подолги патувања повремено вклучете свеж воздух однадвор за подобра циркулација, но најголем дел од времето оставете ја рециркулацијата вклучена.

Извор: Telegraf

Прочитај повеќе...

Автомобили

Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците

Објавено пред

на

Фото: John Matychuk @ unsplash

Работата на моторот, квалитетот на системот, дизајнот на ентериерот и карактеристиките на возилото се само дел од аспектите кои ги оценија сопствениците на новите сериски автомобили од 2025 година. Истражувањето за почетниот квалитет на возилата откри кои модели се најдобри, а кои најчесто разочараа.

Модерните автомобили – повеќе од превоз
Денес автомобилите не се купуваат само поради моторот, перформансите или цената. Тие се симбол на статус, исполнување на соништата и награда за успехот. Но и покрај тоа што од новите автомобили се очекува беспрекорно функционирање, истражувањето на JD Power покажа дека дефекти се појавуваат уште во првите месеци од користење.

Автомобилите со највисок квалитет
• На врвот е Lexus – 166 дефекти на 100 возила.
• Следи Nissan – 169 дефекти.
• Во топ 5 се и Hyundai (173 дефекти), Jaguar (175 дефекти) и Chevrolet (178 дефекти).

Интересно, германските марки, кои важат за најсигурни, не се најдоа на врвот.

Просекот и годинава подобрен
Во истражувањето учествувале 92.694 испитаници од САД и Европа. Просекот за возилата од 2025 година е 192 дефекти на 100 автомобили, што е подобрување во однос на лани (194 дефекти). Блиску до просекот се Porsche (188 дефекти) и Ford (193 дефекти).

Германските автомобили под очекувањата
BMW – 196 дефекти (најдобар меѓу „германците“).
Mercedes – 210 дефекти.
Audi – на дното со 269 дефекти на 100 возила.

Овие резултати изненадија многумина кои германските автомобили ги сметаат за синоним за квалитет.

Прочитај повеќе...

Автомобили

Дали би направиле место за резервно тркало?

Објавено пред

на

Фото: Nazim Zafri @ unsplash

Сè почесто се поставува прашањето: зошто новите автомобили речиси и да немаат резервно тркало и дали треба да се вратиме на старата добра навика да го носиме во багажникот?

Производителите на автомобили се одлучуваат да го отстранат резервното тркало за да заштедат простор и трошоци. Ова, секако, често разочарува кога ќе се најдете со дупната гума, а комплетот за поправка не помага.

Дупната гума – стара мака во ново време
Нема ништо полошо од тоа да дупнете гума токму кога брзате. Без разлика дали сте пред куќа или на автопат среде ноќ, проблемот е ист. Иако живееме во 2025 година, ваквите ситуации не исчезнаа.

Еден сопственик на Tesla го сподели своето искуство на Reddit, откако неколкупати за кратко време му дупнаа гумите. Откако сфати дека комплетот за поправка е практично за еднократна употреба, реши да носи вистинско резервно тркало во багажникот. Иако му одзема простор, мирот и сигурноста му се поважни.

Зошто резервните тркала исчезнаа?
Сè повеќе производители се решаваат да понудат само комплети за поправка – шише со заптивна смеса и мал компресор. Тие заштедуваат тежина и простор, но се ефикасни само во ограничени ситуации.

• Ако дупката е преголема, смесата не помага.
• Ако оштетувањето е на страничниот ѕид на гумата, решенија нема.
• Ако гумата се одвои од бандажот – заборавете.

Без резервно тркало, многумина мораат да чекаат влечна служба, наместо за неколку минути повторно да бидат на пат.

Дали вреди да се жртвува просторот?
Од друга страна, возењето без резервно тркало носи предности:
• помалку тежина
• повеќе простор
• побрзо решение, ако заптивната смеса заврши работа

Па што велите вие? Би оставиле дел од багажникот за резервно тркало или се чувствувате безбедно со комплет за поправка и услуга за влечење?

Споделете го вашето мислење – дали некогаш немањето резервна гума ви донело нервози или непланирани трошоци?

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје5 часа

Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии

На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот...

Временска прогноза13 часа

Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд

Викендов во Македонија и понатаму ќе биде под влијание на многу топлиот бран кој продира од југ, односно од Африка....

Хороскоп21 час

Хороскоп за сабота (5 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Магазин1 ден

Apple Watch Ultra 3 доаѓа наскоро – еве што знаеме досега

Поминаа речиси две години од лансирањето на првиот Apple Watch Ultra, а љубителите на паметни часовници со нетрпение го очекуваат...

Автомобили1 ден

Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот

Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал,...

Lifestyle1 ден

Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови

Цезар салатата е еден од најпопуларните оброци за оние што сакаат лесен, но заситувачки ручек или вечера. Богата со протеини...

Македонија1 ден

Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко,...

Спорт1 ден

Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа...

Временска прогноза2 дена

Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ,...

Македонија2 дена

Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат  А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена...

НАЈЧИТАНИ