Следете не

Гејминг

Ова се најпродаваните видео игри во Европа – GTA 5 сè уште непобедлива

Објавено пред

на

Статистиката за продажба на игри во Европа во јули покажа дека за време на „сушниот период“ играчите се враќаат на истите игри.

Јули 2023 година не беше баш полн со некои возбудливи игри, како што е вообичаено во текот на летото. Затоа не е изненадување што Европејците повторно најмногу ја купија речиси десетгодишната GTA 5.

Според извештајот на GI.biz, 11,6 милиони игри биле продадени во Европа во текот на јули, што е за 34% повеќе отколку во истиот период во 2022 година. Од нив, 7,9 милиони игри беа продадени дигитално (не сметајќи ги игрите на Nintendo), а 3,7 милиони игри беа во физички копии.

На европскиот пазар во текот на јули се продадени 493 илјади конзоли (без Германија и Велика Британија), што е за 62,5% повеќе во однос на седмиот месец од минатата година. Најпродавана конзола беше PS5, а потоа и Nintendo Switch.

Што се однесува до новите игри, само Pikmin 4 за Nintendo Switch беше меѓу 20-те најдобри продавачи во јули, на 11-то место.

Еве листа на најпродавани игри во Европа во текот на јули:

  1. Grand Theft Auto 5
  2. FIFA 23
  3. Red Dead Redemption 2
  4. Diablo 4
  5. Hogwarts Legacy
  6. The Legend of Zelda: Tears of the Kingdom
  7. The Crew 2
  8. F1 23
  9. Call of Duty: Modern Warfare II
  10. NBA 2K23

Гејминг

Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија

Објавено пред

на

Фото: appshunter.io @ unsplash

По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во Австралија. Одлуката на судот утврди дека Apple ја ограничувал конкуренцијата со своите строги правила, особено со забраната за алтернативни методи на плаќање, пренесува Australian Financial Review.

Epic Games изјави:
„Австралискиот суд пресуди дека Apple и Google ја злоупотребуваат својата контрола врз дистрибуцијата на апликации и плаќањата во нив за да ја ограничат конкуренцијата. Постојат над 2.000 страници со наоди што ќе треба да ги испитаме. Сепак, ова е победа за програмерите и потрошувачите во Австралија!“

Како започна конфликтот?

  • Epic го заобиколи системот за плаќање на Apple.

  • Наместо тоа, воведе сопствен метод за купувања.

  • Apple остана без вообичаената провизија од 30%.

  • Како реакција, Fortnite и другите апликации беа отстранети од App Store, што доведе до долг судски процес.

Во април оваа година, американскиот суд пресуди дека Apple повеќе нема право да наплаќа провизија за купувања направени надвор од App Store. По таа одлука, Fortnite повторно се врати во американската App Store во мај.

Иако одлуката во Австралија е историска за гејмерите и девелоперите, сè уште не е познато кога Fortnite и Epic Games Store повторно ќе бидат достапни за сите iOS корисници таму.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Гејминг

Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Kerde Severin

Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.

Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.

„Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.

Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.

Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.

Прочитај повеќе...

Гејминг

(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube/rockstargames

Минатиот петок, Rockstar Games го одложи објавувањето на GTA VI, кое првично беше планирано за есен 2025 година, за 26 мај 2026 година.

– „Со секоја игра што ја објавивме, целта отсекогаш била да се обидеме да ги надминеме вашите очекувања, а GTA VI не е исклучок. Се надеваме дека разбирате дека ни е потребно ова дополнително време за да го испорачаме нивото на квалитет што го очекувате и заслужувате“, се вели во соопштението на Rockstar Games.

Првиот трејлер за GTA VI се појави онлајн во декември 2023 година, кога креаторите ја претставија приказната за Луција, една од главните хероини на видео играта.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle5 часа

Во сабота сите патишта водат во „Република Клуб“- Кичево, заедно со светски познатиот Dean Mickoski и Fecky Farris & Punisher

Нашиот кичевчанец, добро познатиот Деан Мицкоски гостува во сабота во „Република Клуб“ заедно со „Fecky Farris“ & „Punisher“. Нашиот промотор...

Фото: Remy Lovesy @ unsplash Фото: Remy Lovesy @ unsplash
Автомобили7 часа

Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country....

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин7 часа

OpenAI овозможува извршување на апликации во рамките на ChatGPT

OpenAI претстави нов начин за програмерите да креираат и извршуваат апликации директно во рамките на ChatGPT. Со оваа новина, корисниците...

Технологија7 часа

Денес по десет години завршуваат безбедносните надградби за „Windows 10“

По една деценија постоење, Windows 10 официјално ја заврши својата ера. Од денес, Microsoft повеќе нема да обезбедува безбедносни надградби,...

Хроника9 часа

ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“

По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој...

Здравје и убавина9 часа

Неколку совети за слабеење и покрај слабо поседување на време и внимание за себе

Ако постојано сте во движење, зафатени со работа и секогаш во брзање, веројатно тешко наоѓате време да се посветите на...

Хороскоп21 час

Хороскоп за вторник (14 октомври)

ОВЕН Само кога ќе помислите дека сте сфатиле сè, ќе откриете како се појави нешто ново. Слободно обрнете внимание на...

Спорт21 час

Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе...

Спорт22 часа

(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1...

Временска прогноза22 часа

Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година

Ни започнува есента, според она што можам да го кажам за пртстојната есен 2025, според Европскиот модел за Среднорочна прогноза...

НАЈЧИТАНИ