Следете не

Магазин

Ова се наводните цени во САД на серијата iPhone 16

Објавено пред

на

Следниот месец Apple треба да ја претстави својата нова серија iPhone 16, а како што се наближува тој датум, се повеќе гласини за новите уреди доаѓаат во јавноста. Неодамна беше откриено дека линијата iPhone Pro наводно ќе добие нова боја, а сега протекоа наводните спецификации и американските цени за целата серија iPhone 16.

Apple Hub, познат извор на информации поврзани со Apple, на платформата X сподели низа технички спецификации на новата серија, вклучувајќи ги и почетните цени за секој модел на американскиот пазар. Според тие информации, Apple планира да ги задржи речиси истите цени за моделите на iPhone 16 како што беа за серијата iPhone 15 при лансирањето, барем во САД.

Само iPhone 16 Pro ќе има повисока цена?

Единствената промена на цената, според овие информации, е за iPhone 16 Pro, кој треба да започне од 1.099 долари, што е 100 долари повеќе од цената за лансирање на iPhone 15 Pro. Покрај поскапувањето, овој модел наводно ќе доживее и некои други промени, како што се поголем екран, нов телефото објектив и зголемување на минималната меморија на 256 GB.

Ова протекување потврдува некои претходни гласини, како што е претставувањето на поголемите верзии на моделите Pro и Pro Max, кои ќе имаат екрани од 6,3 инчи и 6,9 инчи. Исто така, веќе е познато дека целата серија ќе поддржува Apple Intelligence.

Apple претходно објави дека за поддршка на Apple Intelligence ќе биде потребен iPhone со чип A17 или понов, а сите нови телефони од серијата iPhone 16 треба да имаат чип A18. Во случајот со моделот Pro, Apple наводно работи на специјална Pro варијанта на чипот A18.

Можни разочарувања

Сепак, како што истакнува Tom’s Guide, протечените спецификации откриваат и некои потенцијални разочарувања. Оние кои се надеваат на iPhone 16 Ultra може да бидат разочарани бидејќи информациите на Apple Hub не го спомнуваат уредот. Можеби Ultra верзијата на iPhone ќе биде претставена следната година со долгоочекуваниот iPhone 17 Slim.

Траењето на батеријата може да биде проблем за iPhone 16 Pro бидејќи ќе има помал капацитет на батеријата во споредба со верзиите Plus и Pro Max. Но, кај компактниот iPhone 16 Pro, и покрај поголемиот екран, едноставно нема доволно простор за поголема батерија.

Целата серија на iPhone 16, исто така, се шпекулираше дека ќе добие поддршка за Wi-Fi 7, но ако овие спецификации се точни, само моделите Pro ќе ја понудат функцијата. Камерите на моделите Pro треба да бидат малку подобри, со ултра-широка камера од 48 MP и 5x оптички зум на двата модели Pro и Pro Max.

Хороскоп

Хороскоп за вторник (11 февруари)

Објавено пред

на

ОВЕН

Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се вклучите во работата која за вас може да биде многу профитабилна. Имате проблем со некои Близнаци и не можете да најдете заеднички јазик со некоја Водолија. Трепението ќе ви биде повеќе од потребно.

БИК

Нема место за паника, ќе успеете да ги решите сите проблеми. Добрите односи со соработниците се исклучително важни за проектите, бидејќи сами ништо нема да постигнете. Се чувствувате одлично во друштво на некоја Риба, па затоа поминете повеќе време заедно.

БЛИЗНАЦИ

Некои пријатели ќе ве повикаат на заедничко патување, а вие ќе се двоумите. Не се откажувајте од можностите кои ви се нудат, можно е да ви се отворат нови врати за започнување на сопствен бизнис. Досадата лекувајте ја во друштво на саканите. Постапките од минатото ќе ве натераат повторно да размислите за вашите постапки.

РАК

Некој проблем од минатото ќе започне да ви ја разнишува сегашноста која едвај ја одржувате во нормално ниво. Можно е вашиот партнер да ве напушти поради ветените нешта кои никогаш не ги направивте. Имате проблем и со пријателите кои ве сметаат за несериозни. Некоја Девица ќе ви понуди помош, прифатете ја веднаш.

ЛАВ

Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои добра соработка со некој Стрелец или Близнаци. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси.

ДЕВИЦА

Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските.

ВАГА

Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнуа вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Можни се некои поволни вести од некој кој живее и работи во странство. Ќе ви биде потребен некаков совет од некој Лав.

ШКОРПИЈА

Оптеретени сте со незавршените работи и она што се случило а не знаете како да го решите. Се плашите од загуба на контролата во ситуацијата во која можно е да загубите некој поради однесувањето. Можен е некаков договор со Стрелец или Риби.

СТРЕЛЕЦ

За да го поминете денот онака како што сакате потребно е да се вклучите во некои интересни проекти во кои ќе ви биде потребен странски јазик. Без оглед дали станува збор за краток или долг проект сепак работете максимално на него. Постои можност за голем профит.

ЈАРЕЦ

Премногу сте упорни иако помалку сте и несигурни и се обидувате на сите можни начини да му го наметнете на некој Бик вашиот план за заеднички проект. Бидете малку трпеливи во контактите со борбените знаци, особено со Бикот. Добро се чувствувате во друштво на лице кое е подеднакво амбициозно како и вие.

ВОДОЛИЈА

Еден од подобрите денови, особено за оние кои се подготвени за се да се договорат со соработниците и оние кои се како створени за разни деловни можности, вклучувајќи ја тука и можноста за премин на некое ново работно место или преземање на некои нови обврски. Добро се сложувате со некој Стрелец и со некој Рак кои во се ве поддржуваат.

РИБИ

Мечтаете за голем успех и поинаква работа од онаа која во моментов ја имате. Ова би можело да биде пријатен ден за вас. Енергијата на Марс и Меркур ве прави нервозни и нетрпеливи. Вашата амбиција е во прв план, не се согласувате со лица кој сакаат да доминираат во друштвото.

Прочитај повеќе...

Магазин

Пејачката од соседна Србија – Јелена Карлеуша остана без својот Инстаграм профил кој имаше над 2 милиони следбеници, дали петицијата на „Еко Стража“ успеа?

Објавено пред

на

Еден од најследените Инстаграм профили на Балканот, профилот на Јелена Карлеуша, повеќе не е достапен. Што се крие зад овој ненадеен потег сè уште не е познато. Инстаграм профилот на популарната пејачка Јелена Карлеуша, кој собра над 2,4 милиони следбеници, ненадејно беше затворен. Оваа сметка со години беше платформа на која Карлеуша споделуваше ексклузивни фотографии, нејзини модни изданија, како и отворени ставови за социјалните и актуелните прашања.

Пејачката го искористила профилот и за директна комуникација со обожавателите, што ја направила нејзината содржина особено интересна и привлечна за публиката.

Имено, Јелена Карлеуша се уште не се изјаснила за затворањето на профилот, па останува нејасно дали се работи за техничка грешка, одлука на самата пејачка или евентуални правила на социјалната мрежа.

За потсетување, Карлеуша е позната по активното користење на социјалните мрежи за одржување контакт со фановите и споделување пораки кои често предизвикуваат бурни реакции во јавноста. Дали нејзиниот профил повторно ќе се активира или ова е крај на една ера на социјалните мрежи, останува да видиме.

Инаку да напоменеме во Србија беше покрената „петиција“ за репорт на тој профил, што се чини и влева вистина дека поради тоа е угасен профилот на пејачката. Како што истакнуваат ТУКА , според најновото ажурирање во моментов дури 348,220 луѓе се потпишале за да се угаси профилот на популарната Карлеуша.

Колегите од bizlife.rs веќе истакнаа информација дека токму тоа е причината, прочитајте повеќе на нивниот натпис во продолжение ТУКА

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Зошто крпите имаат непријатен мирис? Перењето на вистинска температура е клучно

Објавено пред

на

Непријатниот мирис на крпите по перењето е чест проблем, чиј главен виновник се бактериите. Машината за перење лесно може да стане нивно жариште, а резултатот е – свежо испраните крпи не мирисаат пријатно, туку испуштаат непријатен мирис. Но, решението е полесно отколку што изгледа.

Како настанува проблемот?

Бактериите можат да се развијат и во машината за перење и во самата ткаенина. Според експертите, клучот за справување со овој проблем е редовното чистење на уредот и правилното сушење на крпите.

Перење на вистинска температура

Еколошките циклуси со ниски температури не се доволни за целосно уништување на бактериите. Тие преживуваат, што доведува до појава на лош мирис. За да ги елиминирате, потребно е да ги перете крпите на најмалку 60°C. Ова не само што ја чисти ткаенината, туку и го дезинфицира барабанот на машината за перење.

Дополнителни чекори за хигиена на машината

  • Оставете ја вратата отворена по перењето за да се проветри машината и да се спречи создавање влага.
  • Редовно чистете го садот за детергент, бидејќи тука се акумулираат остатоци кои можат да предизвикаат развој на бактерии и мувла.

Правилно сушење и складирање на крпите

Дури и ако машината е чиста, непријатниот мирис може да се појави ако крпите не се исушени правилно. Влажниот текстил е идеална средина за развој на бактерии, затоа:

  • Осигурајте се дека крпите се целосно суви пред да ги ставите во плакарот.
  • По употреба, не ги оставајте влажни во корпата за алишта – сушете ги веднаш.

Сода бикарбона – едноставен трик за свежина

Ако крпите сепак имаат непријатен мирис, додајте една лажица сода бикарбона во машината и поставете ја температурата на најмалку 60°C. Оваа едноставна состојка го неутрализира мирисот и ја враќа свежината на текстилот.

Заклучок

Правилната хигиена на машината за перење и темелното сушење на крпите се едноставни, но ефикасни чекори за спречување на непријатните мириси. Редовното чистење на уредот и перењето на високи температури не само што обезбедуваат свежина, туку и помагаат во зачувување на хигиената и здравјето.

Извор: Mondo

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден7 часа

На денешен ден, 11 февруари

1868.- Почина францускиот физичар Жан Бернар Леон Фуко, кој заедно со Арман Физо ја мереше брзината на светлината. Тој ја...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за вторник (11 февруари)

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се...

Свет8 часа

Санторини не мирува, нов силен земјотрес регистриран пред неполн час, ова се информациите

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 10 февруари, во 21 часот и 16...

Магазин10 часа

Пејачката од соседна Србија – Јелена Карлеуша остана без својот Инстаграм профил кој имаше над 2 милиони следбеници, дали петицијата на „Еко Стража“ успеа?

Еден од најследените Инстаграм профили на Балканот, профилот на Јелена Карлеуша, повеќе не е достапен. Што се крие зад овој...

Македонија10 часа

(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот

Изминатиов викенд, Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога...

Спорт11 часа

Кичевчанецот Дејан Милошевски повторно во најдобрите 16 карате судии во САД, претходно беше избран за член на судиската карате комисија на и одговорен за 12 држави

Изминатиов викенд 1-2 февруари во Денвер Колорадо се одржа изборен натпревар за членови на америската сениорска карате репрезентација за 2025....

Lifestyle18 часа

Зошто крпите имаат непријатен мирис? Перењето на вистинска температура е клучно

Непријатниот мирис на крпите по перењето е чест проблем, чиј главен виновник се бактериите. Машината за перење лесно може да...

Магазин18 часа

Откриени спецификациите на Samsung Galaxy S25 Edge – ултра тенок телефон со премиум перформанси

Samsung Galaxy S25 Edge ќе дојде со импресивна главна камера од 200 MP и премиум дисплеј, во најтенкиот телефон на...

Автомобили20 часа

Продажбата на автомобили Tesla значително падна во пет клучни европски земји во јануари

Продажбата на автомобили Tesla во јануари годинава значително се намали во пет европски земји, при што најголем пад е забележан...

Lifestyle20 часа

Пет едноставни работи што можете да ги направите веднаш по будењето за подобар крвен притисок

Наместо драстични мерки, клучот за регулирање на високиот крвен притисок лежи во малите, но ефективни навики кои можете да ги...

НАЈЧИТАНИ