Следете не

Македонија

Ова се новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 90,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 86,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,028 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,814 ден/кг.

Македонија

Низа нерегуларности во инспекциската контрола во Кичево и останатите градови

Објавено пред

на

Во четвртокот на 22.09.2022, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија контроли во повеќе правни лица на подрачјето на Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево, кои се занимаваат со откуп, изработка и продажба на златен накит.

При контролата беа одземени повеќе од 10 килограми нежигосани предмети (злато и златен накит) односно констатирано е непочитување на обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и кривични дела определени во Кривичниот законик.

При контрола на осум златарници во Скопје беа пронајдени и одземени околу 661 грам нежигосано злато, во  Тетово при контрола на 11 златарници беа пронајдени и одземени  7.399 грама нежигосано злато, во Гостивар при контрола на седум златарници беа пронајдени и одземени 1.690 грама, а во Кичево при контрола на три златарници беа пронајдени и одземени 269 грама нежигосано злато.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи беа констатирани и други неправилности кои се соодветно санкционирани. По целосно документирање на случаите против сопствениците и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР: Санкционирани 70 возачи на товарни моторни возила, 37 поради техничка неисправност, 19 поради прекршоци на возачи

Објавено пред

на

Во текот на вчерашниот ден (21.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

Контролирани се 563 возила при што преземени се 70 мерки по констатираните прекршоци.

Од нив изречени се 37 санкции за технички неисправни возила, 21 санкција по однос на товар и 19 мерки по констатирани прекршоци во однос на возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Прочитај повеќе...

Македонија

Санкции за пешаци кои преминуваат надвор од обележан пешачки премин

Објавено пред

на

На 14.09.2022 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Охрид, спроведени се контроли за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 36 пешаци кои небезбедно и надвор од обележан пешачки премин преминувале коловоз (Охрид-15, Струга-08, Кичево-12, Дебар-01).

/МВР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт46 минути

Македонија до 19 години од негатива два гола до пресврт и голема победа против своите врсници од Кипар

Младата репрезентација на Македонија до 19 години во еден интересен натпревар, со многу возбудување и пресврти, успеа да забележи минимална...

Култура2 часа

Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат. На Крстовден се...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за вторник (27 септември)

ОВЕН Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но...

Спорт12 часа

Ова се 11-те лавови кои ќе стартуваат на мечот против Бугарија

Предмалку објавени беа 11-те момчиња кои ќе бидат стартери на мечот против Бугарија на „Тодор Проески“. Што се однесува до...

Култура15 часа

Крстовден единствениот празник што започнал да се прославува истовремено со случувањата на самиот настан

Крстовден, или Воздвижението на Чесниот Крст, како празник се јавува со самото пронаоѓање на Светиот и Животворен Христов Крст, којшто...

Свет19 часа

Полицијата во Сан Франциско може да гледа приватни камери за надзор во реално време

Полицијата во Сан Франциско доби засилување во нивните овластувања за надзор оваа недела, откако градскиот одбор на надзорници гласаше да...

Свет19 часа

ФОТО Еруптираше подводен вулкан, НАСА фотографираше нов остров во Тихиот Океан

Само единаесет часа откако вулканот почна да еруптира, нов остров се појави над површината на водата, според НАСА, која сними...

Lifestyle20 часа

Научниците открија колку мравки живеат на Земјата

Се предвидува дека човечката популација во светот ќе надмине 8 милијарди во наредните месеци. Во споредба со мравките, тоа е...

Магазин20 часа

Samsung патентирал препознавање лице со две камери под екранот

Иако новиот патент датира од март 2021 година, Samsung веќе има големо искуство со вакви камери, а серијата Fold веќе...

Магазин20 часа

Сега можете да поништите праќање порака и на iPhone

iMessage за iPhone доби можност за враќање на испраќањето, како и за уредување пораки – еве како можете и вие...

НАЈЧИТАНИ