Здравје и убавина
Овие овошни намирници се најдобриот избор за летните месеци

Без многу дилеми, овошјето, покрај зеленчукот, е најпосакуваната храна на трпезата во текот на летната сезона, бидејќи е богата со антиоксиданти, витамини и минерали. Заедно, тие ни помагаат да се ослободиме од вишокот килограми, но и токсините акумулирани во текот на зимата. Секако, како и во сè друго, потребно е да се најде вистинската мерка, бидејќи во спротивно, шеќерите што се во составот на овие намирници може да предизвикаат спротивен ефект.
Едно од решенијата може да биде комбинирање на свежо овошје со бадеми, ореви или суво овошје, кое е полно со растителни влакна, протеини и маснотии кои спречуваат прекумерна апсорпција на шеќер, а исто така одржуваат ситост подолго време. Во следните редови, откријте кое свежо овошје е најдобриот избор овие месеци.
1. Лубеница за циркулација
Освежувачки и одличен за одржување на линијата, лубеницата се препорачува за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот течности и токсини. Богато е со минерали, како што е калиум, и не треба да заборавиме на витаминот Ц.
2. Праски за подобро варење
Сто грама од ова овошје има само 30 калории, а влакната го забрзуваат варењето на храната. Исто така, постои витамин Е, кој е важен за циркулацијата.
3. Јагоди против токсини
Полифенолите ја стимулираат работата на црниот дроб, но исто така и елиминацијата на токсините и масните наслаги. Покрај тоа, тие поволно влијаат на дигестивниот и екскреторниот систем.
4. Кајсии
Ова овошје содржи витамини од групата Б, пред се Б2 и Б3, кои учествуваат во метаболичките процеси. Со редовно внесување, тие го потиснуваат целулитот, бидејќи содржат и витамин Ц.
Извор: Grazia.it
Здравје и убавина
Оваа намирница е една од најздравите во светот, таа го чисти организмот од отрови и масти..

Дали сте знаеле дека Хељдата е една од најздравите намирници на светот, а луѓето кои страдаат од целијакија можат слободно да ја јадат, бидејќи не содржи глутен. Таа помага при срцеви болести, го намалува нивото на холестерол во крвта и го чисти организмот, особено цревата. Помага при губењето на вишокот килограми, бидејќи е хранлива, па по нејзиното консумирање подолго ќе бидете сити.
Покрај тоа што е богата со калиум, натриум, калциум, фосфор и магнезиум – минерали неопходни за нормално функционирање на телото, хељдата е вистински извор на железо, па е одлична и за луѓето кои страдаат од анемија.
Научниците открија дека таа може да го одржува оптимално нивото на шеќер во крвта, со што се намалува ризикот од појава на дијабетес.
Хељдата не содржи глутен, па без грижа можат да ја консумираат и луѓето кои страдаат од целиjaкија. Се смета за одлична намирница и за мозокот и за подобрување на неговите функции, а помага и при зачувување на меморијата.
За да го нахраните организмот со сите потребни материи и да ја зачувате виталноста и здравјето, можете да ја консумирате на следниот начин?
Пропржете шолја зрна од хељда, па прелијте ги со 1,5 шолја зовриена вода. Процедете и повторно прелијте со истата количина зовриена вода, поклопете и оставете да отстои во текот на ноќта. Практикувајте го ова две недели, а потоа направите барем 5 дена пауза.
Веднаш ќе забележите дека се чувствате и изгледате подобро!
/denar
Здравје и убавина
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот

Дури и ако сте пушач, а редовно се занимавате со трачање, ќе живеете подолго од две до десет години. Луѓето кои се излечиле од рак и потоа продолжиле да трчаат, го продолжиле животот за пет години.
Истражувањата покажуваат дека трчањето ја намалува опасноста од дијабетес и болести на срцето, го намалува стресот и крвниот притисок. Освен тоа, џогирањето му додава години на животот и го поправа квалитетот бидејќи го зајакнува организмот.
Дури и ако сте пушач, а редовно се занимавате со оваа физичка активност, ќе живеете подолго од две до шест години. Редовното трчање помага со леснотија да ги решавате сите задачи, ја подобрува концентрацијата, помнењето, виталноста, го подобрува расположението. Истражувањата покажуваат дека оваа физичка активност е ефикасна и при лекувањето на депресија.
Сигурно е и тоа дека на овој начин полесно ќе одржувате витка линија, бидејќи вашите омилени јадења нема така лесно да се лепат на проблематичните делови од телото. Затоа, без оглед на ладното, ветрот и досадниот ноемвриски дожд, облечете патики и започнете со трчањето кое ќе ви го продолжи животот и ќе ви ја разубави фигурата.
/denar
Здравје и убавина
Еве зошто не треба да легнувате со мокра коса

Колку пати ви се случило по бањањето да заминете во кревет со мокра коса собрана во пешкир? Сигурно повеќе пати, додека вашата мајка ви зборувала дека не смеете да го правите тоа бидејки ќе добиете воспаление на мозокот или белите дробови (дури и кога надвор е топло).
Иако вашата мајка била во право, сепак не била целосно. Од спиење со мокра коса сигурно нема да добиете воспаление на мозокот или белите дробови, но ќе имате други проблеми кои воопшто не се пријатни.
Ви претставуваме три проблеми кои можете да ги добиете по спиењето со москра коса.
Поттикнување на развојот на габи
Перницата е идеално место за развивање на разни бактерии бидејќи на неа се собираат мртвите клетки и маслото од кожата, како и грините. Додадете го на сето ова мокриот пешкир и топлината и тоа е доволно за развој на досадните габи.
Главоболка
Веројатно не знаевте, но телесната температура во првата фаза се намалува до температурата во собата во која спиете, доека во REM фазата се зголемува. Бидејќи косата е завиткана во пешкир, температурата на главата не може да се прилагоди на температурата на телото и тоа може да предизвика силни главоболки кои можат да ве пробудат и во средина на сонот.
Испукана коса
Знаете и самите дека мократа коса е склона на пукање, особено ако ја триете со пешкирот. Поради триењето кое се создава меѓу косата и пешкирот таа може да се оштети и испука.
/denar.mk
-
Скопје1 ден
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Автомобили9 часа
Истакнат списокот на автомобили од кој сопствениците биле најмногу задоволни, „Dacia“ високо на врвот…
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Македонија12 часа
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол
-
Здравје и убавина2 дена
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот
-
Занимливости1 ден
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година