Магазин
Овој хард диск може да собере повеќе од 1000 Blu-ray филмови

Seagate најави нови хард дискови со значително зголемен капацитет.
“30TB hard drives are nearly here — Seagate’s Mozaic 3+ HAMR platform to provide the next jump in HDD capacities”
Head over to @tomshardware to learn more
https://t.co/IccpVpQguH
— Seagate (@Seagate) January 17, 2024
Потребни беа повеќе од три години, по објавувањето на првите хард дискови од 20 TB, за Seagate да го објави својот најголем хард диск до сега – Exos Mosaic 3+ од 30 TB.
Компанијата истакнува дека Exos Mosaic 3+ од 30 TB ќе може да складира повеќе од 1.000 Blu-ray филмови.
Она што е веројатно најинтересно, новите хард дискови нема да бидат резервирани само за деловни корисници и компании, туку ќе бидат достапни за купување и за стандардните корисници.
За да ги изгради дисковите Exos Mosaic 3+ од 30 TB, Seagate користеше десет плочи од 3 TB со густина од 1,742 TB на квадратен инч.
Компанијата има планови да создаде дискови со поголем капацитет.
Компанијата не ја објави цената на овие хард дискови од 20 ТБ, но посочува дека ќе имаат пониска цена за терабајт во однос на постоечките модели.
Introducing Mozaic 3+™: a breakthrough hard drive platform!
The Mozaic 3+™ platform incorporates Seagate’s unique implementation of HAMR to deliver mass-capacity storage at unprecedented areal densities of 3TB/disk and beyond.
Learn about Mozaic 3+™: https://t.co/L8IlEWv14L pic.twitter.com/NsmLpzEF9b
— Seagate (@Seagate) January 17, 2024
Магазин
Дали полнењето на телефонот до 100% ја уништува батеријата? Еве што велат експертите

Во денешниот динамичен животен стил, телефоните ни се секогаш при рака – дома, на работа, во теретана или на излегување. Но што се случува кога батеријата ќе се испразни во најнезгоден момент? Дали го полните телефонот правилно – и што всушност значи „правилно“?
Многу луѓе имаат навика да ги полнат телефоните преку ноќ – звучи практично, нели? Сепак, според експертите, оваа навика на долг рок може да ја скрати животната моќ на батеријата.
Зошто полнењето до 100% не е најдобра идеја?
• Редовното полнење на телефонот до 100% го забрзува „стареењето“ на батеријата.
• Според експертите, тоа ја уништува батеријата до 10–15% побрзо.
• Телефонот постојано држан на полнач – и по завршено полнење – ја оптоварува батеријата непотребно.
Иако разликата можеби не изгледа драматична на краток рок, со текот на времето се чувствува – особено ако го користите телефонот неколку години.
Што да направите наместо тоа?
• Идеално е телефонот да се полни до 80%, најмногу до 90%.
• Не дозволувајте батеријата целосно да се испразни – тоа е исто толку штетно.
• Најдобро време за повторно полнење е кога батеријата ќе падне на околу 20%.
Многу нови телефони имаат вградена функција за ограничување на полнењето до одреден процент, токму за оваа цел.
Сепак, дали никогаш не треба да го полните до 100%?
Не е толку строго. Ако имате пред себе напорен ден, патување или сте цел ден надвор, сосема е во ред да наполните до 100%. Проблемот се јавува ако тоа го правите секојдневно и без потреба.
На кратко:
• Полнењето до 100% е безбедно, но не и најздраво за батеријата.
• Полнењето до 80–90% и повторно полнење на 20% е идеалниот „здрав“ опсег.
• Избегнувајте целосно празнење и држење на полнач долго време по завршено полнење.
Со неколку едноставни промени во навиките, ќе ја продолжите долговечноста на батеријата и ќе го избегнете непријатниот момент кога телефонот ќе „се исклучи“ сред работа или важен повик.
Извор: BizPortal
Дом и уредување
Дали имате мувла во домот? Овие три секојдневни навики можат да бидат причината

Мувлата во домот не е само нешто што изгледа лошо на ѕидовите – таа може сериозно да му наштети на вашето здравје. Кашлање, алергии, иритации на кожа, очи и дишни патишта… и се’ тоа поради нешто што можеби несвесно го правите секој ден. Да, дури и кога мислите дека си го правите домот покомфорен, можете да ѝ создадете совршени услови на мувлата да „се прошета“ низ ќошињата.
Еве кои три навики најчесто водат до појава на мувла – и зошто треба да ги смените уште денес:
1. Сушење облека во дневна соба? Сериозна грешка.
Звучи практично, особено кога надвор е ладно или врне, но сушењето алишта внатре – особено на радијатор – всушност ја преполнува просторијата со влага. Секоја маица, секоја панталона испушта влага која останува „заробена“ во воздухот и полека почнува да кондензира. Резултатот? Ѕидовите се навлажнуваат, аглите добиваат темна нијанса и непријатен мирис се шири низ домот.
Совет: Кога времето дозволува – сушете надвор. Ако не, барем поставете одвлажнувач до алиштата. Ќе забележите разлика за само неколку дена.
2. Пареа, пареа, пареа – а прозорците затворени.
Готвите, се туширате, грее вода во котелот… и сето тоа ослободува пареа која останува заробена ако просторијата не е проветрена. И токму таа влага ја создава онаа леплива, топла атмосфера во која мувлата „цвета“. Особено во бањи и кујни каде што влажноста е секојдневие.
Совет: Не чекајте мувлата да се појави – отворајте прозорци после туширање, готвење или перење садови. Доволно се 10 минути свеж воздух дневно за да спречите вистински проблем.
3. Претопло? И тоа може да создаде проблем.
Да, звучи чудно, но прегревањето на просториите не ја суши влагата – туку ја „држи“ во воздухот. Топлиот воздух задржува повеќе влага, што создава идеални услови за мувла. Плус, ако воздухот е веќе влажeн, потешко се загрева. Значи – повисоки сметки, поголем конденз и… мувла.
Совет: Наместо да ја зголемувате температурата, подобро справете се со изворот на влагата. Проветрувајте, користете одвлажнувачи и не го претерувајте со грејњето.
Малку навика, малку внимание – и нема да видите мувла со месеци.
Контролата на влажноста е клучот. Малите промени во секојдневието ќе го направат вашиот дом поздрава и почиста средина. Не чекајте ѕидовите да ја кажат последната – реагирајте на време.
Извор: Vecernji
Lifestyle
Без хемикалии и бои: Како природно да добиете виолетови велигденски јајца

Доколку сакате оваа Велигден да изненадите со уникатна боја на јајцата, можете да добиете прекрасна виолетова нијанса – од лаванда до индиго – без користење хемиски бои. Потребна е само една природна состојка: сушен хибискус.
Состојки:
• 6 тврдо варени јајца на собна температура
• 950 ml вода
• 950 гр сушени цветови од хибискус
• 1 лажица дестилиран бел оцет (на секои 240 ml течност)
• Малку масло
• Хартиени крпи
Постапка за боење:
• Во тенџере ставете 950 ml вода и 950 гр сушен хибискус. Оставете да зоврие на средно-силен оган.
• Намалете ја температурата на минимум, покријте и оставете да се вари 15–30 минути, сè додека течноста не добие потемна боја од посакуваната.
• Капнете неколку капки на бел сад за да ја проверите бојата, па тргнете од оган и оставете да се излади на собна температура.
• Процедете ја смесата низ сито, добро притискајќи за да извлечете што повеќе течност.
• За секои 240 ml добиена течност, додадете 1 лажица бел оцет и промешајте.
Боење на јајцата:
• Во средна чинија ставете ги тврдо варените јајца. Внимателно истурете ја изладената боја врз нив, осигурувајќи се дека се целосно покриени.
• Ставете ја чинијата во фрижидер неколку часа или преку ноќ, додека не ја добиете саканата нијанса.
• Извадете ги јајцата, исушете ги со хартиени крпи. За поинтензивна боја, можете да ги потопите уште еднаш, сушејќи ги меѓу секое потопување.
Финален сјај:
• Кога ќе бидат обоени, нежно втријте малку масло во секое јајце и избришете со чиста хартиена крпа.
• Чувајте ги обоените јајца во фрижидер до нивна употреба.
Оваа природна метода не само што е безбедна и еколошка, туку резултира и со уникатни, елегантни јајца кои ќе бидат вистински украс на велигденската трпеза.
Извор: B92
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (9 април)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за четврток (10 април)
-
Кичево1 ден
Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата
-
Кичево2 часа
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години
-
Свет2 дена
Се родија Ромул и Рем: За прв пат оживеа изумрен вид
-
Македонија1 ден
Од ноќеска значителен пад на цената на бензинот и дизелот
-
Lifestyle2 дена
Домашен сок од цвекло: Го чисти црниот дроб и го намалува притисокот
-
Lifestyle2 дена
Оваа едноставна промена во исхраната може да го заштити вашето срце ако работите во смени