Кичево
(ФОТО) ОВР Кичево вчера презентираа превентивни мерки во кампањата „Безбедно лето 2023“

На 25.07.2023, полициски службеници од ОВР Кичево, пред Локалниот совет за превенција при општина Кичево ги презентираа превентивни мерки што ОВР Кичево ги презема во рамките на кампањата „Безбедно лето 2023“ во градот и во приградските населби, посветени на граѓаните и нивната безбедност.
Целта на мерките и кампањите е низ непосредни контакти со граѓаните, да им се укаже на потребата од зачувување на стабилноста во јавниот ред и мир, за сообраќајната безбедност, за заштита на имотите и вредните предмети од кражби, за заштита од бесправна сеча на шуми, за заштита на шумите и зелените површини од пожари, за измами во врска со подигнување на брзи кредити, за проектот „Соседска патрола“ и други мерки за заштита на младите.
Притоа, беше нагласено дека во реализацијата на кампањата „Безбедно лето“, значајна е поддршката од службите во локалната самоуправа и другите надлежни институции, за нашиот медиум истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
Ресторан „La Casa“ – Кичево со одлична понуда, достава на највкусната пица и пастрмајлија, специјалитети, хамбургери и скара, за добар апетит!

Кичевскиот ресторан „La Casa“ кој успешно функционира повеќе од две години, сега добива нов реновиран лик, покрај најдобрите викенд забави кои во блиска иднина се во план повторно да се активираат, стартува со работа и официјалната достава на храна, во палета на ново мени само за вистински гурмани.
Брза и навремена достава, вкусни пици и дефинитивно најубавата пастрмајлија во градот, секој ден свежо месо и специјалитети, одлични хамбургери, најубава скара, препорака веднаш да ги вкусите!
Во прилог ви го доставуваме менито на ресторанот, додека производите можат да бидат на вашата дестинација бесплатно само на територијата на град Кичево со јавување на бројот за достава 077/50-50-40, кој ќе биде достапен во предвиденото работно време, дури и недела после 12:00ч, најубавите чорби во градот исто така ќе бидат на менито за достава се разбира секое утро до 13:00ч.
За преглед, кликнете на мени-то 👇
- Мени / La Casa
Кичево
„Куќа на Уметноста“ истакна предновогодишна понуда за вашите деловни прослави и колегијални собири

Кичевскиот објект „Куќа на Уметноста“ кој се наоѓа во с.Кнежино, со својот модерен стил и уникатност во природа ги освојува вашите симпатии, спремен и за овој дел од годината, на наша препорака уште веднаш да го посетите овој убав крај.
Имено „Куќа на Уметноста“ во прилог истакнаа свои три главни мени понуди за претстојните предновогодишни прослави, додека нивниот натпис ви го пренесуваме во целост:
– Почитувани гости, наши верни клиенти. Одминува уште една успешна година, благодарение на вас успеавме да ги создадеме вашите најубави свечени моменти, дел за вашите професионални работни активности и се разбира оние секојдневните за кои хотел „Куќа на Уметноста“ се разбира знае најдобро да Ве удостои. 🏪
– За таа цел во рамките на предновогодишниот периодот кој ни претстои, хотел „Куќа на Уметноста“ ви ги презентира официјалните три вкусни мени понуди за вас и вашиот колегиум, нудиме широк асортиман на јадења и предјадења, салати и десерти. 🍽 🍗 🍖🥪🍰
* 🍷 Пијалокот не е вклучен во понудите, доаѓа по потреба и нарачка на посетителите.
* Резервирајте го вашиот термин, повеќе информации
– ☎️Рецепција: 045/251-300 & 071/321-166
– 📩[email protected] & [email protected]
Кичево
Во моментов сообраќајот кон превој Стража е пуштен за транзитирање

Предмалку од ЦУК ја известија јавноста дека сообраќајот према превој Стража кој беше во целосен прекин од моментов е прооден за транзитирање, нормално со поседување зимски пневматици и со себе зимска опрема.
Апелираме за внимателно возење према условите на патот во зимно време.
-
Култура1 ден
Сеноќно молитвено бдение во нашиот манастир „Св. Богородица – Пречиста“ по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (2 декември)
-
Спорт9 часа
(ФОТО) „ФК Кичево“ успешно го заврши првиот дел од сезоната, денес се одиграа одлични мечеви..
-
Хороскоп27 минути
Хороскоп за недела (3 декември)
-
Автомобили1 ден
Револуција или најгрдиот автомобил во историјата? Cybertruck пристигна (ФОТО+ВИДЕО)
-
Македонија6 часа
Возило со миганти учествувало во сообраќајка кај Струмица, возачот и мигрантите избегале, па биле пронајдени..
-
Автомобили11 часа
(ВИДЕО) Маск го претстави долгоочекуваниот автомобил „Cybertruck“, неговата носивост на влечење ги надминува сите граници
-
Спорт1 ден
Судиите од првата македонска фудбалска лига супериорно ја завршиле работата на мечевите од 16-то коло