Кичево
ОВР Кичево: 25 лица казнети за неносење маска, 1 лице се движело во Полициски час

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 78 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-25, Струга-17, Кичево-25, Дебар-11). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
Полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 67 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-32, Кичево-35).
Во овој период во Кичево, регистрирано е едно прекршување на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.
Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава
Извор: СВР Охрид / Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“

Ноќеска нешто по 4 часот до „ТППЕ Кичево“ примен бил повик за настанат пожар во приватен објект лоциран во кичевската населба „Девеана“. Се запалила гаража и помошна просторија со дрва, која за среќа причинета е само материјална штета, превозно средство и покуќнина.
За Порта.мк вработените сведочат дека пожарот бил од сериозен карактер, бидејќи истиот се ширел брзо, према станбените куќи.
Кичево
Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги

Почитувани граѓани, по одржаната средба со сите бербери од градот, е донесена заедничка одлука за усогласување и промена на ценовникот за шишање и берберски услуги, велат занаетчиите преку нивното интегрално соопштение на фејсбук.
Новите цени, како што цитираат, ќе стапат во сила од понеделник, 13.10.2025 година.
Кичево
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот

Денес се одбележува 82 годишнина од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се одиграла во Македонија, наречена „Македонска Кадињача“. Во битката кај село Кленоец-Кичевско животот го положиле 67 борци и триесетина жители од регионот и оваа битка засекогаш ќе биде забележана како една од најкрвавите што се случила кај нас во Втората светска војна.
Исто така на денешен ден 1943 година кај селото кленоец, кичевско, во борба против балистичките банди, загинал Јосиф Јосифовски-Свештарот.
Јосиф Вангелов Јосифовски – Свештарот е роден на 2 август 1915 година во Гевгелија, во сиромашно семејство.Потекнува од семејството Јосифови, едно од стотината семејства што селото Мачуково ги имало кон средината на 19 век.
Чичко на Јосиф бил учителот и револуционер Сава Михајлов, кој заедно со гевгелиските војводи Аргир Манасиев и Иванчо Карасулски за време на Илинденското востание биле учесници во неколку акции Основно училиште завршил во својот роден град, а потоа своето гимназиско образование го продолжува во Крагуевац, каде се запознал со напредното револуционерно движење и станал активист.
По доаѓањето на студии во Белград, продолжил со својата револуционерна активност, но тоа не му сметало редовно да ги полага испитите на Правниот факултет.
Член на Комунистичката партија на Југославија станал во 1938 година. За време на распустот, исто така бил активен, особено во Студентската колонија. Секогаш кога доаѓа во Гевгелија, носел напредна литература. Собира околу себе обесправени, организира читање на забранети материјали. Кога дипломирал, полицијата веќе била добро информирана за неговата комунистичка активност, па не му дозволила да добие работа во родниот град. Затоа работи како приправник во Струмица, каде наишол на добра почва за сеење на комунистичката идеја.
Во првите месеци по окупацијата, Јосиф Јосифовски – Свештарот работи на подготвување на востание во Струмица. Секретар е на месниот комитет на КПЈ за Струмица. Во септември 1941 година, како инструктор на ПК КПЈ за Македонија, бил испратен во Ресенската област да работи на разгорување на вооружена борба против окупаторот. Италијанската полиција го уапси во Корча, како опасен комунист.
Тој дејствувал, главно во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Уште за време на формирањето на првиот преспанскиот партизански одред “Даме Груев”, 6 јули 1942 година, тој стана нејзиниот политички комесар.
Уште во првата половина на јули 1942 година во село Кленоец бил формиран илегален Народно-ослободителен одбор, како прв орган на народната власт, по што се започнати разни деиверзантски акции на пругата Кичево-Охрид.
Офанзивните акции во реонот на село Кленоец започнале на 5 октомври 1943 година. На 6 октомври 1943 година, во жестоката борба и двете страни имаа многу мртви. Политичкиот комесар на втората оперативна зона Јосиф Јосифовски Свештарот, заменик помошникот на баталјонот Мите Трпоски – војводата и заменик комесарот Трајан Белев биле убиени, како и многумина борци од кичевско, охридско, струшко и други места на Македонија.
Јосиф Јосифовски – Свештарот е опеан во неколку народни песни, а прогласен за народен херој на 11 октомври 1951 година.
-
Кичево15 часа
Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги
-
Хроника2 дена
Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско
-
Кичево3 часа
Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за среда (8 октомври)
-
Македонија2 дена
Од вечерва горивата со намалена цена за литар
-
Македонија1 ден
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника24 часа
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ