Кичево
ОВР Кичево: Двајца настрадани од кучиња скитници и детали за акцискaта за алкохол ноќеска
На 04/05.12.2021 во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол. Притоа, полициските службеници затекнале 8 возачи кои пијани управувале возило (Охрид-02, Струга-04, Кичево-02).
Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и издадени им се соодветни поднесоци.
На 04.12.2021 А.Д. (38) од кичевското село Челопеци, во ОВР Кичево пријавила дека нејзиниот малолетен син, на локален пат во селото, бил каснат од куче скитник. Истиот ден, К.А. (49) од Кичево пријави дека на локален пат во с.Осломеј бил каснат од куче скитник.
Извор: МВР
Кичево
(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
Вчера, со свечен настан исполнет со емоции и големна гордост, беше означен официјалниот старт на гламурозниот „Atva Residence Hotel & Spa“ – модерен хотелски комплекс уреден според највисоки светски стандарди. Со своите 31 врвно опремени соби, елегантниот „Atva Kitchen&Bar“ а ла карт ресторан, современата конгресна сала и салата за состаноци, како и комплетниот СПА центар, фитнес сала, затворена игротека и обезбеден паркинг, хотелот претставува нова димензија на престој и уживање.
– „Оваа вечер беше навистина посебна, заокруживме 7 години јубилеј на „Atva Residence Hotel“, 7 години исполнети со посветеност, визија и многу реализирани соништа. Приказна што зборува сама за себе. Што се однесува до нашите новитети, секако дека нашата цел отсекогаш била Кичево да го ставиме на туристичката мапа. Спа туризмот е еден од најразвиените во Европа, а ние верувавме дека и нашиот град заслужува нешто модерно, нешто светско. Нашиот „rooftop“ СПА центар е изграден со најсовремен стил и технологија, место каде гостите ќе се опуштат, ќе се наполнат со енергија и ќе почувствуваат вистински луксуз. Ја користам оваа прилика преку вашиот медиум да упатам благодарност до сите кои ни честитаа за успешен старт на нашата заедничка мисија, добредојдени сте сите!“ – за Порта.мк истакна менаџерот Томче Филипоски
Почитувани кичевчани, ова е ново поглавје, нова визија и доказ дека кога се работи со срце, границите исчезнуваат. Кичево од денес блеска со нов сјај кој мора да го видите одблиску.
Порта.мк исто така упатува честитки за грандиозното отворање на комплексот кој значи многу за Кичево и кичевчани, воедно благодарност за поканата да бидеме дел од ова ново руво за заедницата.
Мини галерија преку нашиот објектив:
Кичево
КК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
КК „Баскет Кичево“ носи вистинска свежина во кошарката. Имено, по првично комплетирање на тимот, започнува со официјални тренинзни по термини, и тоа, вторник и четврток од 19:30ч и сабота од 12:00ч.
Не заборавајте, уписите за момчиња и девојчиња на возраст од 10 до 17 години, се уште траат, истите можат да се извршат и за време на тренинзите во горенаведените термини во спортската сала на ОСУ „Мирко Милески“. Ова е вистинска и идеална можност секој млад спортист да ги направи своите први чекори на кошаркарскиот терен.
Зошто да станеш дел од КК Баскет Кичево?
- Ќе тренираш со лиценцирани и искусни тренери кои ќе ти помогнат да го извлечеш најдоброто од себе.
- Ќе имаш можност да стекнеш нови пријателства и да бидеш дел од тим што се поддржува и напредува заедно.
- Секој тренинг е чекор напред – ќе учиш, ќе се надградуваш и ќе растеш и како кошаркар и како личност.
📞 За уписи и повеќе информации, контактирајте ги тренери:
- 075/525-774 – Војне Савески
- 078/424-238 – Александар Димитров
🚀 Не ја пропуштај шансата! Приклучи се и стани дел од КК „Баскет Кичево“ – клубот каде што талентот расте, а соништата допрва стануваат реалност!
Кичево
Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско. Немаме подетални информации за учесниците на сообраќајката и нивното здравје.
Апелираме за внимание доколку поминувате преку овој патен правец.
Наскоро очекуваме детали од овој настан. Од она што го знаеме како информација од случајни минувачи, учесници се и жители од Косово.
На интервенција се веќе екипи на Итна помош при Општата болница Кичево и Полициски екипи.
-
Кичево2 дена(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Кичево1 денПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп2 денаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Здравје и убавина2 денаШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Кичево17 часаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Здравје и убавина2 денаПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
-
Кичево2 часа(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди









