Следете не

Кичево

ОВР Кичево со санкционира 23 пешаци, поради преминување коловоз надвор од пешачки премин

Објавено пред

на

На 10.09.2021 година од 10 до 15 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници регистрираа и санкционираа 50 пешаци при небезбедно преминување улица односно преминување коловоз надвор од пешачки премин (Охрид-16, Струга-09, Кичево-23, Дебар-02).

Дополнително, во Охрид  регистрирани се 03 прекршоци направени од возачи на моторцили и не се регистрирани диви такси превозници.

За медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски

Кичево

ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета

Објавено пред

на

©porta.mk

Предмалку спречена поголема огнена катастрофа во кичевското село Лазоровци. Имено од за сега нејасни причини избувнал пожар во плевна и гаража со автомобил. По добиената информација од терен – Порта.мк веднаш стапи во контакт со службените лица од Територијалната противпожарна единица од Кичево кои ни ја потврдија информацијата за точна.

Избувнатиот пожар е ставен под контрола, причинета е за среќа само материјална штета. На терен дејствувавме со 3 камиони и 15 пожарникари, нема простор за паника, за Порта.мк истакнаа од ТППЕ Кичево.

Повеќе очекуваме утре во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.

 

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани

Објавено пред

на

Во рамки на денешниот ден кичевчани оддадоа почит за трагично загинатите во траорната несреќа која се случи во ноќниот локал во Кочани, каде загинаа најмалку 59 лица, а речиси над 160 се на лекување. Македонија и регионот не памети поголема катастрофа во поновата историја.

Денес во сите градови ширум државата во знак на почит према прерано згаснатите животи се организираат мирни маршеви и собири, во Кичево во организација на група ученици од кичевската гимназија истиот се реализираше во 12:00 часот.

 

– Маршот беше со збирно место од пред ОСУ „Мирко Милески“, така што поворката се движеше преку булевар „Ослободување“ за на крај да заврши на градскиот плоштад, каде присутните со едно минутно молчење, положија свежо цвеќе и запалија свеќи со молитви за мир на душите од починатите.

– Нашиот медиум уште еднаш ја користи оваа прилика да изрази најдлабоко сочувство до најблиските засегнати во оваа катастрофа, на повредените посакуваме што побрзо закрепнување и враќање во домовите со нивните најблиски.

Во прилог тажна галерија од денешниот настан, која просиме од Бога да биде последна!

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани

Објавено пред

на

©porta.mk

Група на ученици преку социјалните мрежи упатуваат покана до сите свои врсници од кичевското средно општинско училиште „Мирко Милески“ но и останатите, во знак на почит за прерано починатите лица во страшната несреќа во Кочани, утре 18-ти март (вторник) со почеток од 12:00ч со збирно место во кругот на гимназијата ќе реализираат мирен собир.

Како што дојдовме до дополнителна информација, станува збор за мирен собир, односно марш, крајна цел ќе биде градскиот плоштад, каде ќе се полага свежо цвеќе и палење свеќи. За таа цел, настанот бил најавен во релевантните локални органи и институции.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје1 час

МВР експресно ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје

На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не...

Спорт11 часа

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со Албанија во гости

Репрезентацијата на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија. Контролните средби ќе бидат...

Македонија12 часа

Приведен раководител во општина Маврово Ростуше за примање поткуп, ветил да одобри урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети

Денеска (19.03.2025), полициски службеници го лишиле од слобода С.Е. раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово...

Спорт12 часа

ФФМ истакна соопштение со реакција упатено кон ФК Гостивар

Фудбалската федерација на Македонија, соодветно на моментот, во денови на жалост, се воздржува од активности кои не се во склад...

Кичево14 часа

ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета

Предмалку спречена поголема огнена катастрофа во кичевското село Лазоровци. Имено од за сега нејасни причини избувнал пожар во плевна и...

Македонија15 часа

ЗНМ: Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Владата на Република Македонија, во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на...

Македонија15 часа

Предмалку земјотрес почуствуван во источна Македонија

Предмалку земјотрес почувствуван во источна Македонија. Истиот според ЕМСЦ е регистриран во 18:33 часот, со длабочина од 10км, неговата дистанца...

Спорт15 часа

Јован Манев: „Минуваме низ тежок период, изгубивме блиски пријатели, ќе го дадеме нашиот максимум на квалификациските натпревари во спомен на сите загинати“

Во пресрет на натпреварот Македонија – Лихтенштајн (22. март, Вадуц), воведен од квалификациите за Светското првенство 2026, македонскиот репрезентативец Јован...

Македонија17 часа

МВР со информација за сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови)

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата...

Хроника17 часа

(ФОТО) Тренингот не е ист без Андреј Лазаров, ФК Шкупи тагува по својот фудбалер

Со голема празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денес се обидовме да се вратиме на тренингот Сепак,...

НАЈЧИТАНИ