Кичево
ОВР Кичево вчера со засилени акциски контроли за техничка исправност на возила

На 03.10.2023 во периодот од 10.00 до 14.00 часот на подрачјето на ОВР Кичево преземени се засилени акциски сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници, затекнале 02 возачи кои бесправно управувале моторни возила, на вонреден технички преглед упатиле 03 моторни возила, каде биле констатирани технички неисправности, по што едно возило исклучиле од сообраќај.
Поднесени се 09 барања за прекршочна постапка, за порта истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
Во недела на големиот празник рождество на Пресвета Богородица, во кичевско с.Другово ќе се осветува поставениот Крст

Со голема радост и духовен трепет од с.Другово известуваат дека на големиот празник Рождество на Пресвета Богородица, ќе се изврши осветување на православниот Крст поставен на просторот кај базенот.
Овој благословен чин е израз на нашата вера, љубов кон Бога и почит кон Пресветата Мајка.
Ве повикуваме сите верници, мештани и гости да присуствувате и заедно да го споделиме овој значаен момент, во слава на Бога и чест на Пресвета Богородица.
Секој е добредојден – да се обединиме во молитва, заедништво и духовна радост.
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ прва изложба на кичевчанецот Зоран Здравески насловена како „Железна поезија“, вечер на креација, инспирација и разговори

Вечерва со почеток од 19:30ч во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи изложбата „Железна поезија“ на Зоран Здравески. Роден во Кичево на 17 јануари 1975 година. Завршил средно образование како машински техничар, а професионално е ангажиран во приватна фирма специјализирана за метал и обработка на метал.
Паралелно со работата, неговата страст е изработката на железни скулптури. Контраст меѓу студеното и топлото металот е „ладен”, а уметноста му дава „топлина”.
Тој контраст создава поезија што се чувствува без зборови. Со еден збор, „Железна поезија” кажува дека уметноста може да направи и најцврстиот материјал да пее.
Екипата на Порта.мк му честита за првата негова изложба, со надеж за уште поголеми проекти во иднина. Повелете и дадете поддршка со вашето ценето присуство на една поинаква уметничка вечер исполнета со креација, инспирација и разговори.
Кичево
ЕВН: Времен прекин на електрична енергија утре во следните кичевски места

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 12.09 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места од град Кичево:
КИЧЕВО | Ресторан и Маркет Атва (пожарна), Сетек, Стокомак, Скопска Пивара, Магацин за пелети, Синдикат ССМ и околните објекти | 12.09.2025 08:30 | 12.09.2025 15:30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
-
Кичево23 часа
Во недела на големиот празник рождество на Пресвета Богородица, во кичевско с.Другово ќе се осветува поставениот Крст
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (18 септември)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за петок (19 септември)
-
Скопје1 ден
Малолетници на 12 и 14 годишна возраст од угостителски објект одзеле пари од вработени и побегнале, едниот се заканил со остар предмет
-
Временска прогноза1 ден
Следната седмица вистинска промена на времето
-
Технологија2 дена
(ВИДЕО) „DJI“ официјално го претстави својот нов дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 PRO
-
Скопје16 часа
МВР поднесе кривична пријава за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
Магазин1 ден
Како батеријата на телефонот да трае цел ден? Еве три клучни совети