Кичево
ОВР Кичево вчера спроведе засилена акциска, дури 12 возеле без возачка дозвола

На 03.03.2022 во периодот од 20 до 23.00 часот на подрачјето на Кичево извршени се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 2 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол, 2 возачи кои управувале возило со изминат рок на сообраќајната дозвола и 12 лица кои управувале моторно возило без возачка дозвола.
Во продолжение од полицискиот билтен за ден 02.03.2022 година во 14.30 часот, С.Ј.(53) од Кичево во надлежната полициска станица пријави дека на улицата „Амит Челопечанец“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, В.Н.(79) пријави дека на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево била касната од куче скитник.
Извор: МВР Билтен / СВР Охрид – портпарол Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин2 дена
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија12 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Магазин9 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации