Кичево
ОВР Кичево во кичевската гимназија „Мирко Милески“ одржа едукативно предавање на тема „Заштита од говор на омраза“

ОВР Кичево и отсекот за превенција, вчера (06.03.2024), во основното училиште „Мирко Милески“ во Кичево, одржаа едукативни предавања на тема „Заштита од говор на омраза“. Активноста има за цел, подигнување на јавната свест за препознавање на различните форми на говор на омраза кои таргетираат специфични заедници и поединци во заедницата како и да се промовираат различните начини за спротиставување на говорот на омраза, зголемување на степенот на безбедносната култура и совеста кај граѓаните а пред се, кај младата популација, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.
Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:
Престижната генерација 2014:
Кичево
„Супра Психолошкиот Центар“ во соработка со кичевската ПЗУ „Супра Медика“ организира бесплатно пријавување на луѓе за поддршка на болни од малигни заболувања

„Супра Психолошки Центар“ во соработка со ПЗУ „Супра Медика“ од Кичево, организира бесплатно вклучување на луѓе кои боледуваат од малигни заболувања и членови од нивното потесно семејство.
Г-ѓа Наташа Дамјаноска – Психолог: Поаѓајќи од личното и професионалното искуство стекнав увид во тоа колку е важна поддршката од страна на семејството и блиските во состојба на болест, а посебно кога е во прашање дијагноза канцер. Како што е потребата од поддршка важна за болните, исто така е голема потребата за поддршка и на членовите на семејството. После добивање на дијагнозата кај луѓето се манифестира целокупниот емоционален спектар и тоа не само стравови, гнев, раздразливост, туку и тага. Настануваат значителни промени на психолошко и социјално поле.
Во последниот период заболувањето од канцер се третира многу поуспешно и многу видови канцер се излечливи, но самата асоцијација најчесто е тешка болест и смрт. Една од најважните задачи на овие групни работилници е да им се покаже дека истите не се сами во овој процес, да бидат ислушани, разбрани и поддржани – за нашиот медиум истакна Психолог Дамјаноска
Преку интегрално соопштение до јавноста, ги охрабруваат сите кои сакаат да се приклучат во групата, дека истото можат да го направат со пријавување лично на тел бр. ☎️ 078/313-344
– Имено, да напоменеме кичевската установа ПЗУ „Супра Медика“ која се грижи 19 години за здравјето на пациентите, поседува ординации по Општа медицина – два тима на матични лекари, Ординација по интерна медицина, Психолошко советувалиште, а во својата дејност поседува и широка палета на лабораториски анализи во соработка со врвни референтни лаборатории.
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за понеделник (17 февруари)
-
Кичево5 часа
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина
-
Временска прогноза2 дена
Ни претстои промена на времето од утре вечер, ова се последните информации кои ги истакна предмалку Славчо Попоски
-
Магазин24 часа
(ВИДЕО) Стефан Лазаров и Тамара Тодевска со хит песна, приказна која ќе ве врати до сите блиски кои имаат посебно место во вашите срца!
-
Временска прогноза11 часа
Од среда драстично заладување на времето, ова се најновите метео вести
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (16 февруари)
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден / 16 февруари
-
Lifestyle1 ден
Ултра понуди на туристички аранжмани за лето 2025 по ексклузивни цени кои започнуваат од 89€ за 7 ноќевања, резервирајте го вашиот одмор веднаш!