Следете не

Кичево

ОВР Кичево во текот на вчерашниот ден со полни раце работа!

Објавено пред

на

©porta.mk

На 25.04.2025 во 23.50 часот во угостителски објект  на булевар „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги приведоа З.Ѓ.(47) и Р.Ѓ.(45), двајцата од Кичево, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.04.2025 во 18.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го приведоа Е.Ф.(36) од Кичево, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба од Основниот суд Кичево за издржување затворска казна за сторено кривично дело „кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување казната, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Кичево

Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента

Објавено пред

на

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.

На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Кичево

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

Објавено пред

на

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете, за кое претходно неговите родители пријавија дека се оддалечило од семејниот дом.

Малолетникот е предаден на неговите родители, за јавноста предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Кичево

Празничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар

Објавено пред

на

ФОТО: fotozoran official

Драги кичевчани, наши читатели. Празничната магија повторно се чувствува во Кичево, полека но сигурно го враќа впечатливиот сјај на кој сите му се радуваме, и старо и младо, накитувањето во разни бои полека привршува. Покрај прекрасната програма која ќе се одржи на градскиот плоштад на 30 и 31-ви во организација за прв пат на Општина Кичево за дочекот на новата 2026-та, потоа и Хуманитарен Божиќен Базар се од 11-ти вечерта, тука е и Дедо Мраз меѓу нас!

Традиционално, пред студиото „Фото Зоран“ во Кичево каде со насмевка ги пречекува најмладите и ја шири радоста на новогодишните празници, во сосема нов украсен простор во топол, празничен дух и подготвен да биде место каде се создаваат спомени што се паметат долго!

За сите кои не го посетиле ова магично место, во студиото „Фото Зоран“, Дедо Мраз не е само лик од бајките, туку вистински пријател на децата. Со својата препознатлива насмевка, црвена облека и вреќа полна со изненадувања, тој ги слуша желбите на најмалите, разговара со нив и им подарува моменти исполнети со радост. Родителите, пак, имаат можност да забележат искрени емоции детски смеа, возбудени погледи и топли прегратки сè овековечено преку професионална фотографија.

Оваа средба е повеќе од обично фотографирање, таа е доживување што ги зближува семејствата и ја враќа вистинската празнична атмосфера. Во време кога секојдневието е забрзано, ваквите моменти потсетуваат на значењето на традицијата, вниманието и споделената радост.

Посетата на Дедо Мраз во „Фото Зоран“ стана препознатлив дел од новогодишните случувања во Кичево и секоја година носи нови насмевки, нови приказни и нови спомени кои остануваат засекогаш.

Во прилог погледнете ја официјалната видео покана ТУКА на Дедо Мраз која ќе ви ги стопли срцата!

Сликај се со Дедо Мраз, во „Фото Зоран“ со стил и стас!

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево28 минути

Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим...

Македонија4 часа

Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза5 часа

Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!

Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па...

Кичево6 часа

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете,...

Македонија8 часа

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во...

Фото: Brooke Cagle @ unsplash Фото: Brooke Cagle @ unsplash
Магазин8 часа

Заборавете го лаптопот: Galaxy Tab S11 носи сериозен мултитаскинг

За сите што некогаш се прашувале дали таблетот може целосно да го замени лаптопот, Samsung нуди јасен одговор – може,...

Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash
Македонија11 часа

Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија

АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за четврток (18 декември)

ОВЕН  Личноста со која сте блиски сигурно ќе ви даде добар совет. Слушајте внимателно дури и ако ви се чини...

Македонија22 часа

Живот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!

Во текот на вчерашната ноќ во село Воѓани, општина Кривогаштани се случил немил настан, пламените јазици ја опожарија до темел...

Кичево1 ден

Празничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар

Драги кичевчани, наши читатели. Празничната магија повторно се чувствува во Кичево, полека но сигурно го враќа впечатливиот сјај на кој...

НАЈЧИТАНИ