Следете не

Временска прогноза

Огромен пад на температурите за цели 15 степени

Објавено пред

на

Силен антициклон кој овој викенд ќе се стационира над западна, северозападна и северна Европа ќе услови слободно од Русија кон нашите краишта да дојде до спуштање на веќе најавениот поларен бран.

Овој поларен бран ќе бид епроследен со засилен, повремено силен ветер од северен и од североисточен правец кој на некои места и тоа особено на запад ќе достигнува брзина до околу 90 км/час, ќе има услови и за локални послаби врнежи од снег и тоа особено во сабота.

Температурите на воздухот ќе опаднат дури и за околу 15 степени и максималните дневни температури на воздухот за време на претстојниот викенд ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 5 во најтоплите региони, наутро пак и тоа особено во недела поради разведрувањето минималните температури ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -4 степени додека на некои места истата има услови да се спушти и до околу -15 степени.

НАПОМЕНА: Поради наглата промена на времето биометеоролошките услови ќе бидат многу лоши, односно кај оние граѓани кој се чувствителни на временските промени ќе почувстуваат тежина на главата и телото, повремена нервоза како и несоница но и болки во коските и на местата од старите рани.

ВНИМАНИ: Поради силниот ветер кој понекаде, особено на запад се очекува да достигнува брзина и до 90 км/час, на граѓаните ги предупредуваме да бидат внимателни каде и како се движат додека на возачите го советуваме своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја, особено врз оние постари.

Подготви: Славчо Попоски

Временска прогноза

Од недела нашата територија ќе биде изложена на нов ладен и влажен бран, ова се информациите

Објавено пред

на

Во недела на 2 март нашата територија повторно ќе биде зафатена од нов ладен и поголем влажен бран кој ќе услови пообилни врнежи кои во градовите ќе бидат претежно од дожд, додека на повисоките места и на планините (до околу 1000 метри надморска височина) врнежите ќе бидат од снег.

Снежната граница, особено во северните и во северозападните предели се очекува да се спушти и под 1000 метри, па така, појава на повремен снег во овие предели ќе има и во дел од повисоките населени места. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

И во Скопскиот регион со овој ладен и влажен бран од север ќе има врнежи од дожд, а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Не се исклучува можноста послаби врнежи од снег во недела на 2 март да има  и во дел од повисоките предели од котлината. Повремено и во Скопје ќе дува засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие во недела на 2 март позначителнои ќе опаднат  и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

До петок стабилно време, викендот пред нас ќе има услови за повремен локален слаб дожд

Објавено пред

на

Во периодот кој што е пред нас, односно до петок (28  февруари) во нашата Република Македонија ќе имаме променливо време со повремени локални послаби врнежи од дожд, додека на планините и на Скијачките центри повремено ќе провејува снег. Ќе биде релативно тивко и без некој изразен ветер, а во утринските и повторно во ноќните часови ќе има услови за појава на магла по котлините.

Слично време ќе имаме  и во Скопскиот регион, променливо и со услови за појава на магла наутро и повторно во ноќните часови. Ќе има услови и за повремен локален послаб дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе бидат околу, или за неколку степен над нулата, а само на високите места, планините  и на Скијачките центри тие ќе бидат за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури пак до петок (28 февруари) ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени, додека во југоисточните предели температурата повремено ќе се искачува и до околу 15 степени.

И во Скопје температурата овие денови ќе се искачува до околу 15 степени.

За време  на викендот, односно на први и на втори март ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови значително заладување на времето, пообилни врнеи од дожд, кој полека ќе преминуваат во снег, најпрвин на Скијачките центри, планинските места  и повисоките населени места, потоа  и во дел од градовите, особено во западните  и во северните предели од нашата Македонија, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Објавено пред

на

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија ќе попушти и температурите ќе бидат повисоки, како наутро, така и преку ден, но не се работи за некое многу големо затоплување. Исто така, во текот на следната седмица ќе имаме и значително повеќе облачност и претежно тивко време и без некој изразен ветер.

По котлините пак за време на овој период, ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која ќе биде најизразена во ноќните и во утринските часови. Но мора да напоменам дека, повремено во овој период ќе има и слаби локални врнежи, кои на ниските места ќе бидат од дожд, а на повисоко, како и на планинските места, секако, и на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.

Повремено, снежната граница би можела да се спушти и во дел од градовите, па не се исклучува можноста  и во градовите повремено да има појава на слаби врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.

И во Скопскиот регион не очекува слично време како и во останатите предели од државава.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интевалот од -4 до 3 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот претежно од 3 до 13 степени. Во Скопје пак максимумот на температурата во текот на следната седмица ќе се искачува до околу, а према средината и во вториот дел од истата таа ќе надминува 10 степени.  Наутро пак таа ќе се спушта до околу, повремено и за некој степен под нулата, а од средината на следната седмица таа и наутро ќе биде претежно над нулата, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза10 часа

Од недела нашата територија ќе биде изложена на нов ладен и влажен бран, ова се информациите

Во недела на 2 март нашата територија повторно ќе биде зафатена од нов ладен и поголем влажен бран кој ќе...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за четврток (27 февруари)

ОВЕН Ова не е премногу поволен ден за вашата работа. Можеби ќе имате некоја помала штета која ќе ве оптерети....

Хроника11 часа

На регионалниот пат Битола-Прилеп според информациите камион прегазил човек кој им подлегнал на повредите

Од 20:10 часот сообраќајот на регионалниот пат Битола-Прилеп кај м.в „Беровци“ во близина на бензинска пумпа се пренасочувал по стариот...

Спорт15 часа

Ги имаме полуфиналистите во „Купот на Македонија“ во фудбал

На денешните мечеви од ¼ финалната фаза од натпреварувањето, фудбалерите на Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ го совладаа Силекс...

Автомобили22 часа

Продажбата на автомобили во ЕУ падна на почетокот на годината

Продажбата на автомобили во Европската унија (ЕУ) бележи пад во јануари 2025 година, согласно податоците на Европската асоцијација на производители...

Lifestyle22 часа

Лесен трик за чистење на ножевите од рѓа со лимон

Потребни материјали: Сок од лимон (свеж или претходно исцеден) Плиток сад Чекор 1: Разберете ја причината за рѓосувањетоРѓата на ножевите...

Магазин22 часа

Tinder воведува нови категории на Explore за да ви помогне да најдете поврзани партнери

Tinder ја ажурира својата страница Истражувај со нови категории што го олеснуваат наоѓањето партнери со слични цели во врската. Нови...

Магазин22 часа

DeepSeek споделува кориснички податоци со TikTok, непозната причина

Споделувањето на корисничките податоци на DeepSeek со ByteDance, матичната компанија на TikTok, во Кина, повторно ја разгоре загриженоста за приватноста...

Магазин22 часа

ЕУ би можела да воведе дополнителни регулативи за WhatsApp

WhatsApp се соочува со можни нови регулативи во Европската унија, поради зголемувањето на бројот на корисници на неговите отворени канали....

Магазин22 часа

Apple ги отстранува апликациите без информации за контакт од продавницата

Apple започна со отстранување на апликации од својата продавница што не ги исполниле новите барања за информации за контакт. Оваа...

НАЈЧИТАНИ