Свет
Panasonic го купи Blue Yonder за 7,1 милијарди долари
Panasonic целосно ја стекна сопственоста на Blue Yonder, компанија која развива алгоритми за вештачка интелигенција и машинско учење во областите на услуги за планирање, автоматизација и електронска трговија. Минатата година Panasonic купи 20 проценти од компанијата за 790 милиони долари, а сега ги откупи и преостанатите 80 проценти, по цена од 5,6 милијарди долари. Panasonic исто така вети дека ќе ги исплати долговите на компанијата, со што вкупната вредност на набавката достигна 7,1 милијарди долари.
Патем, ова се смета за добра набавка во финансиските и деловните кругови, бидејќи се проценува дека Blue Yonder вреди околу 8,5 милијарди долари. Тие минатата година остварија приход од 1 милијарда долари, од кои значителен дел беа пријавени како периодични приходи од SaaS.
Panasonic се реши на овој чекор поради зголемената потреба за вештачка интелигенција и автономна работа, предизвикана од пандемијата КОВИД-19, што влијаеше и на огромниот раст на електронската трговија. Оваа аквизиција ќе го зајакне портфолиото на Panasonic во оваа област. Брендот Blue Yonder ќе остане постојан, но ќе работи под покровителство на компанијата поврзана решенија од Panasonic.
Свет
Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја
Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.
„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.
„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.
Свет
Гигантот „Амазон“ најави отпуштање на 14,000 вработени од својата корпоративна работна сила
Компанијата Амазон соопшти дека ќе отпушти приближно 14.000 вработени од својата корпоративна работна сила. Претходните извештаи укажуваа дека бројката би можела да достигне и до 30.000 лица, но компанијата официјално потврди дека станува збор за 14.000 отпуштања.
Од компанијата не беше прецизирано кои оддели се најмногу погодени од намалувањето на персоналот. Сепак, според достапните информации, отпуштањата ги зафатија тимовите задолжени за видео игри, логистика, плаќања и cloud computing услуги.
Како главна причина за овој чекор се наведува зголемената примена на вештачката интелигенција. Потпретседателката на Амазон за човечки ресурси и технологија, Бет Галети, изјави:
– „Оваа генерација на вештачка интелигенција претставува најтрансформативната технологија што сме ја виделе по појавата на интернетот. Таа им овозможува на компаниите побрзо да иновираат од кога било досега. Веруваме дека треба да бидеме поефикасни, со помалку организациски слоеви и поголема одговорност, за да можеме побрзо да одговориме на потребите на нашите клиенти и на нашиот бизнис.“
Во изминатите неколку години, Амазон спроведе повеќе помали бранови на отпуштања, кои влијаеја врз различни оддели, меѓу кои Prime Video, Amazon Web Services и логистичките центри на компанијата, пренесуваат преку нивното гласило aboutamazon.com
Извор: aboutamazon.com
Свет
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија
Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.
Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.
Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).
Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.
Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.
Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.
Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (13 ноември)
-
Хороскоп22 часаХороскоп за петок (14 ноември)
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
-
Lifestyle1 денКолку кафе пиете дневно? Медицината вели дека ова се безбедни количини.
-
Балкан1 денАвион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска
-
Lifestyle1 денКако да ја направите вашата правосмукалка да трае подолго и да работи како нова
-
Занимливости2 денаМрсната коса бара секојдневна грижа и одржување
-
Магазин1 денPinterest претстави паметен асистент со вештачка интелигенција за пребарување и инспирација
