Култура
(ФОТО) Денес во ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево се реализираше панел дискусија со претставници од кичевскиот Центар за социјална работа и родители
Денес во ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево се реализираше панел дискусија на тема „Насилство во семејството“. На оваа иницијатива организирана од вработените на установата свој придонес дадоа и поголем број на родители кои дебатираа и учествуваа во различните дискусии и примери со кои се соочуваат или некогаш се соочиле.
Покрај вработените кои ја отворија панел дискусијата, гости и предавачи на настанот беа г-ѓа Драгица Наумоска и г-ѓа Лаурета Спахиу од Центарот за социјална работа – Кичево, кои големо значење и акцент дадоа на родитеската грижа која несомнено е водилка за правилен напредок за детето, а се дискутираше и за тоа како во мноштво различности и емпатија да се учат децата низ игра на прави вредности, меѓусебно почитување.
На овој настан исто така забележавме дека родителите се задоволни од работата на оваа институција, од вработените и целокупниот систем кои го работат со дечињата, што дава една позитивна клима за уште поголеми успеси во иднина.
„Порта.мк“ го проследи овој настан и истиот ви го пренесува преку фотографија:
Култура
Денеска е „Св.Апостол Лука“, честит именден и роденден на сите кои слават
Денес, на 31 октомври, ја одбележуваме славата на Светиот апостол и евангелист Лука, заштитникот на лекарите и еден од најпочитуваните светители меѓу православните христијани.
Свети Лука е еден од четворицата евангелисти чија бесмртна порака е запишана во Новиот Завет. Некои преданија велат дека припаѓал на редот на Дванаесетте апостоли, додека други го вбројуваат меѓу Седумдесетте Христови ученици.
Роден во Антиохија, Свети Лука уште во младоста се посветил на медицината и сликарството. Се смета дека токму тој ги насликал првите икони на Пресвета Богородица, како и на апостолите Петар и Павле поради што се смета за основоположник на христијанскиот иконопис.
По воскресението Христово, Лука го напишал своето Евангелие и книгата „Дела апостолски“, кои му ги посветил на некој Теофил. Во својата мисионерска служба бил верен сопатник на апостолот Павле, со кого ја ширел Христовата наука дури и низ Македонија.
По маченичкиот живот исполнет со проповед и страдања, Свети Лука го завршил својот земен пат во Грција, во градот Теба, каде што бил обесен на маслиново дрво заради верата во воскреснатиот Христос.
Култура
Утре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград, на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок. Потекнува од чесно и имотно христијанско семејство и со одобрение на нејзините родители нејзиниот постар брат Јефтимиј прво се замонашил а подоцна станал епископ Мадитски.
Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.
Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година.
Нејзиниот живот бил исполнет со молитви и работа, по смрта на нејзините родители поради Христа заминала на поклонение во Цариград,потоа престојува во Халкедонскиот манастир а од таму заминува во Ираклија каде што пет години престојува во Богородичната црква.
Од Ираклија заминува во Светата земја и таму останува до својата длабока старост живејќи во подвизи,пост и молитви. Две години пред нејзината см*т и се јавил ангел кој што и рекол дека треба да се врати во својот роден град, каде што на земјата ќе и го предаде телото а душата на Господа.
По нејзиното враќање во родниод град Епифат веќе никој неможел да ја препознае бидејќи немала роднини а и неколку децении била отсатна од градот. Крајот на својот живот го минала со работа, пост и молитви без да дознаат нејзините сограѓани која е.Бидејќи нејзините сограѓани ја сметале за туѓинка по нејзината смрт ја погре*але надвор од христијанските гробишта.
После многу години од нејзината см*т во градот требало да се п*греба давеник, бидејќи тој бил туѓинец решиле да го пог*ебаат надвор од гробиштата и тоа на истото место каде што била пог*ебана светицата. Кога го отвориле нејзиниот гр*б забележале дека нејзиното тело не е расп*днато ама на тоа не обрнале внимание,го положиле уд*вениот морнар врз неа и го го затвориле гробот.
Ноќта на еден од работниците кој што учествувал на п*гребот по име Георгије на сон му се јавила светицата облеана со светлина,седната на царски трон и опкружена со војници. Еден од војниците му се доближил,го фатил за рака и му рекол дека многу згрешиле тоа што го сториле претходниот ден.
Потоа станала Преподобната Мајка му кажала која е и со зборовите дека неможе повеќе да ја трпи смрдеата на телото на удав*ниот морнар,му наредила да ги извадат нејзините мошти и да ги положат на некое чесно место. Утредента Георгије им го раскажал сонот на неговите роднини и сите заедно веднаш се упатиле кон гроб*штата. Кога пристигнале таму виделе насобрано многу луѓе,истиот сон го сонувала и една жена по име Јефтимија. Насобраната маса решила да ги откопа моштите на светицата и да ги погреба во Епифат во црквата св.Петар и Павле.
Веднаш по овој настан почале да се случуваат разни чудесија и исцелувања.
Два века по смрта на Света Петка со Цариград владееле крстоносците,па во 1238-та година бугарскиот цар Јован Асен успеал од нив да ги преземе светите мошти и да ги пренесе во својата престолнина Трново. По Косовската битка и Трново паѓа во рацете на Османлиите и моштите на Света Петка се пренесени во Романија.
Потоа во 1396-та година и Романија паѓа во Османлиски раце тогаш српската царица Милица го замолила султанот Бајазит да ги пренесе светите мошти во Србија. Султанот се согласил со тоа и моштите на светицата биле пренесени во Белград на месноста Калемегдан.
Кога во 1521-та година султанот Сулејман втори го завзел Белград,ги запленил светите мошти на Света Петка и ги однел во Цариград. Таму почнале да се слушуваат чудесни работи па и покрај христијаните светицата ја славеле и муслиманите. Во 1641-та година војводата Василије Лупал господар на Молдавија, успеал да ги добие моштите на светицата и нив ги пренел во светиот град Јаш,во црквата “св.Три Ерарси”. Во 1884-та година нераспаднатите свети мошти на Света Петка се пренесени и изложени во Соборната црква на градот Јаш каде што се наоѓаат и денес.
Споменот на “Света Преподобна Петка – Параскева Трновска ” се празнува секоја година на 14-ти октомври по стар стил, или на 27-ми октомври по нов стил.
Светата Православна Црква празнува три личности со исто име Петка(македонски) односно Параскева(грчки),поради што во народот се мешаат или пак се мисли дека се работи за иста личност.
-Првата св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка Римјанка. Нејзиниот спомен се празнува на 26-ти јули по стар стил,или 8-ми август по нов стил. Таа заг*нала со мач*ничка см*т, исечена е за време на царот Антонио Пиј,па затоа правилно се нарекува “Света мач*ница Петка-Параскева Римјанка”.
-Втората св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка од Иконија. Таа исто како и првата мач*н*чки загинала за време на царот Диоклецијан.Нејзиниот спомен се празнува на 27-ми октомври по стар стил,или 10-ти ноември по нов стил.Нејзиното целосно име гласи вака “Света мач*ница Петка-Параскева Иконијска”.
Овие две светици се мач*ници додека “Света Петка-Трновска” е преподобна.
Култура
Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да паѓа
Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.
На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.
Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.
Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.
На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.
На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.
Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во Крстови Гора.
-
Кичево2 денаД-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (4 ноември)
-
Хроника15 часаД-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
-
Хороскоп14 часаХороскоп за среда (5 ноември)
-
Кичево1 денВечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
-
Lifestyle1 денКако брзо да го отпушите одводот без хемикалии: трик со топла вода и течност за садови
-
Магазин1 денApple Maps наскоро ќе прикажува реклами – нов начин на монетизација
-
Спорт20 часаВо „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил



















