Здравје и убавина
Пченка и Ѓумбир ги чистат белите дробови
Дали сте роб на цигарите и никако не можете да ги оставите и покрај тоа што неподносливо кашлате? Во тој случај почесто конзумирајте намирници и напитоци кои можат да ги прочистат вашите бели дробови и да ви овозможат полесно да дишете.
Пушачите кои се „дават“ во својата кашлица можат да си помогнат и да ги исчистат своите бели дробови со некои од овие намирници, чај од ѓумбир, борови иглички или коприва, пченка, портокал, кромид и лук.
Можат да ви помогнат чаевите, пред се од свеж ѓумбир, но и од борови иглички или коприва, која исто така можете да ја јадете и како салата. Јадете риба и јагнешко месо, бидејќи содржат моќен антиоксидант селен. Конзумирајте јајца и житарици.
Пченката е полна со бета-криптоксантин, кој докажано ги штити белите дробови од карцином, бидејќи дејствува како моќен антиоксидант. Ако сте во можност набавете ја онаа пченка која е органски одгледувана. Слично дејство имаат и портокалите.
Кромидот и лукот поради својот состав имаат антиканцерогено дејство. Истражувањата покажале дека кај лицата заболени од карцином, кои редовно ги конзумираат кромидот и лукот, е спречена појавата на нови туморски клетки. Нормално, непријатниот здив е неизбежен, но сетете се и на мирисот од цигарите во вашата уста и на вашата облека, и прифатете го мирисот на овие намирници исто како што сте го прифатиле чадот од цигарите.
Извор: Денар
Здравје и убавина
Како полесно да ја издржите диетата за слабеење
Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден „слободен ден“ во неделата кога можеме да изедеме нешто што инаку е забрането, значително се зголемува веројатноста да се остане доследен на режимот.
Во истражувањето биле вклучени две групи луѓе кои имале цел да ослабат: првата група секој ден консумирала по 1.500 калории, додека втората шест дена во неделата јадела по 1.300 калории, а седмиот ден добивала дозвола да внесе околу 2.700 калории.
Резултатите покажале дека учесниците од првата група побрзо ја губеле мотивацијата. Кај втората група, пак, сознанието дека имаат „награден ден“ делувало мотивирачки, па поретко се откажувале од диетата.
Интересно е што и покрај разликите во пристапот, двете групи забележале слично намалување на телесната тежина.
Извор: taratur
Здравје и убавина
Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.
Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.
Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.
Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.
Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.
/таратур
Здравје и убавина
Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува истражување спроведено на Универзитетот во Џорџија.
Научниците ги споредиле ефектите врз „менталната енергија“ кај луѓе кои пиеле кафе со чоколадо, обично кафе, кафе само со кофеин и комбинација од кофеин и чоколадо. Секој учесник секојдневно консумирал по еден од овие четири напитоци, по што решавал тест за ментална будност.
Оние што пиеле кафе со чоколадо, како и комбинацијата кофеин–чоколадо, покажале побрзи реакции и поголема точност во решавањето задачи во споредба со останатите групи.
Освен подобрувањето на концентрацијата, резултатите откриле и дека чоколадото може да ја намали „напнатоста предизвикана од кофеинот“.
– „Овој напиток го подобрува протокот на крв во деловите на мозокот одговорни за вниманието и когнитивните функции. Кофеинот, пак, може да ја зголеми нервозата, но чоколадото го ублажува овој негов ефект“, истакнуваат истражувачите.
Сепак, експертите предупредуваат дека консумирањето чисто кафе може да ја засили агресивноста кај некои луѓе.
Затоа, додадете парче чоколадо во вашето кафе и решете ги двата најчести утрински предизвици!
-
Хороскоп18 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Временска прогноза1 денСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Здравје и убавина20 часаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
