Кичево
Петок со „The Groove“ бенд во „La Casa“ Restaurant & Bar – Кичево

Момичињата од „The Groove“ бенд утре гостуваат во „La Casa“ Restaurant & Bar, за прв пат покрај базен и на отворено ќе го збогатат викенд-ноќниот живот во Кичево. Локацијата е добро позната, поранешна „Стара Централа“ во ново руво.
Резервации на тел. 076/223-007
Почеток: 21:00 часот
Бидете дел и резервирајте го вашиот викенд во прекрасен музички амбиент, потврдете го вашето присуство на фејсбук настанот ТУКА
Кичево
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево

Според извори од Алфа Телевизија пациент од Кичево е првиот сомнителен случај со „мајмунски сипаници“. Според информациите до кои дојде Алфа пациентот имал закажано термин на инфективна клиника во Скопје, така што го очекуваат да пристигне во секој момент.
Според истиот извор, кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.
Дополнително како што наведуваат, врз пациентот најверојатно ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.
Видео од прилогот на Алфа ТУКА
Извор и повеќе информации: Алфа Телевизија
Кичево
Кичево: Ноќеска избувнал пожар во с.Другово, нема повредени

На 08.08.2022 околу 20 часот, во полициска станица Кичево, пријавено е дека во кичевското село Другово, настанал пожар кој целосно опожарил плевна и куќа, сопственост на В.М.(62) од истото село. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Кичево. Увид на местото на настанот изврши екипа од полициска станица Кичево. За Порта извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
За денес најавен прекин на електрична енергија во следните кичевски улици и села

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес 09.08 – вторник, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски населби и села:
- село Цер,Велмевци, Прострање, Кладник и дел од с. Вранештица (Од 08:50 до 15:00 часот)
- дел од ул. Јанко Михајлоски, Стојан Сандески, 15-ти Ноември (Од 10:00 до 13:00 часот)
- Времетраењето од-до може да зависи од ефикасноста на работата.
Извор: струја
-
Хроника1 ден
Кај кичевското село Вранештица пронајден човечки труп по течението на река Треска – ова се деталите
-
Кичево2 дена
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда [10 август]
-
Хороскоп18 часа
Дневен Хороскоп (четврток 11 август)
-
Временска прогноза1 ден
Услови за појава на невреме, еве какво време нè очекува оваа недела
-
Македонија21 час
Шест возачи на товарни возила и автобуси под дејство на алкохол во битолско
-
Спорт2 дена
Младата репрезентација на Македонија на првиот контролен меч против Романија со нерешен резултат
-
Магазин1 ден
Како да го стартувате Internet Explorer во Windows 11