Следете не

Здравје и убавина

Пијалокот „Ракија“ може да лекува, еве десет значајни случувања кои може ракијата позитивно да дејствува врз нив

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ 蔡 世宏

На Балканот, каде тврдокорноста е дел од секојдневието, ракијата не е само пијалок што ја придружува добрата трпеза и веселите моменти. Таа има и почесно место во народната медицина. Од дамнина се верува дека „една чашка ракија“ може да излечи сè од болки во стомак до ревматизам. Пренесувана од колено на колено, оваа вера опстанала до денес, иако треба да се има на ум дека ракијата содржи висок процент на алкохол и со неа мора да се постапува внимателно.

Во умерени количини, овој природен еликсир навистина може да помогне при различни тегоби. Еве неколку ситуации во кои народот најчесто ја користи:

1. Болки во желудникот

Ако сте се прејале со мрсна храна и желудникот ве мачи, мала чашка лозова, сливова или треварица може брзо да го смири непријатното чувство и да ја олесни варењето.

2. Забоболка

Наместо таблети, некои се колнат во народниот лек ракија директно на болниот заб. Земете голтка, задржете ја десетина секунди околу забот и исплукајте. Постапката може да се повтори неколку пати, но без претерување за да не се надразни непцето.

3. Воспалено грло

Ако воспалението е бактериско, комбинацијата на ракија и неколку капки прополис може да го дезинфицира грлото. Добар додаток е и топол билен чај во кој ќе ставите две-три лажички ракија.

4. Болки во грбот

Масажата со ракија, особено со комовица, помага да се намали болката во мускулите и да се подобри циркулацијата. Доволно е неколку капки да се втријат во болното место неколку пати во текот на денот.

5. Вкочанет врат

Иста постапка како кај болниот грб малку ракија, масажа и топлина за полесно движење.

6. Ревматизам и артритис

Кај луѓето кои страдаат од артритис, масирањето со ракија може да ја ублажи болката во зглобовите и да го намали воспалението.

7. Отоци и воспаленија

Благото ладење што го предизвикува ракијата може да помогне при отоци. Натопете крпа во ракија, нанесете ја на погоденото место неколку секунди, па тргнете ја и повторете ја постапката повеќе пати.

8. Лоша циркулација

Не е чудно што многу баби и дедовци ја започнуваат утрината со едно мало чаше ракија, таа ја поттикнува циркулацијата и го „раздвижува“ телото.

9. Уринарни проблеми

Комбинацијата на ракија и магдонос традиционално се користи како природен лек против бактериски инфекции на уринарниот тракт.

10. Мачнина при возење

Народен совет гласи дека голтка ракија може да ја намали мачнината при возење но овој совет НЕ се однесува на малолетници ниту на возачи.

Иако ракијата може да помогне во олеснување на некои симптоми, таа не е трајно решение. Откако ќе помине тегобата, најдобро е да се консултирате со лекар за вистински третман. Ракијата може да биде добар сојузник но само ако ја користите со мерка и мудрост.

Здравје и убавина

Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје

Објавено пред

на

Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash
ФОТО: Unsplash.com @ Jonas Kakaroto

Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често влијаат, но има решение што може да ви помогне да се ослободите од овие тегоби. Австралискиот нутриционист Роберт Вилсон советува како да се справите со тоа.

Таа објаснува дека е многу важно да се консумира овошје кое е корисно за цревата.

– „Крушите се одличен избор, бидејќи нивните влакна и природни шеќери, како што се сорбитолот и фруктозата, помагаат за одржување на добрата работа на дигестивниот систем и спречуваат запек“, изјавува Вилсон.

Патувањето со авион често доведува до стомачни проблеми, што е последица од наглите промени во воздухот, што особено го погодува дигестивниот систем.

„Но, ова не се однесува само на проблемите со столицата. Здравиот дигестивен систем и цревата се клучни за добро чувство и повисоки нивоа на енергија. Тие помагаат на организмот да ги апсорбира хранливите материи и да изгради силен имунитет“, додава тoj.

Крушите се еден од најбогатите извори на влакна, па ако редовно ги јадете додека сте на одмор, вашите црева ќе ви бидат благодарни.

/taratur

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како полесно да ја издржите диетата за слабеење

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ i yunmai

Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден „слободен ден“ во неделата кога можеме да изедеме нешто што инаку е забрането, значително се зголемува веројатноста да се остане доследен на режимот.

Во истражувањето биле вклучени две групи луѓе кои имале цел да ослабат: првата група секој ден консумирала по 1.500 калории, додека втората шест дена во неделата јадела по 1.300 калории, а седмиот ден добивала дозвола да внесе околу 2.700 калории.

Резултатите покажале дека учесниците од првата група побрзо ја губеле мотивацијата. Кај втората група, пак, сознанието дека имаат „награден ден“ делувало мотивирачки, па поретко се откажувале од диетата.

Интересно е што и покрај разликите во пристапот, двете групи забележале слично намалување на телесната тежина.

Извор: taratur

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Somnox Sleep

Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.

Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.

Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.

Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.

Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.

/таратур

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за четврток (11 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Размислувате да започнете нова работа во која би ги уклучиле и некои...

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили19 часа

Германија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година

Германија во 2026 година ќе забележи значителен раст на електричната мобилност. Според проценките на Националното здружение на автомобилската индустрија (VDA),...

Фото: Gurth Bramall @ unsplash Фото: Gurth Bramall @ unsplash
Lifestyle19 часа

Зошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина

Веројатно ви се случило многу пати: вадите свежо измиена тава од шкаф, а под прстите повторно го чувствувате оној непријатен...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин19 часа

Samsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година

Samsung One UI 8.5 пристигнува со освежен изглед инспириран од стилот на Liquid Glass интерфејсот на Apple — со позаоблени...

Фото: Azamat E @ unsplash Фото: Azamat E @ unsplash
Магазин19 часа

YouTube го уредува фидот на почетната страница

• Пронаоѓањето видео на YouTube што навистина одговара на вашите интереси често знае да биде предизвик. Платформата го препозна ова...

Технологија20 часа

„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг

Google Maps воведува новитет кој, за почеток само на iOS, автоматски ја препознава локацијата каде што сте го оставиле автомобилот...

Македонија21 час

ОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (10 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое...

Македонија2 дена

На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!

Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари...

Македонија2 дена

Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се...

НАЈЧИТАНИ